Кинеска компанија работи на батерија, што ќе трае 50 години- телефоните веќе нема да се полнат? - Канал 5

Кинеска компанија работи на батерија, што ќе трае 50 години- телефоните веќе нема да се полнат?

Кинеската компанија Betavolt Technology најави развој на нуклеарна батерија за паметни телефони која ветува револуционерен животен век од 50 години.

Кинеска компанија работи на батерија, што ќе трае 50 години- телефоните веќе нема да се полнат?

Овој развој, кој може да значи крај на честото полнење на уредот, се заснова на технологија слична на онаа што се користи во вселенските летала и медицинските пејсмејкери.

Betavolt Technology успеа да го интегрира нуклеарниот изотоп 63 во исклучително мал модул, наречен BV100, кој има капацитет да генерира 100 микровати електрична енергија. Оваа батерија, со димензии 15 x 15 x 5mm и со напон од 3V, може да се поврзе во серија за уреди кои бараат поголема потрошувачка на енергија, пишува The Independent.

Спротивно на верувањето, една од клучните предности на оваа технологија е безбедноста. Бетаволт ја разви батеријата користејќи дијамантски полупроводнички слој и изотоп на никел што се распаѓа, со што се избегнува употребата на плутониум, кој носи поголем ризик. Компанијата тврди дека нивната батерија не испушта зрачење и не содржи токсични елементи, што ја прави безбедна за употреба во електрониката за широка потрошувачка. Батеријата е дизајнирана и да работи при екстремни температури, што дополнително ја потврдува нејзината погодност.

Во моментов, овие нуклеарни батерии се во фаза на тестирање, а Betavolt Technology работи на нивна понатамошна оптимизација за масовно производство. Сè уште нема официјална потврда кога овие батерии ќе бидат достапни на пазарот, но иновацијата ја отвора вратата за потенцијални промени во начинот на кој ги користиме и полниме нашите паметни телефони во иднина.

Оваа технологија, доколку успешно се имплементира, би можела значително да влијае на индустријата за паметни телефони, дозволувајќи им на корисниците да имаат уреди со подолг век на траење на батеријата, што би ја намалило потребата за чести замени на уредите и би допринело за одржливост и еколошка свест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција

Се повеќе туристи, но не и подолг престој. Во септември земјава ја посетиле над 136.000 туристи, што е за 2,5% повеќе во споредба со период месец лани. 

Се повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција

На кумулативно ниво, во првите девет месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 3%. Сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека туристите во просек се задржуваат околу 2,5 ноќевања, додека во септември просекот е помал и од две ноќевања. Според професорот и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, овие податоци покажуваат дека Македонија станува дестинација за транзитни и кружни патувања. Според него, потребно е поголемо внимание на постојните, но и создавање нови туристички атракции, повеќе чартер-летови и поголема понуда на пакет-аранжмани за престој во земјава.

-Ние стануваме сè повеќе дестинација за кружни патувања и задржувањето на туристите е многу помало. Сметам дека ни се потребни дополнителни авионски линии, зголемување на обемот на странски туроператори коишто ќе оперираат во нашите туристички места со зголемена сезоналност, од мај до октомври. Поголем број на чартери и исто така пакет-аранжмани со останување 5 до 7 денови во дестинацијата,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам.

Но, предизвикот не е само како да се задржат туристите подолго, туку и како да се привлечат надвор од летната сезона. И минатата зимска сезиба бројот на туристи во периодот од декември до февруари бил зголемен за околу 6,5 проценти, но сепак бројот на ноќевањата се намалил за 1,5 проценти. Јаневски смета дека градовите треба навреме да подготват новогодишни програми и промоцијата да ја насочат кон туристите од регионот. Посочува дека не е доволно гостите да ја поминат новогодишната ноќ во Охрид или Скопје, а веќе следниот ден да заминат. Целта треба да биде развој на понуда што ќе ги мотивира да останат три до четири дена, преку градски, конгресен и друг вид туризам.

- Сметам дека повеќе треба да се работи на конгресниот туризам, повеќе да се работи на сити-брејк дестинацијата за три до четири ноќевања. Исто така, поголем фокус треба да биде за стимулирање, реинвестирање во дестинацијата и исто така развивање и зајакнување на домашните туроператори коишто треба да бидат носители на аранжманите, а не само извршители, односно не локални DMC-ја во самата дестинација,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам.

Според податоците на ДЗС, во септември најмногубројни биле туристите од Турција, од каде пристигнале речиси 28 илјади гости. По нив следуваат туристите од Србија со над 8.300, Германија со над 6.600 и Полска со околу 4.700 туристи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Снопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ

Она што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.

Снопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ

На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата.

Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието.

Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право!

Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Едногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда

Уште едно дете на возраст од околу една година е сомнително на морбили, и иако има делумна потврда дека е заразедно со мали сипаници, сепак се очекуваат резултатите од целосна лабораториска анализа, велат од ИЈЗ.

Едногодишно дете сомнително на морбили – се чекаат резултатите за потврда

Олеснителна околност за помал ризик од епидемија во последниот шести случај е тоа што детето не одело во градинка, а според првичните епидемиолошки анализи имало контакт со роднини од Косово каде што инаку има епидемија на мали сипаници.

Министерот Сашо Клековски потенцира дека присилни мерки за имунизација во Македонија нема, а засега нема ни жариште за можна епидемија. Градинките не смеат да забрануваат прием на деца бидејќи таква мерка од здравство не постои, кажа Клековски, но сепак, апелира на свеста на родителите, иако деновиве има поголем одзив за вакцинирање со МРП.

Додека се бројат ризиците за можна епидемија на мали сипаници, властите тврдат дека детално се прегледуваат сите случаи на воспаление на коски кај дечињата со цел да се утврди дали и кај нас има сомнежи за зголемен број на остеомиелит како во Хрватска, откако и во Македонија целосно се стопира вакцинацијата со БСЖ во родилиштата.

Таа ќе продолжи со нови вакцини од Јапонија кои се набавуваат преку УНИЦЕФ што ќе ги заменат бугарските, но кога ќе пристигнат во земјава, засега не се знае.

Во однос на вакцинацијата против грип, пак допрва треба да пристигне втората тура од 26.000 вакцини кои сега се во Словенија, а од Министерството уверуваат дека наскоро ќе се повикуваат граѓани што сакаат да се имунизираат но не спаѓаат во ризичните групи. Се очекува годинава на располагање да има 85000 вакцини против грип.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер