Кина бара од Меѓународниот суд на правдата да се изјасни за израелската окупација - Канал 5

Кина бара од Меѓународниот суд на правдата да се изјасни за израелската окупација

Правниот советник на кинеското Министерство за надворешни работи Ма Синмин денеска побара од Меѓународниот суд на правдата во Хаг да се изјасни за израелската окупација на палестинските територии, за која посочи дека е незаконска.

Кина бара од Меѓународниот суд на правдата да се изјасни за израелската окупација

- Поминаа 57 години од почетокот на израелската окупација. Нелегалната природа на окупацијата и суверенитетот над окупираните територии остануваат непроменети, истакна Ма пред судот во Хаг, кој сослушува аргументи од повеќе од 50 земји оваа недела, откако во 2022 година Генералното собрание на Обединетите нации побара Судот да даде свое необврзувачко мислење за правните последици од израелската окупација.

Сослушувањата се дел од напорите на Палестинците да ги натераат меѓународните правни институции да го истражат однесувањето на Израел, особено по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и воениот одговор на израелската армија во кој загинаа најмалку 29.000 Палестинци во Појасот Газа.

Израел, кој не учествува во дискусиите, во писмен коментар рече дека мешањето на судот може да биде штетно за евентуалното постигнување договор.

Палестинските претставници во понеделникот (19 февруари) побараа од судиите да ја прогласат окупацијата на Израел за нелегална, додавајќи дека нивното мислење може да помогне да се постигне решение за две држави. Се очекува дека на судиите ќе им требаат околу шест месеци за да донесат одлука за израелската окупација.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Мучунски, попладнево оствари телефонски разговор со високата претставничка на Европската унија за надворешна политика, Каја Калас.

Телефонски разговор Муцунски – Калас

Во разговорот, високата претставничка Калас ја потврди континуираната поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.

Министерот Мучунски ја реафирмираше посветеноста на нашата земја на европските вредности – владеење на правото, дијалог и добрососедска соработка – како темели на процесот на пристапување кон Европската унија.

Во рамки на разговорот стана збор и за регионалното поврзување, при што министерот ја подвлече поддршката за Коридор 8 како стратешки приоритет за инфраструктурна интеграција на регионот.

Соговорниците разменија мислења и за состојбите на Блискиот Исток, заеднички нагласувајќи ја потребата од почитување на меѓународното право и избегнување на понатамошна ескалација.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

На скопскиот аеродром вечерва пристигнува првата група од осум македонски државјани кои се евакуирани од Израел.

Вечерва пристигнува првата група македонски државјани кои се евакуираат од Израел

Тие попладнево полетаа од аеродромот во Шарм Ел Шеик во Египет.

Пред министерството за надворешни работи е Елизабета Дамјановска Спасеноска.

Кога се очекува тие да пристигнат во земјава?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

 Во денешниот израелски напад уште една експлозија одекна во близина на седиштето на Иранската државна телевизија (ИРИБ).

Нова експлозија во близина на Иранската државна телевизија

Израел вчера првпат ја нападна зградата на ИРИБ, сместена во северниот дел на Иран.

По вчерашниот израелски напад, ИРИБ кратко време не емитуваше програма. По неколку минутен прекин, ИРИБ повторно почна да емитува програма, а на екраните има и порака дека „сите програми продолжуваат во живо, без прекини“, како и дека Израел „во брутален напад гаѓал една од зградите на иранската државна телевизија“.

Иран по првиот напад врз ИРИБ издаде предупредувања за евакуација за израелските телевизии.

притисни ентер