Кина ја обвини британска МИ6 за врбување двајца државни службеници - Канал 5

Кина ја обвини британска МИ6 за врбување двајца државни службеници

Кина обвини дека британската служба за надворешно разузнавање МИ6 регрутирала двајца службеници на неименувани кинески државни агенции за да шпионираат за британската Влада, објавија британските меидуми.

Кина ја обвини британска МИ6 за врбување двајца државни службеници

Според кинеското Министерство за државна безбедност, во моментов се води дополнителна истрага за случајот со двајцата наводни шпиони, кои се брачна двојка.

Кина и Велика Британија со месеци наназад си разменуваат обвинувања за шпионажа што ја загрозува нивната национална безбедност.

Кина во јануари откри скандал со шпионирање во кој МИ6 наводно користела странски државјанин во Кина за да собираат доверливи информации.

Во Велика Британија, пак, во април, две лица беа обвинети за давање чувствителни информации на Кина, а минатиот месец три лица беа обвинети за помагање на надворешното разузнавање на Хонг Конг во Обединетото кралство.

Во соопштението на кинеското Министерство за државна безбедност се наведува дека наводниот британски шпион, со презиме Ванг, во Велика Британија дошол во 2015 година со програма за академска размена, а притоа бил канет на вечери и патувања тајно организирани од МИ6. Оттаму наведуваат дека Ван бил „по парите“ и бил намамен на високо платена работа во консултантски услуги со скратено работно време пред службениците на МИ6 да го контактираат со понуда да работи за владата за уште поголема плата, што тој ја прифатил.

По обуката, МИ6 му наредила на Ванг да се врати во Кина за да собира важни информации поврзани со кинеската Влада.

Според извештајот, МИ6 го убедила Ван да ја регрутира и неговата сопруга, која работела во „клучна владина канцеларија“, во замена за двојно поголема награда, на што таа се согласила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојка

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако вчера на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.

Девојчето во Куманово брутално го претепале две малолетнички и една полнолетна девојка

Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но досега не бил пријавен во надлежните институции.

Шефицата на Основното јавно обвинителство куманово, Теута Бедиу – Рамадани, изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка. Според неа, едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички.

Од свр куманово потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец при што загина едно лице

Емиратите вчера го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец  при што загина едно лице, а осум беа ранети.

Емиратите го обвинија Иран за напад врз два танкера во Ормутскиот теснец  при што загина едно лице

Трамп најави дека САД ќе воведат царина од 20% како дел од новата блокада на водниот пат.

Американскиот претседател рече дека тие го напаѓаат Иран „многу силно“. Нападите беа извршени трета ноќ по ред, во услови на ескалација на нападите меѓу двете земји. Иранскиот министер за надворешни работи одговори на најавата за блокада велејќи дека Техеран ќе остане „чувар“ на протокот .

Спорот околу контролата врз Ормутскиот теснец се заканува да ги попречи напорите за завршување на војната иако Трамп инсистираше дека договор е сè уште можен.

Со зголемувањето на тензиите околу меѓународниот воден пат, Обединетите Арапски Емирати синоќа соопштија дека иранските крстосувачки ракети погодиле два национални танкери, при што загинал еден индиски член на екипажот и ранети се осум други, од кои четворица се во сериозна состојба.

Денеска цените на нафтата се зголемија на азиската берза цената на суровата нафта „Брент“ порасна за 0,7% на 83,87 долари за барел, додека цената на нафтата што се тргува на американскиот пазар беше за 0,9% повисока на 79,04 долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 41-годишниот Александар Лазаров викан „Цуната“, кој што во петокот избега од полициската станица во Кочани, каде што бил на распит откако бил фатен со дрога..

Распишана потерница за Александар Лазаров – Цуната што им избега на полицајците низ прозорец

Според информациите, тој го отворил прозорецот и се дал во бегство и уште не е пронајден.

Директорот на БЈБ, Александар Јанев, објави дека бил во полициската станица во Кочани за лично да се информира за сите детали и околности поврзани со настанот, кој, како што вели, сериозно ја наруши довербата во полициската служба.

-Бегството од полициската станица на лице познато на полициските служби е сериозен инцидент кој бара целосно расчистување на сите околности и преземање на соодветни мерки. Сакам јасно да порачам: ова е недозволиво. Доколку се утврди намерно постапување, помагање, прикривање или несовесно извршување на службените задачи, ќе има одговорност. – објави Јанев..

Опозиската СДСМ преку соопштени ја обвини власта дека намерно го пуштала Лазаров и побараа оставка од министерот Панче Тошковски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер