Кина ќе инвестира огромни пари во индустријата за чипови - Канал 5

Кина ќе инвестира огромни пари во индустријата за чипови

Кина планира пакет помош во вредност од повеќе од 135 милијарди евра за да ја развие својата индустрија за полупроводници, потврдуваат три извори.

Кина ќе инвестира огромни пари во индустријата за чипови

Пекинг планира да одобри еден од своите најголеми фискални стимулативни пакети за пет години, главно преку субвенции и даночни олеснувања за да го поттикне производството и истражувањето на полупроводници, велат изворите. Планот, кој според извори би можел да се реализира веќе во првиот квартал од следната година, се уште не е објавен.

Како што се дознава, најголемиот дел од финансиската помош би се искористил за субвенционирање на набавка на домашна полупроводничка опрема од кинески компании. Компаниите ќе имаат право на субвенција од 20 проценти за трошоците за набавка.

Кина објави дека развојот на индустријата за чипови е политички приоритет. Планот за фискална поддршка доаѓа откако американскиот претседател Џо Бајден го потпиша законот во август со кој се обезбедуваат грантови од 52,7 милијарди долари за производство и истражување на полупроводници во САД, како и околу 24 милијарди долари даночни олеснувања за фабриките за чипови.

Со стимулативниот пакет, Пекинг има за цел да ја зајакне поддршката за кинеските компании за чипови за изградба, проширување или модернизирање на домашни производствени капацитети за истражување и развој, велат изворите. Последниот план на Кина вклучува и повластена даночна позиција за домашната индустрија за полупроводници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“

Преку европскиот мировен фонд АРМ доби воена вресна над 40 милиони евра. 

Промоција на нова воена опрема во касарната „Илинден“

Презентацијата беше денека во касарната Илинден каде што имаже и показна вежба на припадниците на аримијата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УХМР: Викендов стабилно време, следнате недела повторно нестабилно

Од УХМР најавуаат дека барем во викендов ќе имаме стабилизација на времето.

УХМР: Викендов стабилно време, следнате недела повторно нестабилно

Сепак, следната недела повторно не очекуваат летни бури, проследени со поројни дожќдови и грмотевици...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!

Иако во пресрет на самитот на НАТО главната порака треба да е единство, антагонизмите меѓу сојузниците никогаш досега можеби не биле поизразени.

Трамп ја бранува алијансата пред самитот: Односот со НАТО не е реципрочен!

Само неколку дена пред состанокот на лидерите на Алијансата во Турција закажан на 6 и 7 јули, американскиот претседател Доналд Трамп повторно е незадоволен и повторно го отвори прашањето за нерамномерното издвојување за одбраната на земјите членки, оценувајќи дека односот на САД со НАТО „не е реципрочен“ и дека Вашингтон носи несразмерно голем финансиски товар.

„Смешно е што САД продолжуваат по овој едностран пат кога односот не е реципрочен. Тие не беа таму за нас!!!“, напиша Трамп на својата платформа Трутх Социал, помалку од една недела пред самитот на трансатлантската алијанса во Анкара,- – изјава Трамп на Трут сошијал.

Ваквата реторика дополнително ги разнишува трансатлантските односи во момент кога сојузниците треба да разговараат за зголемување на одбранбените трошоци од сегашните 3 на 5 отсто од БДП во наредните години, зајакнување на воените капацитети и барање на излез со војните во Украина но и Иран.

Дополнително, во Анкара, се очекува Канада да предложи иницијатива за формирање на т.н Банка за одбрана - нова меѓународна финансиска институција чија цел ќе биде дополнително да ги поддржи одбранбените и безбедносните проекти на сојузничките земји. Според западните агенции, институцијата првично би располагала со финансиски капацитет од околу 133 милијарди долари, а засега 19 земји би можеле да бидат меѓу основачите на новата финансиска структура, која според сегашните планови, на институцијата би можело да се приклучат дури 40 земји.

Засега, не се споменуват кои земји би членувале во оваа институција, кои би биле обврските но и какви кредити односно дополнителни инвестиции од сегашните воените капацитети на државите членки ќе се вршат покрај сегашните одвојувања кои се прават од буџетите на сојузниците.

Од друга страна Македонија, како што истакна неодамна министерот за одбрана Владо Мисајловски, веќе издвојува 4% од БДП за НАТО вклучително и за инвестициите во коридорите 8 и 10.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер