СветКина воведе санкции за две европски банки како одговор на мерките на ЕУ Кина денеска воведе контрамерки против две европски банки – UAB Urbo Bankas и AB Mano Bankas – како одговор на санкциите на Европската Унија кон две кинески банки.Со новите мерки, на кинеските компании и физички лица им се забранува да вршат трансакции или да соработуваат со овие банки. Двете банки се со седиште во Литванија, која од 2021 година е во дипломатски спор со Пекинг поради отворањето на Тајванска претставничка канцеларија во Вилнус. Тогаш Кина воведе и трговски ограничувања кон балтичката држава. Санкциите на Пекинг се одговор на последниот пакет мерки на ЕУ насочен кон Русија, усвоен минатиот месец, во кој беа вклучени и две помали кинески банки со седиште близу руската граница. Кина претходно најави дека ќе возврати. Европската Унија ги воведе санкциите со цел да ја намали воената моќ на Русија во војната против Украина.Тагови: ЕУ Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаДали судскиот процес за трагедијата во Пулс ќе има епилог во догледно време?Дејан Јованов Деко, сопственикот на дискотеката Пулс иако доби нов притвор за друго кривично дело но тоа нема да го забрза судењето за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, сметаат дел од правниците. Откако за него обвинителството отвори нова истрага за давање поткуп судот вп петокот му определи нови 30 дена. Адвокатот Владимир Туфекџиќ смета дека тоа нема да влијае за побрзо и праведно решение а оправдани ќе останат реакциите на семејствата на загинатите. Според него проблемот е во како што вели погрешната поставеност на теоријата на случај со вака поднесеното обвинение, но вели дека постои начин процесот да се направи поефикасен и дел од постапките да завршат порано. -Упатно би било обвинетите министри од пред 10-15 години и уште неколкумина потполно “залутани” лица во овој судски предмет да побараат од судот измена на редоследот на изведувањето на доказите на одбраната за да се изведат нивните неколку предложени докази и со тоа да заврши доказната постапка за нив. Со ова доказната постапка спрема овие неколкумина обвинети би била исцрпена и обвинителството со оглед дека е исцрпена доказната постапка, ќе може да го преиспита обвинението спрема овие обвинети, а судот во раздвоена постапка би можел да донесе одлука,вели Туфекџиќ. Околу новата истрага за Јованов и притворот реагираше и универзитетскиот професор Гордан Калајџиев. „Отворање вештачки нова истрага само за да се изигра законот е злоупотреба на правото! На рокот обвинителите требало да мислат кога за пожарот обвинија кого стигнаа“, пишува Калајџиев. Во исто време, семејствата на загинатите во Кочани од последниот 50 по ред Марш за ангелите побраа побрзо судење, одговорност и одговори од институциите. Тие бараат судските рочишта да се закажуваат почесто, со повеќе од десет рочишта месечно, а секое одлагање да биде јавно образложено. Не бараат како што велат, пресуда од улица, туку процес во кој ќе се утврди кој сноси одговорност за трагедијата во која загинаа 63 лица. -Ние родителите и семејствата бараме интензивно судење со над 10 рочишта месечно. Бараме расправите да се закажуваат редовно а секое одлагање, јасно и јавно да се образложи. Нашите насилно убиени деца нема да се вратат, но правдата за нив веќе доцни. Секое тактизирање и купување време само ја продлабочува нашата болка. Одговорноста мора да се утврди веднаш. – Александар Наунов – Татко на загинатата Надица Следно рочиште за случајот е закажано за 8 октомври а за до крајот на годината се закажани уште 14 рочишта. Минатата недела постапката за овој предмет влезе во нова фаза со изведување на докази на одбраната на обвинетите со најавени 244 сведоци. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помоштаНа целосно слепо лице му била намалена помошта за туѓа нега, бидејќи стручната комисија оценила дека му е потребна помош во помал обем и му закажала нова контрола по 12 месеци. Комисијата за заштита од диксриминацја утврдила директна дискриминација дека станува збор за целосно слепо лице и дека неговата документација утврдила дека таа состојба е трајна и непроменлива. Според Комисијата, не произлегувало ниту медицинско ниту фактичко образложение за различниот третман. На стручната комисија ѝ е препорачано повторно да ја процени потребата од помош и нега, со почитување на законските одредби за целосно слепите лица, но и да преиспита дали воопшто има основа за нови контролни прегледи. Од комисијата за заштита од дискриминација апелираат кај луѓето со трајни инвалидитет да не се бара прегледи, бидејќи нивната здравствена состојба не е променлива, тие прават дополнителни трошоци и малтретирање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:0122. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни13:59Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54Се одржува „Виз Ер Скопски маратон 2026“, посебен сообраќаен режим во Скопје09:11Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
Скопје пулсира во маратонски ритам - Ристовски: Скопскиот маратон е спортски настан кој ја става Македонија на светската мапа09:54
Дијалог со Софија па патоказ за ЕУ- дали Скопје и Софија ќе најдат решение за деблокада на европскиот пат?15:05
МакедонијаПретрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лицеНа 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско. При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.Тагови: кокаин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook