Кина побара од рафинериите за нафта да го прекинат извозот - Канал 5

Кина побара од рафинериите за нафта да го прекинат извозот

Кинеските власти побараа од своите главни рафинерии да го прекинат извозот на дизел и бензин, бидејќи војната на Блискиот Исток претставува ризик од недостиг на снабдување, пренесе Бета повикувајќи се на Блумберг.

Кина побара од рафинериите за нафта да го прекинат извозот

Тековната блокада на поморскиот сообраќај во стратешки важниот Ормутски теснец, помеѓу Индискиот Океан и Персискиот Залив, го загрозува снабдувањето со енергија на азискиот гигант, кој е во голема мера зависен од суровата нафта од овој регион.

Службеници од Националната комисија за развој и реформи (НДРЦ), главното тело за економско планирање на Кина, се сретнаа со претставници на рафинериите и „усно побараа привремен прекин на испораките на нафтени производи, при што мерката стапува во сила веднаш“, според Блумберг.

„Од рафинериите е побарано да престанат да потпишуваат нови договори и да преговараат за откажување на веќе договорените испораки“, објави агенцијата, повикувајќи се на извори запознаени со прашањето.

ПетроЧајна, Синопек, ЦНООК, Синочем Груп и приватната рафинерија Џеџанг Петрохемикал редовно добиваат квоти за извоз на гориво од владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Уште еден човечки живот е загубен од западнонилска треска. Бројот на починати се искачи на осум.

СДСМ: 8 жртва од западнонилска треска, 8 недели нема извештај за водата во Гостивар

Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар.

Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност.

СДСМ со недели предупредуваше дека власта задоцни со превенцијата од западнонилската треска. Задоцни со прскањето против комарци, задоцни со системските мерки и со навремената заштита на граѓаните.

Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема.

Истото се случи и со здравствената криза во Гостивар.

Околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.

Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели?

Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

Во Вила Водно утринава се одржува и панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“.

Панел-дискусија на тема „8 Септември низ призма на негови непосредни учесници и сведоци“

На оваа панел-дискусија претседателката Сиљановска-Давкова и поранешни политичари, државни функционери, пратеници, новинари и јавни личности ја споделија својата перспектива за политичките,институционалните и општествените процеси што доведоа до создавањето на независна македонска држава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Од 07:40 часот, сообраќајот за тешки моторни возила на патниот правец Р1101 Битола – Прилеп е во прекин, соопшти АМСМ.

Се преврте товарно возило на Битола-Прилеп

Товарно моторно возило излетело од патот Битола – Прилеп кај селото Беранци. Засега нема информации за повредени.

Според СВР Битола сообраќајот е во прекин за товарни возила, додека патничките возила се пропуштаа наизменично.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер