3Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди, се најавува и локална нестабилност со пороен дожд
Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
2Македонија со најбројна делегација досега – околу 130 учесници во 19 спортови на Медитеранските игри во Таранто
ФудбалКин пуштен од болницаНапаѓачот на италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина, Мојсе Кин, кој колабираше на теренот во неделата откако доби удар во главата за време на натпреварот од Серија А против Верона, е пуштен од болница објави денеска неговиот клуб.Кин ја повреди аркадата при дуел за топка со Павел Давидович кој го удри со колено во лицето. Лекарите му пружија помош на 24-годишниот напаѓач на Фиорентина, по што Кин се врати во игра. Но, тој одеднаш загуби рамнотежа и падна на тревата, а играчите од двата тима повикаа лекари кои втрчаа на теренот. Вториот најдобар стрелец во Серија А оваа сезона со 15 голови беше изнесен од теренот на носилки и итно пренесен во болница во Верона. „Фиорентина може да потврди дека Мојсе Кин е отпуштен од болницата во Верона во текот на ноќта и се врати во Фиренца. Сите медицински и дијагностички тестови дадоа негативни резултати“, се вели во соопштението на италијанскиот клуб. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаМодели со вештачка интелигенција избегале од изолација и извршиле хакерски напад!?Два модела на вештачка интелигенција од OpenAI независно излегле од изолирана средина и се инфилтрирале во системите на платформата „Hugging Face“ за да направат измама на еден внатрешен тест. OpenAI синоќа го пријави инцидентот, прецизирајќи дека во него биле вклучени комбинација од нивниот најнов јавно достапен модел, GPT-5.6 Sol, и еден уште помоќен модел кој не е достапен за јавноста. Овој настан поттикна дебата за безбедноста и сè поголемите способности на системите со вештачка интелигенција. -Моделите беа дел од внатрешно тестирање чија цел беше да се проценат нивните способности во областа на сајбер-безбедноста. Тестирањето се спроведе без вообичаените безбедносни ограничувања кои инаку би ги спречиле да извршуваат такви операции. Тестот се одвиваше на ExploitGym, јавен систем за евалуација на сајбер-безбедноста, а моделите правилно заклучија дека решенијата за тестот се наоѓаат на серверите на Hugging Face, се наведува во соопштението на OpenAI. „Моделите идентификуваа и искористија повеќе слабости во истражувачкото опкружување на OpenAI и во продукциската инфраструктура на Hugging Face за директно да ги преземат решенијата за тестот од базата на податоци“, соопштија од OpenAI. „Сите докази укажуваат на тоа дека тие беа исклучително фокусирани на наоѓање решение за ExploitGym и презедоа екстремни чекори за да ја постигнат таа конкретна цел“, се додава во соопштението. Од OpenAI изјавија дека инцидентот го сметаат за сајбер-напад од исклучителни размери, кој вклучува најнапредни офанзивни способности забележани досега, и дека нивниот одговор ќе биде соодветен на тоа. Експертите за сајбер-безбедност долго време предупредуваа на можноста за вакви напади. За да се сфати сериозноста на овој инцидент, најпрво треба да се разбере што всушност претставува Hugging Face. Станува збор за американска платформа со седиште во Њујорк, основана во 2016 година, која во заедниците за ИТ и вештачка интелигенција често се нарекува „GitHub за вештачка интелигенција“. Таа служи како глобален центар каде што повеќе од милион експерти, истражувачи и компании разменуваат отворени модели на вештачка интелигенција, збирки на податоци и софтверски алатки. Следствено, пробивот во моделите на OpenAI на нивните сервери не претставуваше само напад врз ИТ-компанија, туку и директен упад во критичен дел од глобалната инфраструктура врз која се потпираат современиот развој и тестирањето на вештачката интелигенција. Извор: Индекс.хрТагови: вештачка интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНевремето предизика проблеми и на скопскиот аеродромНевремето предизика проблеми и на скопскиот аеродром, каде поради протекување на кровот беше предизвикан прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина информираат од Министертвото за внатрешни работи.Во транзитниот центар Табановце се регистрирани оштетувања на дел од привремените објекти за сместување на мигранти на подрачјето на СВР Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови . Во штипскиот регион регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.На подрачјето на Тетово евидентирани се 5 настани, од кои 3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови. Во Велес и околината пријавени се две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја.Во струмичко пријавени се паднати електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати СкопјеПетнаесет повредени лица се примени во скопските клиники по невремето што вчера го зафати Скопје. Најсериозно е повредена повозрасна жена што се здобила со повреда на главата по пад на дрво. 100 тици дрвја беа откорнати низ целиот град, откорнати беа кровови од станбени објекти. Летаа предмети од силниот ветер,според информациите ветрот достигнал брзина и до 90 километри на час, а на единствениот број за итни повици 112 штети пријавиле над илјада граѓани. Невремето беше кратко, но многу интезивно за само 10 минути направи вистински хаос.Тагови: Град Скопје невремето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook