Кина ги повика своите државјани да ги одбегнуваат зоните на судири, по апсењата во Украина - Канал 5

Кина ги повика своите државјани да ги одбегнуваат зоните на судири, по апсењата во Украина

Кинеските власти денеска ги повикаа своите државјани да избегнуваат конфликтни зони бидејќи украинските власти соопштија дека уапсиле двајца кинески државјани за кои се верува дека се бореле со руската армија во источна Украина.

Кина ги повика своите државјани да ги одбегнуваат зоните на судири, по апсењата во Украина

„Кинеската влада секогаш ги повикуваше своите граѓани да се држат настрана од областите на вооружени конфликти, да избегнуваат вмешаност во вооружени конфликти од секаков вид, а особено да избегнуваат учество во воени операции од која било страна“, изјави Лин Џианг, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека неговата армија првпат заробила кинески војници, за кои тврди дека се бореле за руската армија, во источна Украина.

„Нашата армија зароби двајца кинески државјани кои се бореа со руската армија против украинските сили во регионот Доњецк, на исток“, рече Зеленски на социјалните мрежи.

„Имаме информации дека во окупациските единици покрај овие двајца има уште многу кинески државјани“, додаде претседателот на Украина.

Зеленски напиша и дека побарал од МНР веднаш да стапи во контакт со Пекинг и да побара објаснување, а побара реакција и од западните земји.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крај на хидрауличните сопирачки? „Brembo“ има сосема ново решение

„Brembo“ ги развива сопирачките на иднината со вештачка интелигенција и електронска контрола.

Крај на хидрауличните сопирачки? „Brembo“ има сосема ново решение

Со зголемениот број на хибридни и електрични автомобили, класичните хидраулични системи за сопирање стануваат сè помалку релевантни, бидејќи дел од забавувањето го преземаат електричните мотори преку регенеративно сопирање. Затоа „Brembo“ разви сосема нов систем за сопирање, „Sensify“, кој ја елиминира хидрауликата и се потпира исклучиво на електронска контрола.

Новиот систем користи технологија „brake-by-wire“, т.е. електронска врска помеѓу педалата за сопирање и системот за сопирање. Наместо течност за сопирање, „Sensify“ користи сензори, електронски актуатори и софтвер базиран на вештачка интелигенција.

Контролната единица го анализира притисокот што возачот го применува на педалата за сопирање, а потоа самостојно ја регулира силата на сопирање на секое тркало, постигнувајќи поголема прецизност, подобра стабилност на возилото и поефикасно сопирање.

„Brembo“ наведува дека „Sensify“ може лесно да се интегрира во нови платформи или во постојните системи како дел од напредните безбедносни пакети. Со елиминирање на хидрауличните компоненти, системот зафаќа помалку простор, е полесен и им овозможува на производителите поголема слобода во дизајнот на возилата. Новата технологија покажува каде ќе се развиваат системите за сопирање, особено кај електричните автомобили, каде што електрониката и софтверот играат сè поважна улога.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!

Антонио Милошоски денес панично го обвинува СДСМ, сакајќи да создаде алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ, чиј рок веќе истече.

СДСМ: Милошоски и криминалната група ВМРО, панично бараат алиби за сопственото неисполнување на обврските кон ЕУ!

Милошевски кој денес го обвинува претседателот на СДСМ, не би можел воопшто да одржи прес конференција на тема Изборен законик, доколку беше донесен законот за двојно државјанство - кој панично го повлекоа од процедура за да не останат без министри во Владата ниту без пратеници во Собранието.

Човек со бугарско државјанство нема легитимитет да одлучува за изборните правила на македонската држава.

Она што денес го гледаме е паника во редовите на ВМРО.

Тие брзаат да го донесат законот затоа што нема пари во буџетот, економијата е во колапс, а веќе нема пари ниту за пензии. Затоа им се брза на предвремени избори.

Со реформската агенда не направија ништо. Мицкоски лично вети дека сè од реформите ќе биде завршено до 1 Јуни.

Како изгледаат нивните „реформи“, јасно покажува фактот дека реформскиот закон за Судски совет, Европа го врати на повторно реформирање.

Така изгледаат реформите кога ги спроведува организирана криминална група.

Сега, за неисполнувањето на обврските кон ЕУ, повторно бараат алиби кај опозицијата поточно кај СДСМ, како единствена вистинска опозиција.

За да им биде јасно на граѓаните каков е овој предлог на Изборен закон, СДСМ уште денес ќе поднесе амамдмани кон текстот на истиот.

Сè што прави ВМРО-ОКГ е криминал, па така и овој закон.

ВМРО е во паника затоа што веќе загуби 150.000 гласови, рејтингот на Мицкоски е целосно урнат поради секојдневните лаги, пари нема, па единственото што им преостанува е да ги забрзаат предвремените избори.

Законот за техничка влада го укинаа на сила, без консензус. Сега го прават истото и со Изборниот законик.

Наместо да ги решаваат најважните точки од реформската агенда, повторно прават претстава.

Сè е еден голем театар со веќе познати глумци и нивните сателити.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и заштита од пожари

Денеска (29.06.2026) полициски службеници од СВР Куманово, СВР Штип и Полициското одделение Чашка на подрачјата на општините Липково, Берово, Свети Николе, Пробиштип и Чашка реализираа превентивни активности за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи. На граѓаните им беше посочено дека е потребна континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување како фрлање и палење ѓубре, палење оган на отворен простор и во близина на шумски појаси, фрлање на отпушоци и сл. со цел брза и навремена реакција. Исто така, на граѓаните им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, кое соодветно законски се санкционира.

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци и ОВР Делчево во Кавадарци и Делчево пак, реализираа сообраќајна превентивна активност на тема „Вози технички исправно возило“, при што, беше нагласена обврската за редовно одржување на техничка исправност на возилата, како клучен предуслов за безбедно учество во сообраќајот, додека полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Неготино, во Неготино реализираа превентивна активност на тема „Користи сигурносен појас“, нагласувајќи ја обврската за задолжително користење на сигурносен појас во возилата, но и за доследно почитување на сите сообраќајни правила и прописи. Притоа, на возачите им беше укажано дека користењето на сигурносен појас е законска обврска како за нив, така и за патниците во возилата, со цел зголемување на личната безбедност.

Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во Скопје денеска реализираа превентивни активности насочени кон возачите на мотоцикли, електрични тротинети и велосипеди, при што возачите беа потсетени на правилата и обврските за внимателно и одговорно учество во сообраќајот, особено за обврската за носење заштитен шлем. Во Виница, превентивните активности беа насочени кон запознавање на граѓаните со последиците што можат да настанат доколку користат мобилен телефон додека управуваат возило. Во рамки на превентивните активности беше поделен печатен едукативен материјал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер