Кина: Епидемијата на Ковид-19 е „главно“ завршена - Канал 5

Кина: Епидемијата на Ковид-19 е „главно“ завршена

Кинеските здравствени власти денеска објавија дека епидемијата на коронавирус во земјата е „главно“ завршена, но не целосно, бидејќи од 8 јануари се откриени седум увезени случаи на високо преносливата варијанта XBB.1.5.

Кина: Епидемијата на Ковид-19 е „главно“ завршена

Официјални лица денеска рекоа дека „големата решавачка победа“ на Кина над Ковид-19 постави пример за големите нации во превенцијата и контролата.

Кинеските лидери прогласија „одлучувачка победа“ против Ковид-19 минатата недела. Тие тврдат дека имаат најниска стапка на смртност во светот, иако експертите ја доведуваат во прашање таа бројка бидејќи вирусот неодамна брзо се прошири низ Кина, откако три години во голема мера беше под контрола.

Кина го зајакна својот здравствен систем бидејќи очекуваше ширење на вирусот во руралните области.

Официјалните лица на брифингот за новинари денеска рекоа дека бројот на кревети за интензивна нега се зголемил на 404.000 од 198.000.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатини

Стотици спасувачи во југозападна Кина се во трка со времето откако свлечиште утрово го погоди градот Чонгкинг, при што беа уништени згради, а жители останаа заробени под кал и урнатини.

Видео: Огромно свлечиште затрупа домови во Кина, луѓе останаа заробени под кал и урнатини

Катастрофата е една од неколкуте предизвикани од обилните врнежи и од екстремните временски услови кои погодија делови од кина во последните недели. Поради ситуацијата, на местото беа испратени високи претставници за спасување од Пекинг.

Локалните претставници во Чонгкинг забележале повремени одрони на карпи и издале итно предупредување околу 8 часот утринава, а според извештајот, околу еден час подоцна се случило големо свлечиште кое поминало низ неколку станбени објекти и ги заробило жителите кои биле во процес на евакуација.

Властите соопштија дека спасувачката операција продолжува и дека сите информации за евентуални жртви ќе бидат објавени подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Некои подароци не се мерат по нивната вредност, туку по приказната што ја носат, напиша на својот Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Десетгодишно момче од Украина му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка

Десетгодишно момче од Украина, кое од синоќа престојува во Кавадарци, денес му подари на градоначалникот Митко Јанчев знаме и ознака од воената единица на својата мајка – подарок со огромна симболика и значење.

Неговата мајка веќе четири години е на фронтот, бранејќи ја својата татковина. Четири години во кои ова дете расте со надеж дека повторно ќе ја прегрне.

Со овој скромен, но исклучително значаен гест, момчето ја изрази својата благодарност за можноста да престојува во Кавадарци, каде заедно со другите деца од најпогодените воени подрачја ќе помине десет дена исполнети со мир, дружење, спортски и културни активности и нови пријателства.

Постојат подароци што немаат материјална вредност, но носат приказни кои засекогаш остануваат во сеќавање. Денешниот е токму таков, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.

Општина Карпош го одбележува меѓународниот ден на шахот со „Шаховско утро“

Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување.

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден.

Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот.

Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер