Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
1Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветКина: Ветото на САД ја влошува ситуацијата во Појасот ГазаКина денеска предупреди дека одлуката на САД да стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се повикува на итен прекин на огнот во Појасот Газа го турка конфликтот во „уште поопасна“ ситуација.Кина гласаше за нацрт-резолуцијата, наведе портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг. Тој додаде дека „САД уште еднаш ставија вето, туркајќи ја Газа во уште поопасна ситуација“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКина осуди висок функционер на смрт, одземен му е целиот имот Кинески суд го осуди поранешниот шеф на автономниот регион Гуангси на смрт за корупција, но го суспендираше извршувањето на казната за две години.Лан Тјанли беше прогласен за виновен за примање големи суми мито додека извршувал разни функции во јужниот кинески регион од 2008 до 2025 година, објави државната телевизија CCTV во петокот. За возврат, тој помогнал во доделувањето јавни работни места и назначувањето високи функционери, а примил и вкупно 88,2 милиони долари мито, според извештајот. Народниот суд во Чангде, во централната кинеска покраина Хунан, ја оправда пресудата врз основа на големите суми мито и сериозната штета предизвикана на државата и јавноста. Казната може да се замени со доживотен затвор Како и во претходните случаи, извршувањето на смртната казна беше одложено за две години. После тоа, казната може да се замени со доживотен затвор без можност за понатамошно намалување, објави CCTV. На Лан му беа одземени и имотните и политичките права. Кинескиот претседател и лидер на Комунистичката партија, Си Џинпинг, со години води кампања против корупцијата. Се чини дека добива на интензитет пред партискиот конгрес закажан за втората половина на 2027 година. Смртните казни за високи функционери на Комунистичката партија во Кина се релативно ретки и обично се изрекуваат во особено сериозни случаи. Нови истраги против високи функционери Истражителите за борба против корупцијата речиси секојдневно најавуваат нови истраги против функционери. Властите неодамна објавија истрага за Чен Џининг, лидерот на партијата на Шангај и член на моќното Политбиро на Комунистичката партија. Државните медиуми објавија дека тој е осомничен за сериозни прекршувања на партиската дисциплина и законот, но не дадоа детали. Ваквите истраги често резултираат со обвиненија за корупција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
МакедонијаСДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?Мицкоски вели дека буџетот ќе им биде предизвик наредните две години. Треба да вратат долгови и камати, да го финансираат дефицитот и капиталните инвестиции. За долговите знаеме, ги гледаме секојдневно, растат. За капиталните инвестиции не знаеме бидејќи ги нема, освен ако не мисли на криминалните тендери. Тоа се „капитални инвестиции“ ама за нивните џебови. Како не враќа долгови, кога ја задолжи земјата за 4 милијарди за само две години? Го зголеми долгот за 50% од независноста за само две години. Секоја недела ново задолжување. Буџетот е пресипување од шупливо во празно. Она што Мицкоски треба да им одговори на граѓаните е: како може буџетот да биде предизвик кога сме трета економија во Европа? Како може да нема пари кога платите растат најбрзо во регионот, пензиите се зголемуваат со рекордно темпо, а земјата е најдобра во туризам и авиосообраќај, а бензинот и дизелот, како што вели, буквално се џабе? Поскапува цената на парното, наскоро и на струјата. Како кога статистиката зборува, а Мицкоски црта на табла. Рече бројките се „немилосрдни“. Да, покажуваат празни џебови и фрижидери. Граѓаните едвај крпат крај со крај. Тоа е статистика и тоа се тие немилосрдни бројки што граѓаните ги гледаат секојдневно. Вистината е едноставна. Ја задолживте земјата повеќе за две години отколку сите претходни влади за 35 години. Пари има само за криминални тендери. За пензии кратите, има дупка во ПИОМ од 1 милијарди евра. Вториот столб се обидувате да го национализирате без да ги известите граѓаните. Минималната плата не ја кренавте. Кошничката е над 70.000 денари, со кирија за стан надминува 90.000 денари. ММФ не става на 41. место од 48 европски економии по БДП по жител. Тоа е реалност, а останатото се бајки на Мицкоски и неговата организирана криминална група. Сега признавате дека буџетот е предизвик. Кога ќе снема пари за вашата пљачка, ќе барате избори. Граѓаните веќе знаат дека бајките не држат. Држава, не банда, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоВрнежливо време со температура до 12 степени Денеска времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни, а на планините снег, соопштуваат од УХМР.МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) 6 Тетово, 7 Скопје, Берово, Крива Паланка, Охрид, 8 Битола, 9 Виница, Демир Капија, 10 Струмица. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 27 Охрид, 19 Демир Капија, 17 Битола, 15 Берово, 11 Струмица, Крива Паланка, 9 Виница, 6 Тетово. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 30 l/m² за 24 часа), а на планините од снег. Попладне поради продор на постуден воздух од север врнежите на некои од повисоките места ќе преминат во снег. Ќе дува умерен, а наместа во североисточните делови и долж Повардарието повремено засилен до силен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови врнежите од дожд да преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter