Кина го тестираше својот најголем товарен дрон - Канал 5

Кина го тестираше својот најголем товарен дрон

Кинеската компанија „Тенгден“ го тестираше својот најголем товарен дрон досега.

Кина го тестираше својот најголем товарен дрон

Леталото е со капацитет до два тона, има распон на крилата од 16,1 метар долг е 4,6 метри, и е наменет за цивилна употреба, објавија денеска кинеските медиуми.

Стручњаците вчера извршија 20-минутен пробен лет со двомоторниот товарен дрон во југозападната кинеска провинција Сечуан. Произведен е во авиокомпанијата „Тенгден“.

Испораките на помали комерцијални дронови веќе почнаа во Кина.

Инаку, Кинеската државна компанија за воздухопловна индустрија (АВИК) планира следната година да продолжи со тестовите на својот двотонски дрон.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес оствари средба со фудбалерите и претставниците на Фудбалскиот клуб ”КУЛ”, по повод нивните одлични спортски резултати остварени во изминатата натпреварувачка сезона. 

Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ги пречека шампионите од ФК “КУЛ”

Повод за средбата беше двојниот успех на клубот - шампионската титула во младинската категорија и пласманот на сениорската екипа во Третата фудбалска лига.

Фудбалскиот клуб КУЛ ја одбележа сезоната со исклучителен успех на својата генерација 2010. Тимот на помладите пионери го освои првото место во Втората младинска лига. На средбата беше истакнато дека овој резултат претставува директна потврда за квалитетот, дисциплината и континуираната работа со младите категории кои се негуваат во клубот.

Покрај успехот на младинците, ФК КУЛ ја заокружи сезоната со уште еден значаен шампионски трофеј. Сениорскиот тим на клубот го освои првото место во својата лига, со што и официјално обезбеди пласман за натпреварување во третата лига од следната сезона.

Упатувајќи искрени честитки до сите играчи и тренери за остварените успеси, градоначалничката Стаменкоска Трајкоска потенцираше дека Општина Кисела Вода секогаш ќе биде искрен поддржувач на спортските таленти.

-Овој клуб е вистински пример за успешен развој на млади таленти кои со своите игри го потврдуваат квалитетот на македонскиот младински фудбал. Постигнатите резултати верувам дека се само почеток на нови спортски предизвици и уште поголеми достигнувања во иднина. Општина Кисела Вода секогаш стои зад вистинските спортски вредности и тука сме за да ги мотивираме младите да се насочат кон спортот и континуирано да напредуваат- порача градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фонд на ПИОМ за извештајот на ДЗР: Предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година

Фондот на ПИОМ нагласува дека по преземањето на функцијата, актуелниот менаџмент веднаш пристапи кон анализа на сите ризични процеси и воведе конкретни мерки за надминување на утврдените слабости. 

Фонд на ПИОМ за извештајот на ДЗР: Предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година

Во врска со конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија за 2024 година, Фондот ја информира јавноста дека станува збор за редовна годишна ревизија која се спроведува секоја година согласно закон и го опфаќа финансиското работење, усогласеноста на постапките и управувањето со средствата на институцијата.

Важно е да се нагласи дека предмет на ревизија е работењето на Фондот во текот на целата 2024 година.

Во првите девет месеци од ревидираниот период со Фондот управуваше раководен кадар именуван во време на претходната Влада предводена од СДСМ и ДУИ, додека актуелното раководство ја презеде одговорноста за управување со институцијата во последниот квартал од годината.

Поради тоа, најголемиот дел од ревидираните постапки, одлуки, договори, административни процеси и утврдени состојби се однесуваат на период кога Фондот функционирал под раководство на претходниот менаџмент.

Дополнително, значителен дел од забелешките на ревизорите се однесуваат на состојби кои се провлекуваат со години и биле нотирани и во претходни ревизорски извештаи, што укажува дека станува збор за наследени системски слабости.

Фондот на ПИОМ нагласува дека по преземањето на функцијата, актуелниот менаџмент веднаш пристапи кон анализа на сите ризични процеси и воведе конкретни мерки за надминување на утврдените слабости.

Во делот на јавните набавки отстранети се сите недостатоци забележани во наодите и се воспоставени дополнителни контролни механизми, зајакнати се процедурите за планирање и реализација на набавките и е воспоставен систем на повисока транспарентност и отчетност.

Истовремено, преземени се активности за средување на административните евиденции, подобрување на внатрешните контроли, унапредување на финансиското управување, зајакнување на институционалната дисциплина и подобрување на процесите поврзани со управувањето со средствата и имотот на Фондот.

Фондот на ПИОМ со полна одговорност оценува дека слабостите кои се однесуваат на тековното административно работење и на системот на јавни набавки се веќе надминати, а механизмите воспоставени на крајот на 2024 и во текот на 2025 година, значително го намалуваат ризикот од повторување на констатираните состојби во иднина и ова е нотирано во извештајот на ДЗР во прилот на забелешките од Фондот на ПИОМ.

Воедно, во јавноста се отворија прашања поврзани со обврските кон Фондот за здравствено осигурување и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб.

Во таа насока Фондот на ПИОМ смета дека е потребно да се истакне дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата.

Со одлуките донесени во изминатиот период, пензиите беа зголемени номинално за околу 7.000 денари месечно за сите 347.000 пензионери. Тоа значи дополнителни средства за пензионерите во износ од околу 30 милијарди денари на годишно ниво.

Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување.

Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот.

Исплатите по овие основи зависат од висината на средства обезбедени во буџетот на ПИОМ и реализацијата на овие стапки во буџетот на Фондот за 2024 година изнесува 82,24 проценти за ФЗО и 92,95 проценти за Вториот столб.

Фондот на ПИОМ смета дека најважно е што во ниту еден момент не е доведено во прашање здравственото осигурување на пензионерите.

Сите пензионери непречено и континуирано ги остваруваат своите права од здравственото осигурување и редовно ги добиваат здравствените услуги под исти услови како и досега.

Фондот на ПИОМ целосно ги прифаќа препораките на Државниот завод за ревизија и континуирано работи на нивна имплементација.

Истовремено, Фондот на ПИОМ останува посветен на принципите на законитост, отчетност, транспарентност и домаќинско управување со средствата на осигурениците и пензионерите.

Граѓаните и пензионерите треба да бидат уверени дека финансиската стабилност на Фондот, редовната исплата на пензиите, непреченото функционирање на пензискиот систем и континуираното обезбедување на здравствените права на пензионерите не се доведени во прашање и остануваат врвен приоритет на актуелното раководство на ПИОМ и Владата на Република Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1

Научниците открија нов вид пајак во дождовните шуми на Квинсленд, Австралија, кој не чека пасивно плен во својата мрежа, туку наместо тоа создава сложена механичка стапица во форма на конус.

Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1

Кога мравката ќе ја касне основата на оваа свилена структура, конците се кинат под напнатост и буквално ја катапултираат жртвата директно во мрежата на пајакот. Овој неверојатен инженерски подвиг од светот на пајаците, кој никогаш порано не е забележан во природата, сега е за прв пат фатен од научниците, објавува „CNN“.

Новооткриениот пајак, кој привремено припаѓа на родот „Propostira“ и сè уште чека официјално латинско име, е долг само пет милиметри, но неговата стапица генерира неверојатна сила.

„Оваа стапица е исклучително ефикасна бидејќи ослободува енергија толку брзо што, со оглед на нејзината големина, произведува илјадници пати поголема сила отколку што може да генерира мускул. Пајакот полека ја складира енергијата како да затега конец, а потоа ја ослободува за дел од секундата“, објасни за „CNN“ водачот на студијата Аџај Нарендра, професор и биолог на Универзитетот Маквари во Сиднеј.

Стапица прилагодена исклучиво за агресивни мравки

Интересно е што само еден специфичен вид паѓа на оваа смртоносна игра - зелената шумска мравка (Oecophylla smaragdina), позната по својата екстремна агресивност. Биолозите претпоставуваат дека пајакот ја развил оваа тактика токму за да ја искористи воинственоста на мравката, но и да ја тргне од вообичаениот пат и на тој начин да спречи да биде прегазена од цела колонија мравки. Експертите се сомневаат дека пајакот нанесува феромони на свилата што ги провоцира исклучиво овие мравки и ги принудува да нападнат.

„Ова е извонредно откритие бидејќи комбинира два аспекта што ретко се гледаат заедно: екстремни биомеханички перформанси и висок степен на еколошка специјализација“, коментираше Леонардо Делгадо-Санта, колумбиски професор по биологија кој не беше вклучен во истражувањето. Тој додаде дека системот е еволутивно неверојатно елегантен бидејќи самиот плен, преку своето агресивно однесување, го активира механизмот што води до неговата смрт.

Заседа во дождовната шума и забрзување 100 пати побрзо од Формула 1

За да ги добијат првите слики од овој механизам, научниците патувале илјадници километри и поминале ноќи во дивината снимајќи со инфрацрвени камери. Коавторот на студијата, Грегори Андерсон, бил првиот што ги забележал овие необични конуси, по што ги предупредил своите колеги.

„Веднаш помисливме дека ова е апсолутно бизарно и дека мора да истражиме“, се сеќава Нарендра. Пајакот ткае стапица од 15 до 60 затегнати нишки што потоа ги завиткува во тенка свила, создавајќи совршен катапулт.

„Сè заврши во еден миг“

Првата ноќ, механизмот се активираше толку брзо што камерата со голема брзина, која снима помеѓу 5.000 и 7.000 слики во секунда, целосно го промаши. „Сè заврши во еден миг“, рече Нарендра. Подоцна, сепак, тие успеаја да го снимат лансирањето и пресметаа дека забрзувањето на оваа свилена стапица е дури сто пати поголемо од забрзувањето на автомобил од Формула 1

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер