Нови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алки
2Нови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алки
КултураКинеска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву и пијанистката Хоу ЈуанНа програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се избрани дела на Форе, Равел, Сен-Санс, Гобер, Дебиси, Енеску, Доплер, Бизе/Борне, како и дела на кинеските композитори Лу, Луон, Ванг, Тиан.Во рамки на кинеската вечер вљубениците во класичната музика вечерва на „Охридско лето“ ќе можат да уживаат во музицирањето на уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву, во пијано шридружба на маестра Хоу Јуан. Јуе Гуангхуи започнува да учи пијано на четиригодишна возраст, а на десетгодишна возраст се префрла на изучување на инструментот флејта. Во моментот сè уште е ученичка во Гимназијата за талентирани ученици при програмата на Музичкиот конзерваториум во Шангај во класата на проф. Парк Ми-Хјанг. Во 2019 година таа поминува одреден период во Франција каде се усовршува со Винсент Лукас, Мишел Морагес и со јапонскиот мајстор Казунори Сео. Во 2021 година постигнува огромни успеси на меѓународен план, победувајќи на Швајцарскиот меѓународен натпревар за млади музичари, ја понесува втората награда на Унгарскиот натпревар за млади, а победува во нејзината категорија и на Меѓународниот натпревар за млади музичари во Франција. Веи Ванг дипломира на одделот за флејта на Централниот музички конзерваториум во Пекинг. Во 2000 година се закитува со прва награда на Националниот кинески натпревар за флејтисти и потоа станува член на Кинескиот национален симфониски оркестар. Во 2002 година заминува во Франција каде ги продолжува студиите и во 2005 година победува на натпреварот „Париз Белан“, а следната година со прва награда се здобива и на Меѓународниот натпревар во Бенидорм, Шпанија. Како солист Веи Ванг е поканет да настапи во салата на УНЕСКО во Париз, а од 2013 до 2025 година редовно настапува на Мултикултурниот фестивал на УНЕСКО. Во 2014 година на прославата на 50-годишнината од дипломатските односи помеѓу Кина и Франција е поканет да настапи заедно со францускиот флејтист Максенс Ларио. Настапува на азиската вечер во рамките на Канскиот филмски фестивал, а во периодот од 2016 до 2025 година редовно настапува како солист на Интернационалниот фестивал за харфа заедно со францускиот флејтист Филип Бернол и харфистот Беноа Вери. Во 2019 година е член на жири-комисијата на првиот Меѓународен натпревар за флејтисти. Во 2023 год. тој е вклучен како композитор и солист на прославата на 35-годишнината на проектот „Патот на свилата“ на УНЕСКО, а е и уметнички директор на кинеската програма. Често е гостин предавач на конзерваториумите и универзитетите во Кина, меѓу кои Централниот конзерваториум, како и оние во Шингаи и Шанжи. Од 2019 година е професор на Академијата „Рахмањинов“ во Париз, а одржува и бројни мајсторски курсеви по флејта. Аи Ву е лирска мецосопранистка која живее и работи во Франција. Дипломира и магистрира на Шангајскиот конзерваториум, а потоа со највисоки оценки се здобива со висока диплома од Високата школа за музика на Парискиот конзерваториум каде студира во класата на проф. Изабел Грасизанц. Добитничка е на бројни меѓународни награди и признанија кои ги вклучуваат првата награда на Интернационалниот натпревар за пејачи во Париз, Францускиот натпревар за барокна вокална музика, натпреварот во Безие, како и на Натпреварот за француска уметничка соло вокална музика. Широкиот репертоар на оваа артистка се протега од барокниот период, па сè до оперите на Моцарт, Росини и Штраус. Настапувала во оперите во Марсеј, Авињон, Тулон, Ница, Сан-Етјен, Лион, како и во театарот во Кан. Во 2010 година Аи Ву е поканета да настапи на фестивалот во Клермон-Феран каде тогашниот француски претседател ѝ доделува трофеј за нејзините уметнички достигнувања. Следната година ја толкува улогата на Сузуки во „Мадам Батерфлај“ на турнеја низ Франција со Парискиот симфониски оркестар, продукција за која добива одлични критики за нејзиното емотивно толкување на улогата. Во последните години Аи Ву се посветува на делата од барокниот репертоар, често настапувајќи со ансамблот „Матеус“. Заедно со Жан-Марк Гужон го основаат камерниот ансамбл „Лили“. Забележителни се и нејзините соработки со светски познатиот диригент Мухаи Танг со кој настапува на повеќе сцени во Кина. Во 2024 година настапува со францускиот ансамбл „Епик барок“ на уметничкиот фестивал во Шангај, а потоа и на кинеската турнеја како дел на која се одржуваат бројни мајсторски курсеви на повеќе конзерваториуми и универзитети низ Кина. Посветена на педагошката работа, Аи Ву е професор на Конзерваториумот во Брест, Франција, често е гостин предавач на неколку кинески универзитети и е почесен професор на Универзитетот за уметности во Гуанжи. Забележителна е нејзината работа за продлабочување на културните врски помеѓу Франција и Кина. Дејствува како претседател на Француското здружение за меѓународна културна размена и го организира Меѓународниот натпревар за пијанисти во Брест. Хоу Јуан започнува да учи пијано во 1986 година најпрво со Џиа-Ронг Тиан, а потоа со Јиминг Пан. Од 1990 до 1996 година учи во Гимназијата за талентирани ученици при Централниот музички конзерваториум под менторство на Шининг Жанг. Во 2002 година заминува во Франција, каде студира со француските пијанисти и педагози Франсоа Буфе и Винсен Кок. Во 2004 година победува на натпреварот за пијанисти во Париз, а во 2008 година ја дели првата награда на Натпреварот за камерна музика „Леополд Белан“. Како камерен музичар, Хоу Јуан е поканета да настапува на Фестивалот за уметности на УНЕСКО, во 2015 година настапува на Филмскиот фестивал во Кан, на фестивалот „Бели ноќи“ во Париз, како и на 35-годишнината од проектот на УНЕСКO „Патот на свилата“ во 2023 година. На програмата на вечерашниот концерт во „Света Софија“ се избрани дела на Форе, Равел, Сен-Санс, Гобер, Дебиси, Енеску, Доплер, Бизе/Борне, како и дела на кинеските композитори Лу, Луон, Ванг, Тиан.Тагови: Охридско лето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаНови обвинувања меѓу власта и опозицијата за случајот со Алта банкаВо новиот Кривичен законик кој веќе е објавен на ЕНЕР и испратен на мислење во Брисел, ќе има и посебно кривично дело за загрозување на стабилноста на банкарскиот систем. Според предложеното решение, кривично ќе одговара тој што, злоупотребувајќи го своето влијание, службената или општествената положба и углед, преку лажни изјави или исправи ќе пласира неточни информации во јавноста, а со тоа ќе ја загрози стабилноста на банкарскиот систем до степен што ќе наложи преземање законски мерки за нејзино одржување. За ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години. Премиерот Мицкоски вели дека одредбата е додадена по актулените случувања поврзани со Алта банка, но и претходните слични искуства. -За банкарскиот тоа е дел којшто е додаден како резултат на искуството кое сега го гледаме а тоа е искуството со Стопанска Банка Битола, Алта Банка. Гледаме како на отворена сцена имаме обид да се опструира изнаоѓање на решение од одредена политичка структура и тоа да помине неказнето и ладно. И тоа не е прв пат. Ако се навратите назад во 2016/17 година тогаш заменскиот заменик министер во техничката влада за финансии испраќаше писма во светот на начин кој ја опструираше тогашната емисија на еврообврзница. И мислам дека е ова една добра форма за понатаму да не се случува за никој политичар ваква тема да злоупотребува за политички поени,- Христијан Мицкоски – Претседател на Влада. Иако во сегашниот КЗ нема вакво конретно дело, од НБРМ пред неколку дена поднеле две пријави до скопското обвинителство против раководството на СДСМ за наводите што ги изнесуваа на прес конферецнии во врска со Алта банка.. Од обвинителството брифираат дека во пријавите не се наведени конкретни кривични дела, но наводите во нив ќе бидат проверени. Од друга страна, кривична пријава против гувернерот Славески поднесе и СДСМ. Од таму денеска побараа обвинителството да не чека и додека ја разгледува пријавата да преземе итни мерки на претпазливост вклучително и привремена забрана за вршење на должноста на гувернерот. -Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески. Да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Славески јавно призна дека одлуката за Алта бака ја донел во консултации со Мицкоски. Затоа СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот Трајко Славески и против сите инволвирани во внесувањето на Алта банка во Македонија,- изјави – Јон Фрчкоски – Член на ИО на СДСМ. Државниот обвинител Ненад Савески синоќа во тв интервју порача дека Обвинителството ќе постапува по сите кривични пријави поврзани со Алта банка, без разлика кој ги поднесува и против кого се поднесени. Тој вели дека секоја пријава ќе биде распределена кај надлежен обвинител, кој треба да ги провери наводите, да ги истражи и да собере докази, нагласувајќи дека самото поднесување пријава не значи автоматски и основ за кривично гонење. Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаНови законски измени: Полицијата ќе може веднаш да го отстрани насилникот од домот, воведени и електронски алкиИтно отстранување од домот на 48 часа на насилникот од страна на полициски службеник, дури и ако е сопственик на истиот, и алка која ќе ги алармира жртвата и полицијата за негово повторно приближување.Итно отстранување од домот на 48 часа на насилникот од страна на полициски службеник, дури и ако е сопственик на истиот, и алка која ќе ги алармира жртвата и полицијата за негово повторно приближување – се меѓу најрадикалните и клучните предложени измени на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство кој од август е во Собраниска процедура. Тој е предложен од група пратенички од владејчаките партии, а поддршка има и од МВР. -Еден од радикалните исчекори, ако полицаецот утврди дека станува збор за сериозен ризик по жртвата, може да донесе итна мерка и да го отстрани насилникот од домот, дури и ако домот е во негова сопственост. Во рок од шест часа треба да биде доставена мерката во писмена форма, потоа судот ќе одлучува дали мерката ќе ја продолжи до 30 дена или ќе ја прекине. – - Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи. Кажа Тошковски на брифингот на кој беа споделени податоци во однос на пријавите на семејно насилство. Во 10те месеци од 2026 година биле пријавени речиси 1900 случаи на семејно насилство, односно зголемување за 70% во однос на лани. Според министерот, ваквиот тренд е и поради охрабрувањето на жртвите се почесто да пријават, наместо да молчат и да трпат. Најчести жртви биле жените, напаѓани од брачни или вонбрачни партнери. Законските измени се поднесени на крајот на август, а претседателката на комисијата за еднакви можности – Жаклина Пешевска, уверува дека во завршна фаза се сите консултации за законското решение и дека процедурата ќе продолжи во догледно време. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Да живее слободно СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, пред Споменикот на ослободителите на Скопје и споменикот на генерал Михајло Апостолски, им оддаде почит на хероите што го дадоа најскапоценото за нашиот град да живее.- На 13 Ноември стоиме исправени пред историјата и длабоко се поклонуваме пред оние што ни ја подарија слободата. На луѓето чија храброст беше посилна од стравот, а љубовта кон татковината поголема од грижата за сопствениот живот. Пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје ја извојува својата слобода. По тешките борби, по страдањата и неизвесноста, нашиот град ја дочека победата над фашистичкиот окупатор. Секоја негова улица носи дел од тоа паметење. Секое име врежано на спомениците носи приказна за еден живот, една младост, еден сон прекинат за да можат да живеат соништата на генерациите по нив. Нивната жртва засекогаш е вградена во темелите на слободно Скопје. Наша должност е да ја чуваме од заборав и да ги учиме нашите деца колку скапо е платено правото да живеат слободно. Антифашистичката борба ни остави завет да стоиме исправени пред неправдата, да го браниме човечкото достоинство и да ја чуваме силата на заедништвото. Тоа е духот на Скопје. Градот што и во најтешките мигови знаел да се издигне, да подаде рака и да покаже дека солидарноста е посилна од секоја поделба – рече Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека денес наша обврска е тој завет да се преточи во дела и да создаваме град на ред, чистота и сигурност. - Скопје во кое нашите деца ќе сакаат да останат, да создаваат и да ја градат својата иднина. Со таа мисла работам секој ден. Пред една година затекнавме закочени проекти и наталожени проблеми. Денес, промените се гледаат, големите проекти се движат кон завршницата, а со секој нов парк, мост и обновена улица градиме подобри услови за скопјани. Круна на мојот мандат ќе биде првата подземна сообраќајница, дело што ќе им служи и на генерациите по нас.Нашите ослободители го исполнија својот завет со храброст и со жртва. Нашиот мора да го исполниме со одговорност и со дела. Да бидеме достојни за слободата што ни ја оставија. Да изградиме Скопје достојно за генерациите што доаѓаат. Нека е вечна славата на ослободителите. Нека ни е честит 13 Ноември. Да живее слободно Скопје. Да живее Македонија – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Орце Ѓорѓиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20