Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море - Канал 5

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Кина побарала од Иран да го искористи своето влијание врз јеменските Хути. Целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море.

Кина бара од Иран да влијае врз Хутите, целта е да се спречи натамошното ширење на конфликтот во Црвеното море

Барањето следело по апелот на Саудиска Арабија до Пекинг..Хутите во изминатата недела ги засилија активностите долж брегот на Црвеното море.

Тие напредуваа и во близина на стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб.Кина јавно повика на воздржаност, дијалог и безбедна пловидба.според ирански извори, Техеран смета дека стабилноста зависи од завршувањето на конфликтот.

Пекинг е загрижен за безбедноста на клучните енергетски и трговски маршрути.Кина е најголем трговски партнер на Иран и значаен купувач на неговата нафта.

Пекинг во 2023 година посредуваше и во приближувањето на односите меѓу Иран и Саудиска Арабија.

Сепак, не е јасно дали Техеран ќе постапи според барањето на Кина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

Нов Зеланд не водел разговори со Европската Унија за можноста да стане придружна членка, изјави денеска портпаролот на новозеландскиот министер за надворешни работи Винстон Питерс, откако ЕУ објави дека разгледува таков предлог за Канада. 

Нов Зеланд: Не сме разговарале со ЕУ за статусот на придружен член

„Немало никакви дискусии со ЕУ за тоа Нов Зеланд да стане придружна членка“, рече портпаролот, како што пренесе Ројтерс.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во средата изјави дека сака да ѝ ја отвори вратата на Канада да стане првата „придружна членка“ на ЕУ, во обид да се воспостават нови врски меѓу сојузниците во „отворено непријателски свет“.

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на ЕУ со царини доколку продолжи со предлогот за Канада, нарекувајќи ја идејата „смешна“.

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, вчера изјави дека Австралија и Нов Зеланд би можеле да го следат примерот на Канада во продлабочувањето на односите со ЕУ.

„Не се сомневам дека во ова ќе бидат вклучени и други земји“, рече таа во интервју за телевизиската мрежа „Еуроњуз“. „Тоа веќе го гледаме, вклучително и во однос на законодавството што го усвојуваме, каде што партнери од целиот свет – како Австралија и Нов Зеланд – ни порачуваат: сакаме да ги продлабочиме нашите односи.“

Австралискиот министер за трговија, Дон Фарел, во вторникот изјави дека Австралија е „на иста бранова должина“ со Канада во однос на напорите за воспоставување посилни врски со ЕУ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Самба во Манчестер – запамтете го ова име!

Младиот фудбалер Флојд Самба е главна тема на вечерта во светскиот фудбал, откако остави одличен впечаток на своето деби за Манчестер Сити.

Самба во Манчестер – запамтете го ова име!

17 годишниот Флојд Самба вчера дебитираше за првиот тим на Манчестер Сити и „не само што блесна на ’Етихад‘, туку и го засени уште еден многу познат тинејџер од Манчестер“, пишува Би-би-си по победата на Сити од 5:0 против Норич во Лига-купот.

„Сториите на порталите, објавите на социјалните мрежи и новинските колумни оваа недела беа преплавени со вести дека високоценетиот 15-годишен напаѓач Џеј-Џеј Габриел е пред заминување од Манчестер Јунајтед. Сепак, таа приказна во петокот беше засенета од импресивното професионално деби на 17-годишниот Самба, кој постигна два гола во победата на Сити од 5–0“, се вели во текстот со кој тинејџерот му се претставува на јавноста.

Флојд Самба е германски младински репрезентативец, има само 17 години и вечерва блесна против Норич во победата од 5:0 на „Сити“ во осминафиналето на Лига-купот.

Самба го отвори резултатот со прекрасен удар со глава во 29-тата минута, по асистенција на уште еден дебитант во дресот на „Граѓаните“ – Бразилецот Алан.

Шерки зголеми на 2:0 во 32. минута, а потоа Алан го круниса своето деби со прекрасен гол во 48. минута, повторно насочувајќи го вниманието кон Самба. И како да не биде така, со оглед на одличниот гол што го постигна во 54. минута, по втората асистенција на Аит-Нури. Уште еден тинејџер, Рајан Мекаду, го постигна петтиот гол во 90. минута од натпреварот. Во осминафиналето на Лига-купот, Сити ќе се соочи со Брајтон, кој претходниот ден го шокираше Јунајтед на „Олд Трафорд“.

Презимето Самба им е добро познато на долгогодишните следбеници на Премиер-лигата, забележува Би-би-си, потсетувајќи дека Флојд е син на поранешниот одбранбен играч на Блекбурн и КПР, Кристофер Самба, кој одиграл 171 натпревар во Премиер-лигата за тие два клуба, како и уште 12 во Чемпионшип за Астон Вила.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ

Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ, за денес да штитат поединци и моќници блиски до нив.

ВМРО-ДПМНЕ: Овој правосуден систем со 2% доверба го партизираа СДС и ДУИ

Овој правосуден систем со 2% доверба, кој штити политички моќници од опозициските редови, го создадоа и партизираа СДС и ДУИ.

А, сега гледаме дека таквата партизација со нивни инсталации бирани во партиските штабови во Струмица и Зајас, СДС и ДУИ го правеле, за сега да ги штитат нивните интереси и на нив блиските моќни поединци.

Дел од инсталациите во правосудниот систем, блиски и дел до структурите на СДС се лица како Весна Дамева, поранешен претседател на Судскиот совет, која била член на партиска комисија на СДС.

Тука е и Добрила Кацарска, судијката која изрече вкупно 211 години затвор за случајот 27 април, па како награда, СДС ја инсталираше во Уставниот суд, која денес продолжува да работи во нивен интерес и за политички поени, грчевито да се бори да го укине линеарното зголемување од 7000 денари на пензиите.

Не треба да го заборавиме Наќе Георгиев, кој токму во периодот на власта на СДС, напредуваше до Врховниот суд, а потоа стана и член на Судскиот совет.

И секако, во оваа екипа дел е и Вилма Русковска, обвинителката која го застапуваше обвинението за 27 април, која стана еден од главните симболи на обвинителството во времето на СДС и на ДУИ.

Ова е класична партизација и инсталација на подобни кадри во правосудството, кои наместо во интерес на правдата и граѓаните, работат за да ги заштитат интересите на СДС и ДУИ.

Овие лица со години напредуваа во кариерите, извршуваа дел од највисоките позиции во правосудството, за сметка денес да бидат заштитени поединци и моќници блиски до СДС и ДУИ, како што е и еден од последните случаи на затворање на истрагата на модуларните болници и спасот од кривична одговорност на Венко Филипче.

Поголем доказ од ова дека правосудните инсталации на СДС и на ДУИ имаат име и презиме, нема.

Но тоа што треба да се знае е дека, веќе е време во Македонија да стави крај на правосудство предводено од СДС и ДУИ и законот да важи еднакво за сите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер