Кина прави соѕвездие од суперкомпјутери со ВИ во вселената- првите делови веќе се лансирани - Канал 5

Кина прави соѕвездие од суперкомпјутери со ВИ во вселената- првите делови веќе се лансирани

Кина го лансираше првиот дел од рој сателити што ќе бидат дел од соѕвездие на суперкомпјутери со вештачка интелигенција (ВИ) во вселената.

Кина прави соѕвездие од суперкомпјутери со ВИ во вселената- првите делови веќе се лансирани

12-те лансирани сателити претставуваат само почеток на планираното соѕвездие од 2.800 сателити.

Овие сателити, управувани од ADA Sapce и Лабораторијата Жеџијанг, еден ден ќе го формираат соѕвездието „Констелација на тротелесни компјутери“, сателитска мрежа што ќе обработува податоци во вселената, објави LiveScience.

Овие сателити се дел од планот на Кина за намалување на зависноста од компјутерите на Земјата. Наместо тоа, сателитите ќе го користат студот од вакуумот во вселената за ладење на систем кој ќе има капацитет да извршува 1.000.000.000.000.000.000 операции во секунда, соопшти кинеската влада.

- Време е да размислиме како да ја ставиме вештачката интелигенција во вселената, не само во вашиот лаптоп или мобилен телефон. „Вселената повторно стана граница за размислување за тоа што можеме да направиме во следните 10, 20 или 50 години“, рече Ванг Џиан, директор на лабораторијата Жеџијанг, на технолошка конференција во Макао.

Без разлика дали сателитите се користат за GPS системи, климатски сензори, телескопи, временска прогноза или комуникации, многу организации сè повеќе се потпираат на набљудувања направени од вселенски летала во орбитата. Но, овие сурови податоци мора да се обработуваат на Земјата, што значи дека се ограничени од пропусниот опсег на пренос и тесните временски прозорци во кои можат да се испратат додека сателитите минуваат над копнените станици, што значи дека се губат многу податоци.

За да се надмине ова ограничување, компаниите почнаа да дизајнираат сателити способни за обработка на податоци пред податоците да бидат испратени на Земјата.

Компјутерската констелација е именувана по проблемот со три тела, формулиран од Исак Њутн, кој го инспирирал Лиу Кисин за популарниот кинески научно-фантастичен роман „Проблемот со три тела“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, грмежи и можна појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Денес претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови ќе има појава на нестабилност проследена со засилен ветер, пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд и појава на град. До почетокот на следната седмица времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во петок ќе дува засилен до силен ветер, претежно од северен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Денес претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе присуствува на промоција на комунални возила, на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Мицкоски ќе присуствува на промоција на комунални возила

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Без вода делови од Центар

Една информација за граѓаните од централното градско подрачје. 

Без вода делови од Центар

Без вода денеска од 8:30 часот ќе останат корисниците на потегот од Градски Парк до владата, како и од булеварот „Илинденска“ до градскиот стадион, а од 9 часот и дел од корисниците на булеварот „Гоце делчев“, дел од објектите на Македонската телевизија и населбата Крњево. Како што соопшти регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на водоводна мрежа на улицата „Коле Неделковски“ бр. 5 во Општина Центар, и дефект на приклучна цевка на улицата „Дана Стуцки“ бр. 18, исто така во Општина Центар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер