Кинематографот Пиер Лом, добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“ - Канал 5

Кинематографот Пиер Лом, добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“

Светски познатиот француски кинематограф Пиер Лом е добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на 38.издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, што ќе се одржи од 23 до 30 септември во Битола.

Кинематографот Пиер Лом, добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на ИФФК „Браќа Манаки“


Ова денеска на прес-конференција го истакна директорот на Фестивалот, Благоја Куновски - Доре, кој рече дека богатиот опус на Лом со повеќе од 100 филмови, околу 60 целовечерни играни, документарни и кратки, го карактеризираат разновидни визуелни, кинестетски и жанровски изрази. Посочи дека еден од најдобрите снимени филмови на Лом е „Сирано од Бержерак“ (1990).

Лом освоил значајни филмски награди: Бафта, наградата на Британската филмска академија, францускиот Сезар за најдобар кинематографер...
- Публиката е таа која е нашиот таргет и водиме сметка да ги задоволиме потребите на верните гледачи, рече Куновски - Доре.
Додаде дека програмата на Фестивалот ќе биде соопштена на прес-конференција во Битола.
Директорот на Друштвото на филмски работници на Македонија, Роберт Насков рече дека одлучиле наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ да ја доделат на институцијата Вардар филм во годината кога слави 70 години од нејзиното основање.

- На овој начин ние филмските работници сакаме да се заблагодариме и да им оддадеме почит на сите оние кои биле вработени во оваа најзначајна институција, сите кои биле анагажирани преку Вардар филм и работеле на сите филмски проекти и придонеле за развојот на македонскиот филм, истакна Насков.
На прес-конференцијата се обрати и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние, кој посочи дека бил пријатно изненаден дека големиот лауреат за годинава е Пиер Лом, директор на фотографија и сценарист, кој има снимано со најпознати француски и европски режисери.
Тој изрази задоволство што се посветува големо внимание на францускиот филм.

На прес-конференцијата беше соопштено дека за добитниците на наградите Златна, Сребрена и Бронзена камера 300 на 38. ИФФК „Браќа Манаки“ ќе одлучува меѓународно жири во состав: Пол Рене, Ростад, кинематографер од Норвешка, претседател, и италијанските кинематографери Лука Коасин и Јани - Петери Паси, македонскиот режисер и сценарист Даријан Пејовски и босанскиот кинематографер Ерол Зубчевиќ, членови.
На прес-конференцијата присуствуваше и директорот на Агенцијата за филм на Република Македонија, Горан Тозија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и СДСМ упатени кон претседателот Максим Димитриевски.

ЗНАМ: Нема пазарење со македонскиот јазик, нема отстапки без реципроцитет – патриотизмот се докажува со дела, а не со навреди!

Кога нема аргументи за суштината на прашањата, очигледно остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. Квалификацијата „патриот на батерии“ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски.

Во 2017 година, пред локалните избори, Димитриевски се откажа од пратеничкиот мандат и без политички калкулации влезе во изборната битка за градоначалник на Куманово. Не си остави резервна позиција во Собранието доколку ги изгуби изборите.

Наспроти тоа, дел од тогашното раководство на СДСМ, кандидати за градоначалници, ги задржаа пратеничките мандати како сигурна алтернатива.

Токму тука е разликата во политичкиот пристап и одговорноста.

Патриотизмот не се мери со навреди, туку со одлуки, постапки и преземена одговорност.

Нашиот став за правосудниот испит е јасен: тој треба да се полага на македонски јазик, согласно Уставот и законите. Македонскиот јазик не е предмет на политички пазарења и коалициски калкулации.

ЗНАМ е подготвен за разговори со владините партнери, но нема да отстапи од своите принципи.

Истиот принцип го застапуваме и во однос на евроинтеграциите. Македонија сака членство во Европската Унија, но не прифаќа постојани еднострани отстапки кон Бугарија без реципроцитет. Нашиот предлог за одложено дејство на уставните измени останува на маса.

Очекуваме почитување на правата на Македонците во Бугарија и спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Во однос на обвинувањата на СДСМ за наводни средби, лобирања и поврзаност со Алта банка, бараме да се соопштат конкретни докази, факти и документи.

Доколку постојат докази за незаконско постапување, надлежните институции треба да постапат.

Сериозни обвинувања не смеат да бидат средство за дневнополитичка пресметка.

ЗНАМ не отвора прашања за македонскиот јазик за да му обезбеди алиби на кого било, туку затоа што тоа е прашање од суштинско значење за државата.

А што се однесува до наводниот пад на рејтингот на ЗНАМ, потсетуваме дека во 2024 година, кога дел од аналитичарите ни предвидуваа поддршка од околу 1 процент, граѓаните ни дадоа 56.232 гласа, 5,59 проценти и шест пратенички мандати.

Тоа се официјални изборни резултати, а не нечии проценки.

Според интерната анкета на Движењето ЗНАМ, актуелната поддршка за партијата е над 4,5 проценти, што одговара на приближно 50.000 до 55.000 гласови доколку изборите би се одржале денес.

ЗНАМ нема да ги менува своите принципи според дневнополитичките потреби, нема да тргува со македонскиот јазик и нема да прифаќа еднострани отстапки без реципроцитет.

Македонија не е предмет на политички пазар. Таа е наша одговорност и обврска.

Патриотизмот се докажува со дела, со став и со подготвеност да се преземе одговорност за државните интереси.

Центар за комуникации и аналитика

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг.

Пакистански астронаут ќе биде првиот странец на кинеската вселенска станица

Пакистански астронаут ќе се придружи на кинеската вселенска станица како прв странец за време на овогодишната мисија Шенжоу-24, како дел од билатералната соработка во рамките на иницијативата „Појас и пат“ на Пекинг, објавија кинеските државни медиуми во саботата.

Првиот странски посетител на вселенската станица ќе учествува во мисијата како специјалист за товар, објави CCTV, повикувајќи се на Кинеската агенција за вселенски летови со екипаж.

Идентитетот е непознат

Кина не го откри идентитетот на астронаутите, но функционер во вселенската агенција на Пакистан изјави за Ројтерс во септември дека пилотите Зишан Али и Курам Дауд поминале месеци обука во Кинескиот центар за истражување и обука на астронаути во Пекинг, подготвувајќи се за мисијата.

Пекинг сè уште не го објавил датумот на мисијата.

Историското значење на летот

CCTV известува дека астронаутот, по завршувањето на краткорочниот лет во орбитата, ќе се врати на Земјата со вселенското летало Шенжоу-23.

Ова е првиот заеднички вселенски лет во кој учествуваат кинески и странски астронаути во историјата на кинеската програма за вселенски летови со екипаж, и сè се одвива во рамките на „вселенската дипломатија“ на Пекинг.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници

Последните средби на терен ги посветивме на разговори со жителите на овие две населени места, нивните потреби, предлози и конкретни иницијативи за подобрување на секојдневното живеење. 

Јанчев: Со Дреново и Возарци ги заокружуваме средбите со граѓаните во урбаните и месните заедници

Со завршувањето на посетите, добиваме јасна слика за приоритетите во сите урбани и месни заедници, кои ќе бидат земени предвид при креирањето на Програмата за работа за 2027 година.

Нашата определба останува иста – развој со јасна визија, конкретни планови и еднаков пристап кон секое населено место.

Кавадарци го градиме заедно, со граѓаните и за граѓаните, објави на ФБ градоначалникот на кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер