Кина изрази подготвеност за поголема соработка со САД на престојните трговски разговори во Стокхолм - Канал 5

Кина изрази подготвеност за поголема соработка со САД на престојните трговски разговори во Стокхолм

Кина денеска соопшти дека има намера да ја зајакне соработката со САД за време на трговските разговори што ќе се одржат следната недела во Стокхолм.

Кина изрази подготвеност за поголема соработка со САД на престојните трговски разговори во Стокхолм

Двете најголеми светски економии претходно си воведоа високи царини, што предизвика загриженост во глобалните економски и финансиски кругови, сè до постигнувањето на привремено примирје.

Американскиот министер за финансии, Скот Бесент, вчера потврди дека следната недела ќе се сретне со своите кинески колеги во шведската престолнина, со цел да се продолжи договорот што во моментов важи до средината на август.

- Кина се надева дека ќе соработува со САД врз основа на еднаквост, заемно почитување и корист за двете страни, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Го Цијакун, на прес-конференција во Пекинг.

- Ќе градиме консензус, ќе ги намалиме недоразбирањата, ќе ја зајакнеме соработката и ќе придонесеме за стабилен, здрав и одржлив развој на кинеско-американските односи, додаде тој.

Според Бесент, темите на разговор ќе опфатат широк спектар, вклучително и прашањето за кинеските нарачки на руска и иранска нафта, кои се предмет на американски санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД ги нападнаа иранските радари откако соборија беспилотни летала над Ормуз

Американските сили денес ги нападнаа иранските крајбрежни радарски системи откако соборија беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот теснец, соопшти американската војска

САД ги нападнаа иранските радари откако соборија беспилотни летала над Ормуз

Американските сили денес ги нападнаа иранските крајбрежни радарски системи откако соборија беспилотни летала лансирани од Иран кон Ормутскиот теснец, соопшти американската војска, во најновата ескалација што дополнително ги комплицира напорите за завршување на војната меѓу двете земји.

Американската војска верува дека четирите ирански беспилотни летала биле насочени кон поморскиот сообраќај во регионот, изјави американски функционер за Ројтерс. Американската централна команда (CENTCOM) објави на социјалната мрежа X дека потоа биле извршени напади врз иранските надзорни позиции во Горук и на островот Кешм, кои се наоѓаат долж Ормутскиот теснец.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека како одговор на американските напади, испукала ракети кон американските бази во регионот и отворила оган врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ теснецот без нејзина дозвола.

Кувајската воздушна одбрана пресретнала ракети и беспилотни летала од непознато потекло, објавија државните медиуми, додека сирените се огласиле во Бахреин и на жителите им било наредено да побараат засолниште.

Иран тврди дека ги погодил американските бази во двете земји со балистички ракети, но американската војска вели дека шест ракети биле пресретнати, додека седмата ја промашила целта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,

 Над 14.500 матуранти денеска почнуваат со полагање на државната матура.

Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,

Гимназијалците ќе избираат меѓу странски јазик, математика и историја, а на 11 јуни ќе го полагаат вториот екстерен предмет односно мајчин јазик и литература.

Матурантите од средните стручни училишта денеска ќе избираат меѓу англиски јазик и математика, а полагањето по македонски јазик за нив е закажано за 12 јуни.

Учениците од уметничките училишта денеска ќе избираат меѓу англиски и историја, а на 12 јуни ќе полагаат македонски јазик и литература.

Се очекува да полагаат над 14.500 матуранти, а годинава за првпат согласно новиот закон за средно образование има три различни типа завршен испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд и грмежи, температури до 34 степени

 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност попладне со услови на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

 Сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд и грмежи, температури до 34 степени

Според УХМР времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме со град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе достигне до 31 степен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер