Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
2Голманот на Челзи Мартинез се огласи од болница: По страшниот судир, и операција тој зборуваше за победата и за тоа „чистата“ мрежа
Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
1Пациентите со ретки болести со месеци чекаат терапија – здруженијата бараат усвојување национална стратегија
ЖивотКина „загрижена“ поради повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор Кина денеска изрази „загриженост“ поради вторпат повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор.- Климатските промени се заеднички предизвик, со кој се соочува целото човештво и ниту една земја не може да остане незасегната или сама да го реши проблемот, изјави портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун. Пекинг денеска соопшти дека се надева на соработка со Вашингтон за решавање на трговските прашања, откако американскиот претседател Доналд Трамп го почна вториот мандат, при што се закани дека ќе воведе високи царини. - Кина е подготвена да го зајакне дијалогот и комуникацијата со САД. Се надеваме дека САД ќе соработуваат со Кина за заеднички да промовираат стабилност … развој на кинеско-американските економски и трговски односи, наведе Гуо.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
ЕвропаКатастрофални поплави во Шпанија- најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Најмалку две лица загинаа во поројниот дожд и поплавите што ја погодија источна Шпанија.Улиците во неколку градови се претворија во порои кои ги однесоа автомобилите, а на жителите на Валенсија и околните места властите им порачаа да останат дома и да избегнуваат патувања. Спасувачките служби ги евакуираат луѓето од поплавените куќи, вклучително и оние кои побарале засолниште на покривите. Снимките објавени од Метеоролошката служба на Валенсија покажуваат поплавени улици и моќни порои кои носат возила во градовите во провинциите Валенсија и Аликанте. „Не е можно безбедно да се патува, мора да се остане дома. Интензивните, континуирани дождови предизвикуваат големи поплави“, изјави Хуан Карлос Валдерама, шеф на цивилната заштита за регионот Валенсија. Во некои области наврнаа над 500 литри дожд на метар квадратен Според регионалните власти, повеќе од 500 литри дожд на метар квадратен наврнале од неделата навечер во некои делови на источна Шпанија. Тоа одговара на количество од повеќе од 500 милиметри врнежи, поради што улиците и патиштата брзо се најдоа под вода. „Од синоќа во некои области наврнаа повеќе од 500 литри на метар квадратен. Затоа ве молиме следете ги препораките, бидејќи многу луѓе се заробени“ и чекаат спасување, предупреди Валдерама. Итните служби од раните утрински часови интервенираат во поплавените населби. Некои жители мораа да се качат на покривите на куќите за да го избегнат надојдената вода. 🚨🚨 Spain: the Girona river has burst its banks in Els Poblets, in the Marina Alta, with water pouring through homes and cars swept along. Up the road in Pego, people are stuck on rooftops waiting for helicopters. https://t.co/vNeZ6uqXgd — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 19, 2026 Најмалку две лица загинаа Локалните власти потврдија еден смртен случај во Сагунто, град во регионот на Валенсија, во текот на ноќта од недела кон понеделник. Уште едно лице загина во Каталонија, северно од Валенсија. Според локалните пожарникари, станува збор за жена која паднала во потокот. Засега нема целосни податоци за бројот на повредени или за вкупната материјална штета. My thoughts are with those affected by the flooding in Spain and with those helping with the ongoing rescue operations. https://t.co/Czc1sdkF7y — MrBounceBack.com (@Bounce_BackLoan) October 19, 2026 Шпанскиот премиер: Ситуацијата е многу тешка Шпанскиот премиер Педро Санчез се огласи на социјалната мрежа Х и ги повика жителите на погодените области да ги следат безбедносните упатства. „Спасувачките операции се во тек во областите до кои е тешко пристапно. Се повикува јавноста да ги избегнува сите патувања“, напиша Санчез. Тој ја опиша ситуацијата во регионот на Валенсија како многу тешка. Локалните служби продолжуваат да ги спасуваат жителите кои се отсечени поради поплавените патишта и надојдените водни патишта. Spain: Flooding at Platja de Miramar in La Safor, Valencia, has left the beach area cut off, with water around 1.5 metres deep, above the cars, according to the mayor. A family of five, including a young baby, has been rescued. https://t.co/CEDtM4X8HM — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 19, 2026 Шпанија зад себе има рекордно топло лето Источна Шпанија е особено изложена на обилни есенски врнежи, кога влажниот воздух над топлото Средоземно Море се среќава со поладни воздушни маси. Потоплото море овозможува поголемо испарување, а атмосферата што содржи повеќе водена пареа може да произведе повеќе обилни врнежи. Климатските промени го зголемуваат ризикот од вакви екстремни врнежи од дожд, иако влијанието врз поединечните бури мора да се истражи посебно. 📍 Oliva & Gandía, Valencia, Spain Severe flooding hits Oliva and Gandía, with incredible water levels reported across the region. https://t.co/dmrnfRN5VS — 🥷🏽 (@Whi_rlz) October 19, 2026 Според шпанската метеоролошка служба, септември 2026 година бил најтопол досега на Пиринејскиот Полуостров. Шпанија претходно го забележа најтоплото лето во историјата на мерењата, од јуни до август. Службите за вонредни состојби ја продолжуваат евакуацијата и бараат луѓе затрупани во поплавените подрачја.Тагови: поплави Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДејвид Бекам – кандидат за претседател на ФИФА?Светската фудбалска ѕвезда, косопственикот на Интер Мајами, Дејвид Бекам би можел да биде кандидат за прв човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА).Актуелниот прв човек на ФИФА, Џани Инфантино се кандидира за четврти мандат на чело на куќата на фудбалот. Сепак, по неодамнешниот состанок на Советот на ФИФА, УЕФА и Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) сè повеќе бараат кандидат кој би презел иницијатива. Додека европските федерации бараат личност со меѓународен углед и влијание, во јавноста веќе се споменуваат неколку звучни имиња. Еден детал особено привлекува внимание: поранешната фудбалска ѕвезда Дејвид Бекам би можел ненадејно да стане клучен фактор, пишува „Скај Спорт“. Состанокот на Советот на ФИФА заврши незадоволително за противниците на Инфантино. Првиот човек на светската фудбалска куќа не понуди одговори на клучните прашања, но сепак, од целата ситуација повторно излезе како победник. Потребен е силен противкандидат, повеќе од кога било, за да се спречи неговиот реизбор. Благодарение на неговото карактеристично маневрирање, претседателот на ФИФА уште еднаш се извлече од тешка ситуација. Тој се соочи со своите најжестоки критичари за првпат по контроверзниот план за продажба на телевизиските права за Светското првенство. УЕФА подготви цел пакет чувствителни и критички прашања, но не доби одговори – освен извинување од швајцарскиот функционер, кој призна дека имало пропусти во комуникацијата, додека истовремено продолжува да ја зацврстува својата моќ на врвот. Следната година, Инфантино планира да ја одбрани својата позиција и да освои четврти мандат. УЕФА и нејзините сојузници од КОНКАКАФ се решени да го спречат тоа. Сепак, на рака му оди фактот што, освен притисокот од Европејците, во моментов нема никој друг што сериозно би можел да го загрози. Вистинска алтернатива сè уште нема на повидок, а крајниот рок за поднесување кандидатури истекува на 18 ноември. „Нашата намера, се разбира, е на чело на ФИФА да видиме некој друг“, изјави претседателот на ДФБ, Бернд Нојендорф, по состанокот во Цирих. „Тоа подразбира и предлагање противкандидат кој би донел толку потребен нов импулс.“ Во интервју за RTL и Sky Sport, Нојендорф остро ги критикуваше низата еднострани одлуки донесени од Инфантино, вклучително и неодамнешното воведување на таканаречената „Награда за мир“. Од УЕФА, пак, по кризниот состанок во Берлин, порачаа: „На светскиот фудбал му е потребно ново раководство – почитувана личност која обединува, доаѓа од фудбалската заедница и поседува визија, лидерски способности, умешност за градење доверба меѓу конфедерациите, како и бескомпромисен став кога станува збор за реформите, интегритетот и независноста“. По овие пораки, во фудбалските кругови сè почесто се спомнува зборот „харизма“. Но, кој поседува доволно од неа за, всушност, да го засени Инфантино? Неколку очигледни опции веќе отпаднаа: претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ја отфрли можноста за кандидатура, а Насер Ал-Келаифи од Катар, исто така, не е во игра. Според медиумските извештаи, кандидатурата ја одбил и Виктор Монтаљани, челник на конфедерацијата за Северна и Централна Америка и Карибите, кој сака да остане на својата сегашна функција. Во британските медиуми одеднаш се појави името на Арсен Венгер. Поранешниот менаџер на Арсенал, кој од 2019 година тесно соработува со Инфантино како директор во ФИФА, наводно бил предложен од неколку европски челници. Сепак, неговата кандидатура е крајно дискутабилна – Венгер добро ја познава моќта на Инфантино и е дел од неговиот најтесен круг, па затоа е прашање колку би бил веродостоен како симбол на „нов почеток“. Медиуми како „Гардијан“ наведуваат дека предлозите како Венгер или Мишел Канг (милијардерка и инвеститорка во женскиот фудбал) веќе се одбиени. Исто така, се поставува прашањето од кој континент би требало да доаѓа кандидатот. Сè на сè, Европа останува единствениот континент со доволно влијание за да понуди противкандидат. Земајќи ги предвид утврдените критериуми, изборот природно се сведува на човек кој досега не бил официјално спомнуван: Дејвид Бекам. Поранешниот англиски репрезентативец ја поседува глобалната препознатливост и репутација неопходни за оваа улога. Како некогашна ѕвезда на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, но и како основач на Интер Мајами, Бекам ужива огромен углед ширум светот. Тој е исто така високо ценет во Азија, каде што од 2013 година делува како амбасадор на кинескиот фудбал. Покрај тоа, Бекам јавно ја критикуваше ФИФА уште во 2015 година, нарекувајќи ги тогашните корупциски скандали „одвратни“. Како милијардер, тој нема потреба да ја користи функцијата за лично богатење, а располага и со доволно сопствени ресурси за финансирање на изборната кампања. Тој е фудбалска легенда, успешен бизнисмен и исклучително добро поврзан на сите нивоа. Во фудбалските кулоари веќе се зборува дека Сер Дејвид Бекам – доколку добие официјална покана од европските федерации – би бил подготвен да го прифати предизвикот и да влезе во трката за челната позиција во светскиот фудбал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКако Македонија да се приспособи на новите начини на војување?Како Македонија да ги приспособи своите одбранбени и безбедносни институции на новите начини на војување и кои технологии треба да ги воведе за да одговори на современите закани? Во време кога конфликтите во светот го менуваат начинот на водење војни, експертите предупредуваат дека набавката на современа технологија и употребата на вештачка интелигенција сами по себе не се гаранција за поголема безбедност. Потребни се институционални промени, стратегија и навремено приспособување на новите предизвици. „На нас професионалците ни останува да видиме како, преку конфликтите што се случуваат, институциите на државата и оние што се поврзани со одбраната и безбедноста подобро да ги разберат промените и да дојдат до соодветен заклучок што треба институционално да се промени и која технологија да се воведе. Бидејќи внесувањето технологија не значи само по себе дека ќе бидеме многу подобри.“ изјави – Зоран Иванов, Професор. Според началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Сашко Лафчиски, технолошкиот развој може да предизвика револуционерни промени на бојното поле, но човечкиот фактор и понатаму останува клучен. „Ако имате развивање на импресивна технологија во одреден период, тогаш повеќе од извесно е дека ќе имате и револуција на воените полиња. И секогаш кога имате револуција на воените полиња, поттикната од технологијата, тогаш дефинитивно ќе имаме еволуција. Бидејќи технологијата сама не може да менаџира сè што нам ни е потребно за да имаме успех на бојните полиња.“ изјави – генерал-потполковник Сашко Лафчиски. Овие прашања беа во фокусот на панел-дискусијата организирана од Институтот за национална историја во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“. Целта е преку размена на искуства меѓу воени претставници, дипломати и истражувачи да се согледаат новите закани и предизвиците пред Македонија и колективната одбрана на НАТО. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16