Кина објави нови фотографии од мистериозната желатинска материја најдена на Месечината (ФОТО) - Канал 5

Кина објави нови фотографии од мистериозната желатинска материја најдена на Месечината (ФОТО)

Кинескиот лунарен ровер Јуту 2 (зајак од жад 2) , откри кон крајот на јули за темната страна на Месечината чудна материја слична на гел со чудна боја.

Кина објави нови фотографии од мистериозната желатинска материја најдена на Месечината (ФОТО)

Сега програмата за истражување на вселената во Кина објави нова фотографија од предметот, или претходно неидентификуваниот материјал, пренесува Space.com.

Лунарниот Ровер, дел од мисијата Чанги 4 што успешно слета на спротивната страна на Месечината во јануари, ја забележа оваа чудна супстанција уште во јули.

Научниот тим кој раководи со роверот „Јуту 2“ се подготвуваше на 28 јули, три дена по почетокот на двонеделниот лунарен ден, да го повлече роверот за „попладневна пауза“, процес што го штити чувствителниот дел од механиката од прегревање кога сонцето е директно над роверот .

Но, Ју Тиани, член на кинескиот научен тим, за време на анализата на панорамата забележал дека има нешто необично во кратерот. Затоа, истражувачите решија да го задржат роверот малку буден, развлекувајќи го директно кон центарот на кратерот за да добијат подобар преглед на интересниот наод.

Таму видоа заслепувачка супстанција која беше различна по боја, форма и текстура од околниот регион.

Иако резултатите од анализата на спектрометарот не беа познати во јули, научната заедница веруваше дека роверот има поголема веројатност да пронајде зацврстен стопен материјал отколку, според кинеската вселенска агенција, лепило во форма на гел.

На најновата фотографија направена од главната камера „Јуту 2“, можеме да ја видиме средината на кратерот, кој содржи материјал со различна боја од околината и покажува сјајни делови.

Клив Нил, лунарен научник на Универзитетот Нотр Дам во Индијана, за Space.com изјави дека снимката дополнително ги потврдува претходните теории дека материјалот што се забележува одблизу наликува на примерок од Месечината најден во 1972 година, за време на мисијата Аполо 17.

Дан Мориарти, од Центарот за вселенски летови на Годард на НАСА, ја анализирал и рафинирал фотографијата подетално за да добие поточни информации.

"Обликот на фрагментите изгледа доста сличен на другиот материјал во областа. Ова ни кажува дека овој материјал има слична историја со онаа на околината", рече Мориарти, додавајќи дека фрагментите може да излегле на површина под влијание на друга супстанција на површината на Месечината, или тоа е бреција, седиментна карпа која што содржи стакло и базалт од вулканските лунарни темни долини што ги нарекуваме мориња.

„Како и да е, тоа е дефинитивно карпа“, изјави Мориарти за Space.com.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како хеликоптерите поскапеа за 30 милиони евра: Мисајловски ја прозваа Петровска

Како за само неколку дена набавката на осумте армиски хеликоптери од италијански „Леонардо“ станала поскапа за повеќе од 30 милиони евра? 

Како хеликоптерите поскапеа за 30 милиони евра: Мисајловски ја прозваа Петровска

Прашањето кое со години ја следи една од најголемите набавки за модернизација на Армијата повторно се врати во фокусот, овојпат откако за договорот што го потпиша поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска јавно проговорија и актуелниот министер Владо Мисајловски и лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Дополнителни прашања отвори и министерот за одбрана Владо Мисајловски во „Само интервју“ на Канал 5. Според него, непосредно пред завршувањето на постапката дошло до значително зголемување на вредноста на договорот.

„На неколку дена пред завршување на постапката и потпишување на договорот има една изјава дека цената најмногу се зголемила поради инфлација. Зборуваме за зголемување од 213,7 милиони евра до 245,9 милиони. Ова се прашања што се отворени. Јас не сум обвинител. Легитимно е прашањето како поскапел договорот?“- Владо Мисајловски.

Петровска ги отфрла обвинувањата како неточни и тврди дека одлуката за набавката на хеликоптерите била донесена уште во 2023 година, што, според неа, е документирано во Министерството за одбрана. Таа оценува дека наводите што ги изнесуваат Мисајловски и Филипче се дел од иста теза со која, се прави за да се нарушат нејзиниот углед и репутација во период кога е политички поактивна.

-Не точна е комплетно тезата и тврдењата дека договорот е вклучен спротивно на препорака на комисија и затоа постојат документи и записници во МО, коишто можат да се видат и министерот може да ги декласифицира и објави. Она што е заедничко, затоа што истата теза ја гледам и од Венко Филипче и од Владо Мисајловски. Да повторам дека тоа е човекот кој што го повикувам повеќе од година дена на ТВ. соочување , еве прилика па ги повикам двајцата на тв соочување да ги расчистам сите нејаснотии што ги имаат – вели Славјанка Петровска – Пратеник од СДСМ.

По новите обвинувања, ВМРО-ДПМНЕ денеска побара Јавното обвинителство по допрен глас да го повика Филипче и да ги провери неговите наводи за евентуални неправилности при набавката.

Од Обвинителството за “Канал 5 велат дека во моментов нема оформен предмет за набавката на хеликоптерите. Доколку надлежна комисија или друг орган при проверките утврди сомнение за кривично дело, има обврска тоа да го пријави, по што Обвинителството би можело да постапува.

Досега за случајот предемет единствено отоври Антикорипциска во 2024 година, но никогаш немаше епилог.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Платформата која бара промени во СДСМ го доставија нивниот предлог за реформи во партијата

Неодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата...

Платформата која бара промени во СДСМ го доставија нивниот предлог за реформи во партијата

Неодложна и неотповиклива оставка на Венко Филипче од претседателската позиција на СДСМ, итен избор на кредибилна и независна работна група во партијата, која ќе има извршен мандат во определно време и ќе подготви темелни внатрешни реформи во најскоро време, ревизија на изборот и мандатниот статус на актуелните делегати, како и одржување на вонреден конгрес за усвојување на статутарни измени, а откако ќе завршат овие постапки СДСМ да организира фер, слободни и демократски внатрепартиски избори. Ова се главните барања на Платформата „Разговори за иднината во 12 и 5“ содржани во документ од три страни, потпишан од 17 лица, кои јавно ги објавија токму од СДСМ откако Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски ги доставија до партиската архива на “Бихакќа”.

-Ти си на потег. Ако продолжиш и понатаму да ја игнорираш реалноста ќе го однесете СДСМ во драматичен пораз од кој ќе биде прашање дали некогаш ќе може да се опорави. Минимум што им должиш на чесните и посветени членови е на заминување да покажеш доблест и политичка големина и дури на своја штета да ја разбиеш широко распространетата перцепција дека не сте пазарени со вака неспособно ВМРО-ДПМНЕ со сторување или несторување да му изработите уште една победа на парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат, стои во документот од Платформата.

Експресно реагираа од СДСМ кои ги споделија документите од внатрепартиската иницијатива, нарекувајќи ги „Платформа ЗНАМ 2.0“. Од партијата соопштија дека и покрај тоа што писмото било означено како „доверливо“, се решиле за целосна транспарентност пред членството и граѓаните. Во барањата за оставка, вонреден конгрес и партиски реформи од Бихаќка гледаат тесни лични и бизнис-интереси на иницијаторите кои, како што велат, одат во прилог на власта и ВМРО-ДПМНЕ.

-Седумнаесет потписи против 18 илјади гласа и против целосно СДСМ. Кафеана против Статут. Шема против партија. ЗНАМ 1.0 или прва верзија ја продаде партијата. Втората бара клучеви. Нема да ги добие. Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица: Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда, реагираат од СДСМ.

Филипче го одби Планот за консолидација и структурни промени во СДСМ уште пред официјално да биде доставен до партијата. На прес-конференција вчера на поранешните партиски функционери им порача дека „ако сакаат вистински да помогнат да се вклучат во изборниот процес за Брвеница, ако не да му се тргнат од патот...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Грција, Албанија и Македонија заеднички ќе работат на кандидатурата на Преспанското езеро за вклучување на листата на светско наследство на УНЕСКО.

Македонија, Грција и Албанија ќе се здружат во иницијатива за впишување на Преспанското езеро на листата на УНЕСКО

Иницијативата првично беше покрената од грција во 2014 година, но сега во неа се вклучуваат и Албанија и Македонија, кои го делат езерото со Грција. Процесот ќе биде поддржан и од Европската унија.

Министрите за култура на трите земји — Лина Мендони од Грција, Бленди Гонџа од Албанија и Седат Сулејмани од Македонија — следниот петок ќе се сретнат во грчката општина Преспа, каде што ќе разговараат за следните чекори.

На средбата ќе присуствува и Михалис Рокас, шеф на дипломатската мисија на европската комисија во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер