ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
1Кои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?
КултураКинематограферот оскаровец Виторио Стораро ќе го снима филмот „Мајсторот“Трикратниот оскаровец Виторио Стораро ќе биде директор на фотографија на филмот „Мајсторот“ по сценарио на Љупчо Тодоровски - Упа и режија на Иво Трајков. Почетокот на снимањето се очекува во септември, по потврдувањето на сите копродукциски партнери, заокружување на буџетот и комплетирањето на меѓународната екипа, во која ќе бидат и водечки македонски актери.Потписникот на педесетина филмски наслови, и награден со оскар за „Апокалипса сега" на Копола, „Црвени" на Ворен Бити и за „Последниот император" на Бертолучи, со кого имал долга соработка, деновиве е во Македонија заради подготовки на новиот филмски проект. Седумдесет и четиригодишниот Стораро не е првпат во Македонија. Во 2005 ја доби „Златната камера 300“ за животно дело на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. По средбата во Министерството за култура, светски познатиот кинематографер од Рим рече дека „Мајсторот“ нема да раскажува само македонска приказна, туку во себе носи универзални вредности. - Се работи за основен концепт на рамноправност меѓу луѓето и религиите. Јас, секако, ќе се обидам да го обработам мојот дел - преку слика да и ја пренесам на публиката таквата визија и таквиот концепт. Освен што филмот ќе ги истакнува националните вредности на Македонија, значајно е што универзалниот концепт во Македонија стапил во сила пред 200 години. Значаен чекор е и соработката и соединувањето на две култури, на Македонија и Италија. Верувам дека на цивилизациско ниво не можеме сами да пораснеме, растеме заедно, а филмот е сон кој заедно се сонува, истакна Стораро. Режисерот Трајков рече дека со учеството на мајстор како Стораро во овој проект, направен е огромен чекор поблиску до исклучителен и квалитетен резултат. - Да живеевме во друго време, тогаш соработката со Виторио ќе беше како соработка со Караваџо, рече Трајков. Соработката била договорена кога сценаристот и продуцент Упа го поканил Стораро пишувајќи му краток мејл.- Бев доволно храбар и луд дека големите уметници се, пред се, луѓе, кои може да препознаат една универзална идеја, рече Упа. Зборувајќи за филмот, посочи дека тој се занимава со македонскиот национален идентитет со порака дека светот се освојува прво од својот двор и дека мотото е „наведната глава сабја ја сече“ - спротивно на она што го кажува поговорката. - Се исправа историска неправда, се отфрла начинот на мислење за Македонците како за инфериорни. Ова е приказна за личната драма на голем уметник во битни историски настани и спротивставени околности, за најголемиот црквоградител на Балканот, за мајсторот, кој решава првпат во историјата на својот народ да го поткрене подот на христијанската црква на ниво на земјата и симболично да покаже дека сме еднакви со сите други, а посебно со муслиманската религија. Тоа е филм за еден татко кој учејќи го својот син што е вредно за живеење и следејќи го своето кредо, доаѓа во невозможна ситуација - да го претвори во живот она што го проповеда, рече Тодоровски-Упа. Соопшти и дека покрај познати македонски актери, во меѓународната актерска екипа ќе бидат и водечки турски актери и многу познат бугарски актер. За прифаќањето на поканата за учество во филмот, на Стораро му се заблагодари министерката за култура Елизабета Канчекса-Милевска која заедно со сценаристот и режисерот го прими во својот кабинет. - Виторио Стораро е едно од најзначајните имиња во историјата на филмот и светската кинематографија, кој работел со познати светски режисери. На наше огромно задоволство тој е деновиве во Македонија и сакам лично да му се заблагодарам за неговите позитивни зборови кои ги кажа за сценариото на филмот „Мајсторот“. Се надевам на голем успех на филмот, рече Канческа-Милевска. На средбата таа го запознала Стораро со плодната продукција во македонската кинематографија, со измените на Законот за филмска дејност и олеснувањата за странските продуценти што ќе снимаат во Македонија. Подвлече дека Македонија и Италија имаат блиски и пријателски врски во културата, потсетувајќи дека лани во нашата земја се одржа италијанскиот фестивал за деца „Џифони“. Амбасадорот на Италија Ернесто Масимо Белели, исто така, рече дека соработката меѓу двете земји во културата е одлична и официјализирана со потпишаните договори. - Ова нема да биде само копродукција, туку едно соединување помеѓу италијанското ноухау и македонскиот филмски сектор. Македонија и Италија се блиски земји, тесно соработуваат, и сигурен сум дека интелектуалниот гениј на двете нации ќе даде одлични плодови, рече италијанскиот амбасадор. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКои се елитните севернокорејски хакери што ја извршија најголемата кражба на криптовалути во историјата?Две водечки фирми специјализирани за анализа на технологија поврзана со криптовалути објавија дека поседуваат цврсти докази што го поврзуваат хакерскиот напад врз Binance, во кој беа украдени 6,3 милијарди долари, со група поддржана од Северна Кореја.Како што пренесува BBC, TRM Labs и Chainalysis – со висок степен на сигурност – ја идентификуваа групата „Лазарус“ (севернокорејски хакерски колектив, познат и како TraderTraitor) како најверојатен извршител на нападот врз најголемата берза за криптовалути во светот. Овој напад далеку го надминува претходниот рекорден грабеж – инцидент од 2025 година поврзан со берзата Bybit, при што беа украдени 1,5 милијарди долари. Овој инцидент е најновиот во низата напади поврзани со Северна Кореја – една од најсиромашните земји во светот, каде што пристапот до интернет е строго ограничен. Експертите ја обвинуваат владата на Ким Џонг Ун дека се потпира на сајбер-криминал за финансирање на државата – обвинување што Пјонгјанг долго време го негира. Според извештаите, земјата систематски ги развива своите сајбер-операции. За таа цел, таа регрутира елитни студенти и ги насочува кон хакерски групи што се под надзор на севернокорејската разузнавачка служба. Анализите на технолошките компании покажуваат дека дел од овие операции се одвиваат во соседна Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Ангел на ВС како „подарок“Најсекси ангелот на Викторија Сикрет, Кендис Свонпул уште еднаш ја покажа харизмата на вистинска заводничка. Нејзината најнова модна кампања маѓепса многумина.Супермоделот Кендис Свонпул е заштитното лице на најновата новогодишна колекција на брендот „Викторијас сикрет“. По спектакуларниот настап на неодамнешната модна ревија на брендот, не е изненадувачки што таа сега е во центарот на нивната нова модна кампања. Кендис гордо позира во атрактивни модни парчиња – поточно, долна облека од тантела во електрично сина боја, која совршено ја истакнува нејзината прекрасна фигура. Изгледот го заокружи со дијамантски ѓердан околу вратот, како и со високи потпетици што ги нагласуваа нејзините витки нозе. За да ја долови новогодишната магија, една од најпознатите манекенки во светот позираше покрај огромни подароци, украсени со ленти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЗабаваПознати фудбалер го освои срцето на фатална кантри пејачкаФудбалерот на Милан, Американецот со потекло од балканот Кристијан Пулишиќ има нова девјка, мегапопуларната канти пејачка Меган Морони.Љубовните животи на познатите спортисти и нивните партнерки повторно се во центарот на вниманието, а две убавици од светот на шоу-бизнисот веќе се шегуваат дека припаѓаат на новата генерација на таканаречени „WAG“ девојки. За време на гала-настанот „Time100“ во Њујорк, 29-годишната кантри-пејачка Меган Морони се сретна со својата пријателка Еиза Гонзалез. Двете ѕвезди разговараа за своите партнери за време на настанот. Гонзалез е во врска со тенисерот Григор Димитров најмалку од април 2025 година, додека новата романса на Меган Морони со фудбалската ѕвезда Кристијан Пулишиќ (28) неодамна стана предмет на јавен интерес. „Ние сме новата генерација девојки на познати спортисти“, се пошегува Гонзалез во разговор со Меган. Само една недела претходно, фановите со остро око забележаа значаен детал дека пејачката на „6 Months Later“ и фудбалерот се во врска. Меган потоа се појави на модната ревија на „Victoria's Secret“ за 2026 година и беше фотографирана со телефон во раката, на чиј екран можеше да се види фотографија во позадина. На фотографијата, Меган изгледаше како да е прегрната со ѕвездата на американската фудбалска репрезентација. Уште во јули, Меган наводно била видена со Пулишиќ во бар во Нешвил, додека пак, профил на обожавател посветен на фудбалерот објавил фотографија од него на нејзиниот концерт на Флорида, заедно со неговиот братучед, пренесува „Пипл“ (People).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter