ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
1ВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
СветКина ги повикува САД да престанат да ја обвинуваат за кризата со фентанилКина денеска ги повика САД да престанат да ја обвинуваат за кризата со фентанил и ги осуди „неоправданите царини“ што ги наметна Вашингтон поради билатералниот спор. Коментарите на Пекинг дојдоа еден ден откако двете светски сили објавија договор за драстично намалување на казнените царини што ги наметнуваат едни на други веќе 90 дена. Дополнителните царини што ги наметнаа САД за кинески стоки, покрај оние што веќе се во сила, достигнаа 145 проценти и ќе бидат намалени на 30 проценти. Останатите 30 проценти вклучуваат 20 проценти што ги наметна американскиот претседател Доналд Трамп за да изврши притисок врз Пекинг да се справи со трговијата со фентанил. Моќниот синтетички опиоид убива десетици илјади Американци секоја година. Трговскиот претставник на САД, Џејмисон Грир, вчера изјави дека Вашингтон и Пекинг ќе работат „конструктивно“ по прашањето на фентанилот, за кој некои од хемиските прекурсори се произведуваат во Кина. Прашан денеска за перспективите за дијалог по ова прашање, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Џијанг, рече дека Кина покажува добра волја, но не е виновна за кризата. „САД ја игнорираа добрата волја на Кина и неоправдано воведоа царини за фентанил. Ова сериозно го поткопува кинеско-американскиот дијалог и соработка во борбата против наркотиците и сериозно им штети на интересите на Кина. Ако САД искрено сакаат да соработуваат со Кина, треба да престанат да го клеветат и обвинуваат Пекинг и да започнат дијалог врз основа на еднаквост, почитување и заемна корист“, рече Лин Џијанг на редовната прес-конференција. САД ја критикуваа Кина дека не прави доволно за борба против нелегалното производство и извоз на прекурсори за производство на фентанил. Кинеските власти постојано ги негираа овие обвинувања и во последните месеци детално ги опишуваат мерките што ги презедоа за да спречат каква било нелегална трговија со овие супстанции. /МИАТагови: Кина САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ-Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банкаСДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари.Филипче заедно со својот ментор Зоран Заев должат јасни, јавни и недвосмислени одговори дали знаеле за трансферот на 110 милиони евра сомнителни пари од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал каква било улога или влијание во реализацијата на овие трансакции? Станува збор за сериозни наводи за финансиски трансакции реализирани во 2019 година преку Еуростандард банка, во периодот кога Зоран Заев беше претседател на Владата, а Венко Филипче министер за здравство. Особено загрижува фактот што трансакциите биле поврзани и со земји како Русија, Белорусија и Србија, што отвора дополнителни прашања за потеклото на средствата, нивната намена и политичките и финансиски влијанија. Значи, каде се Филипче и Заев, таму има и руски, и белоруски и српски влијанија, а секогаш на штета на државните интереси. И поаѓајќи од себе, кај СДС и Филипче проработува Фројд и мислат дека сите како нив и постапуваат со задни намери, за лични интереси. Но, разликата е јасна и сите ја гледаат. Сега имаме одговорна власт која ги штити финансискиот систем, банките и граѓаните, а не власт како таа на СДС која банкротира банки и штедачите ги остава без своите пари. Има голема разлика, не сме сите исти. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПретседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во АнталијаПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени.Предвидено е претседателката да се обрати на првата пленарна сесија за шефови на држави и влади, како и на дијалогот на високо ниво, посветен на транзицијата кон чиста енергија и електрификацијата. Таа ќе оствари билатерални средби со дел од учесниците на самитот. Во состав на македонската делегација на COP31 се министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.Тагови: Сиљановска - Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо полиција задржан романскиот возач на камионот по верижните судири на автопатот „ТракијаБугарската влада го прогласи 11 ноември за ден на национална жалост по вчерашната трагедија во која во верижен судир на автопатот „Тракија, загинаа 11 лица, а 51 лице се повредени.Романскиот возач на камионот, кој учествувал во еден од двата верижни судири на автопатот „Тракија“ во бугарија, е задржан во полиција.Тој веќе бил сослушан, а се очекува повторно да даде исказ во текот на денот.Засега не е утврдено како се движел камионот непосредно пред несреќата. Според првичните информации, видливоста на автопатот нагло се намалила.Полицијата проверува дали камионот се движел со мала брзина или се вклучувал од споредна лента.Во двата верижни судири, во близина на клучката Зимница, учествувале вкупно 86 возила.Во правец кон Бургас се судриле 63 возила, а кон Софија уште 23. Бугарските истражни органи најавија дополнителни вештачења за утврдување на причините за несреќата .Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter