Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ - Канал 5

Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ

Кина воведе привремени царини за увоз на алкохолни пијалаци од Европска Унија, со образложение дека нереално ниските продажни цени може да им наштетат на домашните производители.

Кина воведе царина на алкохолните пијалаци од ЕУ

На почетокот на годината Кина отвори истрага за можните дампинг алкохолни пијалаци од ЕУ, заклучувајќи дека здружението на домашните производители приложило „релевантни докази“ дека нивните продажни цени се пониски од трошоците за производство.

Истрагата го опфати периодот од октомври 2022 година до септември 2023 година и штетите во кинескиот сектор за производство на алкохолни пијалаци од 2019 до 2023 година, при што е утврдено дека европските дестилерии продаваа алкохолни пијалаци со попуст од 30,6 до 39 отсто.

Здружението на производители на коњак БНИЦ во јануари тврдеше дека попустот изнесува 15,88 проценти и оти е „особено скромен во споредба со она што е општоприфатено како основа за антидампинг истрага“.

Производителите на коњак од ЕУ соопштија дека се „внимателни оптимисти“ пред разговорите помеѓу претставниците на Пекинг и Брисел за трговските спорови.

Во меѓувреме, ЕУ воведе дополнителни царини за кинеските електрични автомобили, а кинеското Министерство за трговија најави прелиминарни царини за увоз на европски автомобили.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда од Мундијалот под истрага поради обвинувања за силување

Рајан Мендес, капитен на фудбалската репрезентација на Зеленортските острови, е под истрага на полицијата на Нов Зеланд поради обвинувања за силување што произлегуваат од инцидент за кој се тврди дека се случил во март годинава.

Ѕвезда од Мундијалот  под истрага поради обвинувања за силување

Рајан Мендес, капитен на фудбалската репрезентација на Зеленортските острови, е под истрага на полицијата на Нов Зеланд поради обвинувања за силување што произлегуваат од инцидент за кој се тврди дека се случил во март оваа година за време на турнирот од серијата ФИФА во Окленд.

Според извештаите на меѓународните медиуми, вклучувајќи ги *New Zealand Herald* и *The Athletic*, Бразилка ангажирана да обезбеди превод и оперативна поддршка на тимот пријавила дека Мендес насилно влегол во нејзината хотелска соба и сексуално ја нападнал; полицијата потврди дека истрагата е во тек, иако сè уште не се поднесени обвиненија против играчот.

ФИФА изјави дека секоја пријава за наводно недолично однесување ја сфаќа многу сериозно и е во контакт со властите на Нов Зеланд, но одби да потврди дали спроведува сопствена дисциплинска постапка или да коментира за деталите од случајот.

Полицијата на Нов Зеланд одби да објави дополнителни информации, наведувајќи ги загриженоста за приватноста и тековната истрага, додека ниту Фудбалската асоцијација на Зеленортските острови, ниту претставниците на играчот не коментираа за обвинувањата.

Бајката на Светското првенство во сенка на сериозни обвинувања Мендес (36) - рекордер по број на настапи и најдобар стрелец на сите времиња за репрезентацијата на Капе Верде - играше во сите три натпревари од групната фаза на Светското првенство и покрај истрагата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во Кисела Вода, црн чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Голем пожар попладнево избувна во магацински простор на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода. 

Голем пожар во Кисела Вода, црн чад се гледа од повеќе делови на Скопје

Во дел од населбата исклучени се струјата и водоснабдувањето. Црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје.

На местото на пожарот е Афродита Рамос. Дали огноте е ставен под контрола. Целиот извештај погледнете го во видетото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

д-р Пиловска: Во состојба на анксиозоност да не се пие кафе или алкохол, фокусот да е дишењето

Температурните разлики и промената на крвниот притисок многу често предзвикуваат анксиозност кај граѓание кои се почуствителни.

д-р Пиловска: Во состојба на анксиозоност да не се пие кафе или алкохол, фокусот да е дишењето

Нема ноќ во брзата помош да помине без јавување од граѓани кои веруваат и имаат симптоми на срцев удар, а станува збор за психичка состојба. Исто така и честото будење и неспиење кое трае неколку дена може да причина и за агресија кај граѓаните, вели психијатарката и раководител на смена во брзата помош Елена Карева Пиловска.

Целиот разговор на Мирјана МИрчевска Јовановиќ со доктор Елена Карева Пиловска, погледнете го во видеото.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер