Кина го намали увозот на морска храна од Јапонија по испуштањето на вода од Фукушима

Кина нагло го намали увозот на морска храна од Јапонија, откако Токио почна да испушта вода од нуклеарната централа Фукушима во морето.

Вредноста на увозот на морска храна од Јапонија падна за 67 отсто во август во споредба со истиот месец минатата година, на околу три милијарди јапонски јени или околу 19 милиони евра, јави јапонската јавна телевизија NHK, повикувајќи се на податоци од кинеската царина.

Јапонската компанија Тепко, која е оператор на нуклеарната централа Фукушима, на 24 август почна да испушта повеќе од милион тони вода од централата во морето, што предизвика критики од Кина и локалните рибарски заедници.

Израелците тврдат дека уште 12 заложници се ослободени, од затвор излегуваат 30 Палестинци

Петтата рунда заложници е предадена на Црвениот крст, соопштија денеска израелските одбранбени сили.

Примопредавањето вклучува 10 Израелци и двајца странски државјани, соопшти ИДФ, додавајќи дека ослободените заложници се на пат кон израелска територија.

Во исто време, триесет палестински затвореници се очекува да бидат ослободени од израелските затвори, бидејќи примирјето меѓу Израел и Хамас продолжува, според информациите објавени и од Клубот на палестинските затвореници и од израелските затворски власти.

Меѓу лицата што треба да бидат ослободени се 15 жени и 15 машки деца, кои се под 18 години и се сметаат за деца според меѓународното право, објави Си-Ен-Ен.

На француски медицински брод ќе се лекуваат повредените Палестинци

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет.

Брод испратен од Франција се закотви во близина на брегот на Ел Ариш во северниот дел на Синај во Египет и ќе служи како пловечка болница за палестинските цивили повредени во војната меѓу Израел и Хамас во соседната Газа, соопшти францускиот претседател Емануел Макрон.

На бродот Диксмуд има 40 болнички кревети, што претставува дополителни 10 отсто на капацитетот на болничките услуги поставени во пустината на северен Синај, на границата со Газа, изјави француски дипломат за „Тајмс оф Израел“.

Бродот е опремен со хелиодром за да се овозможи брз трансфер на пациенти од египетскиот премин Рафа на бродот.

Планот е Диксмуд биде оперативен во наредните часови или денови, рекол францускиот дипломат, додавајќи дека Париз ги координира напорите со египетските власти и хуманитарните агенции на теренот.

На бродот ќе работат лекари од француското Министерство за одбрана, како и неговата цивилна здравствена санитарна резерва, која за првпат се распоредува во странство.

Ердоган: Израел мора да одговара за воените злосторства извршени во Газа

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска во разговор со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека Израел мора да одговара пред меѓународните судови за воените злосторства што ги изврши во Газа. 

Како што пренесуваат британските медиуми, Ердоган во телефонскиот разговор, пред состанокот на Советот за безбедност на ОН за Газа, закажан за утре, му кажал на Гутереш дека „Израел продолжува бесрамно да го гази меѓународното право, правилата на војната и меѓународното хуманитарно право, пред меѓународната заедница“.

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, како дел од таканаречената „контакт група“ на муслимански земји кои разговараат со западните лидери за Газа, ќе присуствува на утрешниот состанок во Њујорк, соопшти претходно Министерството за надворешни работи.

По нападот на Хамас врз јужниот дел на Израел, на 7 октомври, еврејската држава почна воздушна и копнена офанзива против оваа и другите палестински милитантни групи во Појасот Газа, а досегашниот биланс на жртви е над 13.000 убиени Палестинци.

притисни ентер