Кина најави клинички испитувања на вакцината против коронавирусот за крајот на април

Најраната вакцина против коронавирусот, од кого починаа повеќе од 2.000 луѓе само во Кина, ќе биде однесена на клинички испитувања кон крајот на април, изјави денеска  потпретседателот на кинескиот институт за наука и технологија, Ксу Нанпинг.

Жоу Чи, заменик-генералниот секретар на кинеската академија на науките, им рече на новинарите дека иам препораки за компаниите кои продолжиле со работа и покрај епидемијата, треба да обезбедат соодветна вентилација и да одржуваат безбедно растојание меѓу работниците.

Маркоска: ВМРО-ДПМНЕ е против се што е во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите за Законите кои носат подобар живот за сите граѓани, закони кои се во интерес на државата.

По секоја цена ВМРО-ДПМНЕ го кочи Законот со кој државата ќе добие нов, современ Клинички центар во Ѓорче Петров, Скопје, прв по 80 години.

Откако 11 години ги лажеа граѓаните дека ќе изградат нов Клинички центар, денес, кога се создадени сите услови за реализација на овој капитален проект, тие го кочат и блокираат.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски застанува против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните.

Дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствена задача им е да го кочат секој закон кој е во интерес на граѓаните, докажуваат и блокадите на Законот за служба во Армијата.

Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање.

Лажни и лицемерни се тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакале да го подобрат овој Закон. Тоа што за Закон кој има 30тина членови, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат 2.000 амандмани не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот.

Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ заради лични и дневнопартиски интереси кочи и блокира закони, ја опструира работата на Собранието.

Затоа шест пати се поразувани од граѓаните, затоа ги чека нов пораз на изборите на есен.

Прес-конференција на пратеничката на СДСМ Даниела Маркоска

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Зекири: Потпретседателите на партијата ги предлага претседателот по конгресот

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири денеска не откри детали дали повторно ќе биде предложен за потпретседател на партијата.

Прашан дали на престојниот конгрес на партијата ќе биде предложен за потпретседател, Зекири на денешната прес-конференција, рече дека тоа е право на претседателот на партијата.

Потпретседателите на партијата, како што појасни, не се бираат на конгрес, туку нив ги предлага претседателот на партијата по конгресот.

– На конгресот не се избираат потпретседатели на партијата. Тоа право го има претседателот на партијата. Тој ги предлага потпретседателите по конгресот. Согласно статусот, сега имаме четири потпретседатели, но ова е право на претседателот на партијата, рече Зекири.

Уписот на ученици во прво одделение во Карпош се одвива непречено

Уписот на ученици во прво одделение, во сите десет основни училишта во Карпош се одвива непречено, информира Општина Карпош.

Од Општината информираат дека откако родителот или старателот ќе ја достави документацијата, Комисијата за упис на првачиња, составена од педагог, психолог и еден одделенски наставник спроведува интервју со децата кои од престојниот септември ќе бидат првачиња.

-Согласно податоците од Министерство за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, во Карпош оваа година предвидено е да се запишат околу 778 првачиња, соопшти Општина Карпош.

Разговорите со идните ученици се спроведуваат согласно Протоколот за упис, а училиштата ги користат еко-училниците на отворено, каде што разговараат со ученикот и вршат проверка на основните вештини, се наведува во соопштението од Општината.

притисни ентер