Ким со нов вкус за мажи: Да сретнам биохемичар, доктор, адвокат (ФОТО)

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан гостуваше во емисијата на Џејмс Корден каде зборуваше и за својот љубовен живот, бидејќи неодамна раскина со Пит Дејвидсон.

На прашањето како наоѓа дечковци и дали користи апликации за запознавање или каде ги наоѓа потенцијалните кандидати за врска, Ким рече дека сега одвоила време за себе и направила пауза од врските. Нејзината цел е да дипломира на правен факултет. Таа открива и кои се нејзините нови критериуми за дечко.

„Размислувам да тргнам по друг пат, овој очигледно не функционира. Можеби во болница да запознаам лекар или во адвокатска канцеларија правник. Научник, невронаучник, биохемичар, доктор, адвокат... Тоа може да е нешто што го замислувам во иднина“, објасни Ким.

Водителот се пошегува дека гледачите потоа ќе читаат наслови во медиумите за тоа дека Ким е видена во НАСА.

Да потсетиме, Ким беше во брак со раперот и дизајнер Канје Вест, со кој има четири деца, а по разводот извесен период се забавуваше со комичарот Пит Дејвидсон, но ниту тоа не траеше.

Регистрирани се 96 новозаразени со КОВИД-19, последните 3 дена пријавени се 4 починати лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.09 до 26.09.2022) направени се 962 тестови, а регистрирани се 96 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 66, Куманово - 5, Велес – 4, Прилеп, Тетово, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 3, Битола и Штип – по 2, Гевгелија и Неготино – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (96), регистрирани се 19 реинфекции.

Регистрирани сe 288 оздравени пациенти од: Скопје – 131, Куманово и Прилеп – по 21, Битола - 19, Охрид и Штип – по 12, Ресен и Делчево – по 10, Струмица – 8, Велес и Кавадарци – по 6, Гевгелија, Радовиш и Крушево – по 5, Демир Хисар – 4, Тетово – 3, Кичево, Гостивар и Крива Паланка – по 2, Неготино, Валандово, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 3 дена (24.09 - 26.09.2022) пријавено е едно починато лице, од Скопје (87г) и истото е починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 3 починати лица. Од починатите лица, 2 се пријавени од Скопје (91г и 89г) и едно лица од Кавадарци (71г). Од пријавените починати лица, 2 се починати во домашни и едно лице во болнички услови. Лицата за починати се пријавени во период од 29.08 до 15.09.2022 година.

Направени се 962 тестови преку: ИЈЗ-116, ЦЈЗ Скопје-104, ЦЈЗ Битола-19, ЦЈЗ Прилеп-5, ЦЈЗ Тетово-8, ЦЈЗ Куманово-31, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија–46, Жан Митрев (Филип Втори)-22, Авицена-23, Биотек-38, Систина-14, лабораторија Лаор-8, Синлаб-2, Ремедика-5, Плодност-0, Генеа-3, Никоб Лаб-48, ВФВ Медикал-11, Ели Медика Плус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–3, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–1, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 441.

Досега во земјата се направени вкупно 2.166.641 тестирање на КОВИД-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 342.615, бројот на оздравени пациенти е 332.710, на починати е 9.531, а бројот на активни случаи изнесува 374.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје      161223, Активни   230

Куманово    18199, Активни    15

Битола      17910, Активни    21

Прилеп      15476, Активни    19

Тетово      14453, Активни    9

Кавадарци   12073, Активни    15

Велес 10794, Активни    19

Охрид 10302, Активни    10

Гостивар    10274, Активни    1

Струмица    8774, Активни     0

Штип  8747, Активни     9

Кичево      6069, Активни     6

Кочани      5544, Активни     0

Струга      5171, Активни     0

Гевгелија   4875, Активни     2

Неготино    4137, Активни     5

Ресен 3029, Активни     7

Радовиш     2834, Активни     2

Свети Николе      2793, Активни     0

Крива Паланка     2660, Активни     1

Делчево     2183, Активни     0

Берово      1872, Активни     1

Дебар 1812, Активни     0

Валандово   1600, Активни     0

Виница      1477, Активни     0

Пробиштип   1299, Активни     0

Кратово     1121, Активни     2

Богданци    1100, Активни     0

Крушево     1037, Активни     0

Демир Хисар 929, Активни      0

Македонски Брод   798, Активни      0

Демир Капија      628, Активни      0

Македонска Каменица     534, Активни      0

Пехчево     518, Активни      0

Дојран      370, Активни      0

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

Кривична пријава против скопјанка за употреба на исправа со невистинита содржина

​ Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против скопјанката С.З. (51), осомничена за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит”.

Во текот на 2021 година, со намера да прикаже дека е кредитоспособна при аплицирање за одобрување ненаменски потрошувачки кредит во една од банките, како што соопштија денеска од МВР, кон апликацијата за кредит приложила лажна потврда за вработување и лични примања, наводно издаден од јавна здравствена установа.

– На тој начин ги довела во заблуда одговорните лица во банката да ѝ одобрат ненаменски потрошувачки кредит во износ од 600.000 денари, за кој износ ја оштетила банката и се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР.

Штипската населба Кадидере доби ново игралиште

Спортско игралиште во штипската населбата Кадидере денеска беше пуштено во употреба од страна на градоначалникот на Општина Штип, Иван  Јорданов, директорите на јавните претпријатија и советници од Општината.

Целта е, како што вели Јорданов, да се поттикнат сите генерации да спортуваат и да бидат физички активни.

– Во населбата Кадидeре, на ул. „Личка“, одлучивме во изминатиов период да го направиме ова фудбалско игралиште со подлога со вештачка трева, затоа што затекнавме едно руинирано игралиште кое со години беше запоставено, уништено, неодржувано. Одлучивме да инвестираме затоа што имаше барање и потреба од околните жители, вели Јорданов.

Игралиштето претходно е изградено и уредено од штипска општествено – одговорна компанија, а денес беше модернизирано од истата компанија во соработка со Општина Штип. Освен уредување, игралиштето добива и целосно осветлување. Станува збор за инвестиција вредна 1,5 милони денари.

притисни ентер