Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
1Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часот
ТехнологијаКина започна прва мисија за собирање примероци од астероид (ВИДЕО)Кина ја започна својата прва мисија за собирање примероци од близок астероид во вторник со ноќно лансирање на вселенскиот брод „Тјанвен-2“.Лансирањето на роботската сонда би можело да ја направи Кина трета земја на ваква мисија што успешно ќе извади недопрени карпи од астероид, соопшти агенцијата, објави Ројтерс. Кинеската ракета „Лонг марш 3Б“ беше лансирана околу 1:31 часот по локално време од Центарот за лансирање сателити Сичанг, носејќи го вселенскиот брод „Тјанвен-2“, кој ќе се приближи до мал астероид близу Земјата, наречен 469219 Камо'оалева, некаде следната година. Тагови: мисија астероид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните на протестот во паркот „Жена борец“ од 17 часотНеформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ ги повикува граѓаните денеска да им се придружат на протестот во паркот „Жена борец“ против насилството врз жените и девојчињата.Протестот е најавен во 17 часот.„Кога институциите се глуви, да ги натераме да нè чујат! Споделете со вашите другарки, другари, сестри, браќа, мајки, татковци, баби и дедовци, колеги, колешки, целото соседство и целиот град“ порачаа организаторите на протестот. Тие порачуваат дека ова е протест на гнев и солидарност и непомирување со фактот дека насилството е секојдневие и ги повикуваат граѓаните да кажат „ниту една повеќе“.Граѓански организации бараат итни истраги за институционалното постапување во случаите на фемицид, законски измени и обезбедување средства за заштита на жртвите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКомпании поврзани со наводната кинеска шпионка финансирале 270 милиони долари за AI-опрема во КинаКомпании поврзани со наводната кинеска шпиунка Алис Хуанг која имаше афера со првиот човек на Нвидија финансирале набавка на компјутерска опрема за центри за вештачка интелигенција во Кина, покажуваат документи пишува „Ројтерс“.Според записите на Кинеската централна банка, станува збор за 764 сервери и AI-модули во вредност од 270 милиони долари, како и дополнителна опрема вредна 31 милион долари. Голем дел од опремата се наоѓа во центар за податоци во Шангај, развиен во партнерство со технолошкиот гигант „ТЕНСЕНТ“документите покажуваат дека компании поврзани со семејството и соработниците на Хуанг учествувале во финансирањето на кинеската индустрија за вештачка интелигенција. Случајот добива дополнително внимание поради истрагите дали нејзината компанија „Мегаспид“, со седиште во Сингапур, им помагала на кинески клиенти да дојдат до ограничени процесори на „Нвидиа“.Во понеделникот, американското министерство за трговија ја стави „Мегаспид“ на црната листа за трговија. Нејзината врска со извршниот директор на компанијата, Јенсен Хуанг, предизвика дополнителни проверки на деловните врски на „Нвидиа“ со Кина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банкаПретседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе присуствува на надзорната расправа посветена на „АЛТА банка“. Како што потврдија од нејзиниот кабинет за Канал 5, нејзината агенда била прилагодена да може да биде присутна на расправата, која почнува во 11 часот во Комисијата за финансирање и буџет, а потоа да се посвети на активностите За состанокот на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони в петок, чиј домаќин е таа.. Вчера од СДСМ ја прозваа Сиљановска дека по втор пат не одговорила на поканата за присуство на расправата. На првата надзорна расправа која се одржа пред две недели сведочеа Мицкоски, Славески, министерката Димитриеска-Кочоска, вицегувернери, претставници на државни органи и граѓански организации, како и јавниот обвинител Ненад Савески.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook