ЗдравјеКинеска студија:Во Вухан имало десет пати повеќе заразени со коронавирусот Според студијата на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), скоро половина милион луѓе во Вухан веројатно биле заразени со ковид-19, скоро 10 пати повеќе од официјалната бројка.За време на студијата, научниците анализирале 34.000 жители на Вухан, оригиналниот епицентар на пандемијата, други градови во провинцијата Хубеи; како што се Пекинг, Шангај и провинциите Гуангдонг, Џиангсу, Сечуан и Лиаонинг за да се процени стапката на инфекција со ковид-19 во тие области. Тие откриле стапка на преваленца на антитела кон ковид-19 кај 4,43% од граѓаните на Вухан, метропола со 11 милиони луѓе. Досега, во тој град официјално се потврдени 50.354 случаи на инфекција со ковид-19, но серолошките тестови покажуваат дека близу 500.000 биле веројатно заразени со коронавирус. Стапката на преваленца надвор од Вухан е значително помала, покажала студијата. Во другите градови во провинцијата Хубеи, антителата кон коронавирус се пронајдени само кај 0,44% од испитаниците, пишува Си-Ен-Ен. Јанжонг Хуанг, виш соработник во Советот за надворешни работи, изјави дека студијата покажува дека не биле пријавени сите инфекции за време на врвот на пандемијата во Вухан; делумно поради хаосот во здравствената заштита во тоа време, но делумно поради неможноста да се регистрираат асимптоматски случаи. Во текот на јануари и февруари, болниците во Вухан биле преплавени со пациенти со висока температура. Но, во тоа време, болниците немале работна сила, опрема за тестирање и медицински материјали за дијагностицирање и лекување. Затоа, на многу пациенти им било кажано да одат дома во самоизолација. Некои од нив ги заразиле другите членови на семејството, додека други дури починале дома како резултат на инфекцијата; и двата случаи не беа дел од официјалната статистика. Вухан не е единствениот град кој имал премногу малку тестови за време на првиот бран. Слична состојба е пријавена во многу здравствени системи во други земји поради недостаток на капацитет и ресурси. На пример, студија спонзорирана од Министерството за здравство на Њујорк открила дека до крајот на март, секој седми возрасен човек во Њујорк имал ковид-19, што е исто така околу 10 пати повеќе од официјалните податоци. За време на втората студија во август, научниците откриле дека повеќе од 27% од испитаните 1,5 милиони њујорчани имале антитела кон коронавирусот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНикарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 годинаМинистерството за надворешни работи на Никарагва објави дека земјата се повлекува од Централноамериканскиот парламент.Како што соопшти Министерството вчера, „остварувајќи го своето суверено право“, Никарагва одлучи да го раскине договорот од 1987 година со кој беше формиран парламентот за шест централноамерикански држави, одлуката стапува на сила веднаш, пренесува Ројтерс. Владата на Никарагва не одговори на барањето за коментар. Овој потег уследи еден ден откако Организацијата на американските држави (ОАД) усвои резолуција со која се повикуваат властите во Никарагва да ги ослободат политичките затвореници и да ги вратат граѓанските слободи. Никарагва ја напушти ОАД во 2023 година, тврдејќи дека оваа дипломатска организација станала инструмент на интервенционизмот на САД. Земјата, исто така, во 2025 година објави дека ќе се повлече од Советот за човекови права на ОН, по извештајот на Обединетите нации во кој меѓународната заедница се повикува да реагира на кршењето на човековите права во земјата. Политичка криза во Никарагва Никарагва се наоѓа во состојба на политичка криза од април 2018 година, кога полициските сили ги задушија масовните протести, притоа загинаа повеќе од 350 луѓе, околу 2.000 беа повредени, а илјадници беа уапсени или избегаа од земјата. Владата на Никарагва, предводена од претседателот Даниел Ортега и неговата сопруга Росарио Муриљо, минатиот јули објави дека земјата повеќе нема да одржува избори. Ортега е на власт во континуитет од 2007 година, откако претходно ја извршуваше функцијата претседател во 80-тите години на минатиот век. Извор: Б92Тагови: Никарагва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп именуваше пратеник за затворениците: „Тој врати 65 Американци од Белорусија“Американскиот претседател Доналд Трамп денеска објави дека адвокатот и актуелен пратеник за Белорусија, Џон Коул, ќе биде негов специјален претседателски пратеник за прашања поврзани со затвореници.Белорускиот претседател Александар Лукашенко минатиот месец помилува 15 затвореници по разговорите со Коул, кој повеќе од една година преговара со Минск. „Во текот на изминатата година, Џон веќе обезбеди враќање на повеќе од 65 Американци и државјани на сојузнички земји од Белорусија и договори ослободување на повеќе од 800 политички затвореници од неколку источноевропски земји“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Truth Social“. Коул ќе го замени Адам Болер, за кого Трамп рече дека вратил 196 заложници. Болер, кој во август помогна да се обезбеди ослободување на поранешен американски маринец од Русија, ќе продолжи да помага околу други прашања како виш советник, додаде Трамп.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСерафимовски: Како министерство сериозно сме засегнати за решавање на проблемитеМинистерството за земјоделство, шумарство и водостопанство сериозно е засегнато за решавање на проблемите во делот на пласманот, производството и цената на оризот, порачал ресорниот министер Борче Серафимовски.Тој денеска во Горни Подлог присуствувал на традиционалното зажетнување со срп на 35. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook