Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
1Македонската репрезентација во традиционално карате ќе учествува на 38. ЕТКФ Европско првенство за сениори, јуниори и кадети
ЖивотКина предлага создавање меѓународна организација за вештачка интелигенцијаКинескиот премиер Ли Ќијанг денеска предложи создавање меѓународна организација за соработка во областа на вештачката интелигенција (ВИ).Говорејќи на отворањето на годишната Меѓународна конференција за ВИ во Шангај, Ли истакна дека технологијата станува нов двигател на економскиот раст, но предупреди дека развојот е разединет и недоволно координиран. - Потребна ни е глобално прифатена рамка за развој и безбедност на вештачката интелигенција, рече Ли, посочувајќи дека сегашниот развој е фрагментиран и ограничен од недостиг на чипови и експертиза. Конференцијата се одржува во време на сè поизразена технолошка конкуренција меѓу Кина и САД, а ВИ станува стратешко поле на глобално надмудрување. САД веќе воведоа ограничувања за извоз на напредни технологии и чипови во Кина поради загриженост за нивна можна воена употреба. И покрај санкциите, Кина продолжува да бележи напредок на пазарот на ВИ. Ли повика на поголема транспарентност, координирани иновации и надминување на бариерите во глобалната соработка. Тагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГрад Скопје: Започнува реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“Започнува реализацијата на еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Општина Бутел – реконструкцијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“, со што се исполнува долгогодишно барање на жителите од овој дел на Скопје.Проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот. Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска канализација во должина од 1.200 метри, како и одвојувањето на фекалната од атмосферската канализациска мрежа. Со ова ќе се овозможи поефикасно прифаќање и одведување на дождовните води и ќе се намали ризикот од поплавување при обилни врнежи. Паралелно со овој проект, во завршна фаза е и изградбата на новиот мега-парк во Бутел, кој ќе претставува ново зелено и рекреативно катче за граѓаните. Со реализацијата на овие проекти продолжува инвестирањето во современа комунална инфраструктура, побезбедни сообраќајници и подобар квалитет на живот за жителите на Бутел и на Скопје. Со почит, Град СкопјеТагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре променливо облачно со сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени. До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРистески во посета на повеќе центри на Агенцијата за вработување Процесот тече без проблеми, пристигнати преку 4.400 апликации.Заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески денес посети повеќе регионални канцеларии на Агенцијата за вработување, каде изврши увид во процесот на аплицирање за јавните повици од мерката за Претприемништво - Самовработување со грант од Оперативниот план Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2026 година. Во текот на денот, заедно со Даниела Димовска, Директорка на Агенција за иновации, научно технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, Весна Пешова, заменик директор на Агенција на Вработување, претставници на општините и пратеници беа посетени центрите во Велес, Штип, Кочани, Виница и Берово каде вработените во центрите информираа за текот на пријавувањето зана јавниот повик. - Вработените во центрите на АВРМ ме информираа дека процесот тече без проблеми и поголем застој, сите граѓаните можат слободно да аплицираат со нивните идеи за да отворат сопствен бизнис. Интересот за мерката е исклучително голем и до почетокот на денот пристигнати се речиси 4.400 апликации. Ја користам оваа прилика да апелирам до сите заинтересирани да се пријават и да ги искористат бенефитите кои како Влада им ја нудиме за отворање на сопствен бизнис – кажа заменик-министерот Ристески. За време на посетите заменик-министерот Ристески им се заблагодари на вработените за нивната работа и дополнителни напори овие две недели додека се активни јавните повици. Сите невработени лица заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб-страната www.av.gov.mk. Јавните повици траат до утре, 3 јули 2026 година.Тагови: Марјан Ристески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook