ЖивотКина откри најголемо наоѓалиште на злато со проценета вредност од 76 милијарди евраВо провинцијата Хунан, Кина откри најголемо наоѓалиште на злато во светот, кое според проценките содржи 1.000 тони злато со вредност од 76 милијарди евра, пренесе „Дејли мејл“ повикувајќи се на кинески државни медиуми.Геолозите користеле модерни методи на истражување и 3Д моделирање за да идентификуваат структура на 40 златни жили на длабочина од околу 1.600 метри под рудникот Вангу. Според податоците на Геолошкиот институт на Хунан, овие жили содржат околу 300 тони злато, а подлабоките слоеви можат да кријат уште поголеми резерви. Откритието предизвика зголемување на цената на златото на светските берзи, кое сега е блиску до историскиот максимум. Кина, која веќе учествува со 10 проценти во глобалното производство на злато, дополнително ја зајакнува својата позиција како водечки производител. Експертите оценуваат дека златото останува сигурна инвестиција во време на економски и политички нестабилности, а трендот на намалување на каматните стапки дополнително ја зголемува неговата атрактивност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРанче со училишен прибор и училишна униформа за секое прваче во Општина БутелОпштина Бутел и оваа година продолжува со поддршка за најмладите ученици и нивните семејства.На 1 септември, секое прваче во општинските основни училишта ќе добие висококвалитетен анатомски ранец со потребен училишен прибор, како и училишна униформа. Целта на оваа мерка е на сите првачина да им се обезбедат потребните услови за непречен и успешен почеток на учебната година, а истовремено да им се овозможи значително финансиско олеснување на родителите. Вредноста на училишниот пакет и униформата претставува заштеда од околу 9.000 денари за секое семејство кое годинава има прваче. Покрај висококвалитетниот анатомски ранец, пакетот ќе содржи и помагало за броеви, блок, дрвени боички, фломастери, пластелин, моливи, тетратка, острилка и гумичка. Со оваа активност, Општина Бутел продолжува да инвестира во квалитетно образование и подобри услови за најмладите, создавајќи средина во која секое дете ќе има можност да учи, расте и да го развива својот потенцијал. Вложувањето во децата е вложување во иднината на Општина Бутел. Општина БутелТагови: Општина Бутел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведено лице од скопско, барано за издржување двегодишна казна затворНа 24.08.2026 во 17:25 часот во с.Морани, скопско, врз основа на судска наредба, полициски службеници од единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го приведоа Б.А.(20) од с.Студеничани, скопско. Претходно, тој со возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, не застанал на знак за запирање, даден од полициски службеници, но набргу потоа со возилото удрил во бетонски ѕид, а потоа, движејќи се наназад, удрил и во возило „шкода јети“, сопственост на МВР. Откако е приведен, извршени се дополнителени проверки и било утврдено дека бил баран за издржување казна затвор од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУапсени се поранешниот претседател на Ерменија и неговиот син Поранешниот претседател на Ерменија, Роберт Кочарјан, и неговиот најстар син, Седрак, се уапсени во рамките на кривична истрага за корупција, соопшти денеска Антикорупцискиот комитет на Ерменија.Претходно денес, комисијата соопшти дека се спроведуваат претреси и други процедурални дејствија на неколку десетици локации поврзани со Кочарјан и членови на неговото семејство, пренесе порталот „Армен прес“. Шефот на кабинетот на Кочарјан, Баграт Микојан, изјави дека поранешниот претседател утрово бил одведен во Комисијата за борба против корупцијата. Од канцеларијата на поранешниот претседател исто така потврдија дека тој бил одведен во Комитетот од страна на припадници на органите на редот. Полицијата исто така влезе во становите на синовите на Кочарјан, Седрак и Левон, а пратеникот од партијата „Ерменска унија“, Месроп Манукјан, претходно на социјалните мрежи објави дека полицијата извршила претрес и во домот на Левон Кочарјан.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter