Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години - Канал 5

Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години

Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за Светската здравствена организација (СЗО) во следните пет години, изјави денеска кинескиот вицепремиер Лиу Гуожонг. 

Кина ќе обезбеди 500 милиони долари за СЗО во следните пет години

На состанок на СЗО во Женева, тој вети поддршка од Кина за СЗО, по неодамнешната одлука на американскиот претседател Доналд Трамп да ја повлече својата земја од организацијата, што ќе доведе до нагло намалување на нејзиното финансирање.

„Светот во моментов се соочува со последиците од едностраноста и принудните политики, кои претставуваат сериозни предизвици за глобалната здравствена безбедност... Мултилатералниот пристап е сигурен начин за справување со тешкотиите“, им рече Гуожонг на делегатите.

Претходно денеска, генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека одобрениот меѓународен договор за подобрување на подготвеноста за пандемија е „победа за јавното здравје“.

Членовите на СЗО усвоија долгоочекуван правно обврзувачки договор за тоа како да се подготват за идните пандемии.

Волстрит џурнал: На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети „Аrrow“, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименуван американски функционер.

Волстрит џурнал: На Израел му снемува одбранбени пресретнувачи на ракети

Системот „Аrrow“ не е единствената одбранбена мерка што се користи против иранските ракети.

САД, исто така, имаат системи за ракетна одбрана „Патриот“ и системи за воздушна одбрана на голема надморска височина на Блискиот Исток, способни да пресретнат балистички ракети.

Според агенцијата, разорувачи на американската морнарица, исто така, собориле ракети.

„Аrrow“ е горниот слој на ракетната одбрана на Израел, заедно со „Железната купола“, која ги елиминира заканите од краток дострел како што се минофрлачи и ракети. „Arrow-2“ постои со години и пресретнува балистички ракети со долг дострел. Поновата „Arrow-3“ е специјализирана за пресретнување на ракети додека тие сè уште се надвор од Земјината атмосфера.

Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министри

 Во рамки на официјалната посета на Азербејџан, претседателот на Собранието Африм Гаши, оствари средби со министрите за надворешни работи и за енергетика, Џејхун Бајрамов и Парвиз Шахбазов.

Претседателот на Собранието Гаши во Азербејџан се сретна со министри

Како што соопшти Собранието, на средбата со министерот за надворешни работи, Џејхун Бајрамов, Гаши го поздравил интензивирањето на комуникацијата меѓу владините претставници на двете земји и додал дека се отвораат можности за поголема соработка на сите полиња.

Бајрамов истакнал дека како две пријателски држави без отворени прашања, треба да ја унапредиме соработката, не само во делот на стопанството и енергетиката, туку и во делот на туризмот.

Двајцата соговорници, како што се посочува во соопштението, заклучија дека во услови на геополитички предизвици, унапредувањето на меѓусебните добри односи и соработка ќе претставува промоција на мирот и стабилноста за поширокиот регион.

На состанокот со министерот за енергетика Шахбазов, претседателот на Собранието Гаши ги поздравил заложбите за зајакнување на партнерството во областа на снабдување на гас, што биле искажани во досегашната комуникација меѓу двете држави.

- Тој потенцираше дека за нас многу е важно да обезбедиме долгорочни договори за снабдување со гас, како и потенцијални инвестиции во гасната инфраструктура во Македонија, посочуваат од Собранието.

Министерот Шахбазов најавил дека веќе се разгледуваат можностите за зголемување на соработката со Македонија во делот на снабдувањето со природен гас и најавил дека на почетокот на есента оваа година планира да ја посети нашата држава.

На состанокот присуствуваа и пратениците Петар Марков, претседател на Пратеничката група за соработка со Азербејџан, пратеничката Имрлије Салиу-Фетаи, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

МВР: Лишен од слобода тетовец, управувал возило со брзина од 156 км на час

Лишен од слобода тетовец, управувал возило со брзина од 156 км на час на место каде дозволената брзина е 80 км на час, информираат од МВР:

МВР: Лишен од слобода тетовец, управувал возило со брзина од 156 км на час

На 17.06.2025 во 14.25 часот на патот Тетово-Гостивар, во близина на клучка Жеровјане, тетовско, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Д.Д.(56) од Тетово. При сообраќајната контрола и преземени мерки и активности, полициските службеници констатирале дека Д.Д. управувал патничко возило „мерцедес” со гостиварски регистарски ознаки со брзина од 156 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час.

Лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобзирно управување на моторно возило”.

притисни ентер