Ким Катрал имала два предуслова за да се врати во „Сексот и градот“, фановите изненадени (ФОТО) - Канал 5

Ким Катрал имала два предуслова за да се врати во „Сексот и градот“, фановите изненадени (ФОТО)

Многу обожаватели на Сексот и градот беа возбудени од веста дека Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрал, ќе се појави во серијата „И токму така...“

Ким Катрал имала два предуслова за да се врати во „Сексот и градот“, фановите изненадени (ФОТО)

Саманта, како што беше најавено, ќе се појави во последната епизода од втората сезона, во која таа телефонира со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер.

Page Six дозна дека Ким не се согласила само така да се врати во серијата. Според нивните извори, актерката барала да не снима со нејзините поранешни колешки, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон. Со години е во расправија со нив, особено со Паркер.

Исто така, таа побарала при снимањето на таа сцена, режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој инаку е многу близок со Сара Џесика Паркер, да не биде на сетот.

„Ким имаше два услова, да не глуми со ниту една од нејзините поранешни колешки и да не го гледа Мајкл Патрик Кинг“, вели изворот.

Катрал ја играше Саманта, харизматичната публицистка и најдобра пријателка на Кери Бредшо, во „Сексот и градот“, за што доби Златен глобус. Таа им беше омилена на фановите, но одби да се врати во серијата по обвинувањата дека се карала со Паркер. Имено, Ким чувствувала дека таа и останатите актерки не се доволно платени, освен Сара која имала поголема плата од сите главни актерки.

Во првата сезона на And Just Like That... Саманта беше спомната во неколку наврати. Дадоа до знаење дека таа сега живее во Лондон и дека се скарала со Кери откако повеќе не сакала Саманта да биде нејзин публицист. Сепак, Кери во првата сезона неколку пати се слушнала со Саманта, која и праќала цвеќе на Кери откако Фаца починал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанија ќе гради 500 метри заштитна бариера на морската граница

Шпанија најави поставување бариера од 500 метри на морската граница помеѓу шпанската енклава Сеута во северна Африка и Мароко по масовниот прилив на мигранти оваа недела.

Шпанија ќе гради 500 метри заштитна бариера на морската граница

Според шпанската влада, помеѓу 50.000 и 60.000 мигранти ја преминале границата. Бројот на жртви се искачи на 67, но властите во Сеута изјавија дека 86 лица загинале. Некои се удавиле, а други починале во стампедо.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја критикуваше реакцијата на некои лидери на Европската унија на настаните во Сеута. Тој рече дека повиците за исклучување на Шпанија од Шенген зоната биле „водени од пристрасност, лажни вести, незнаење или политички интереси“.

Во меѓувреме, неколку мигранти кои стигнале до плажата Тарахал во Сеута биле приведени од шпански војници и вратени до мароканската граница. Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека повеќето од оние кои нелегално влегле во енклавата веќе се вратиле во Мароко.

„Ние сме бескомпромисни во нашиот пристап кон оние кои го кршат законот“, рече шпанскиот министер за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка. Коментирајќи ги причините за големиот пробив, и покрај зголемената гранична безбедност, тој нагласи дека ситуацијата бара заедничка анализа од страна на Шпанија и Мароко.

Во исто време, министерот нагласи дека токму соработката меѓу двете земји овозможила ситуацијата да се стави под контрола во рок од 24 часа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кристијан Ериксен како „феникс“ повторно се враќа на зелениот терен

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен направи уште еден чекор во процесот на закрепнување, откако за првпат по здравствените проблеми што ги доживеа во јуни, се појави на теренот на својот клуб, Волфсбург.

Кристијан Ериксен како „феникс“ повторно се враќа на зелениот терен

Искусниот дански фудбалер кој долги години има срцеви проблеми присуствуваше на пријателски натпревар против холандскиот тим „Телстар“, кој го следеше покрај теренот, а од германскиот клуб соопштија дека неговата посета првично била планирана за порано, но била одложена поради организациски причини.

По краткиот престој во Германија, Ериксен се врати во Данска, каде што ја продолжува индивидуалната програма за рехабилитација. Ериксен инаку, во јуни доживеа здравствен инцидент за време на пријателскиот натпревар против Украина, што ги оживеа сеќавањата на драматичниот срцев застој што го претрпе на Европското првенство во 2021 година.

Многумина неговото појавување меѓу соиграчите го гледаат како позитивен знак дека 34-годишниот фудбалер не се откажал од враќање на теренот.

„Убаво е да се вратам, макар и накратко, меѓу тимот, повторно да видам познати лица и да запознаам нови луѓе. Разговорот со играчите и луѓето од клубот ми значеше многу. Исто така, многу ме израдуваа топлите зборови и поддршката од навивачите. Им посакувам на момците успешен почеток на сезоната“, изјави Ериксен.

Сепак, сè уште не се знае кога данскиот играч за врска би можел повторно да заигра. Неговото закрепнување ќе продолжи под постојан надзор на медицинскиот тим, додека Волфсбург влегува во новата сезона во Втората Бундеслига, откако испадна од елитниот ранг на германскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите

Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите што ни ги оставија илинденците и асномците.

Тошковски на Илинден од Пелинце: Да ја чуваме слободата, да ја јакнеме државата и да ги негуваме вредностите

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност.

По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со висока делегација на Република Србија, го посети манастирот „Св. Прохор Пчињски“, каде положи свежо цвеќе во спомен-капелата, оддавајќи почит на историското значење на ова место за современата македонска држава.

Министерот Тошковски истакна дека Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ претставуваат два столба на македонската државност и симболи на вековната борба за слобода, правда и национално достоинство.

„Денес оддаваме почит на луѓето кои со својата храброст и саможртва ни ја оставија најголемата обврска – да ја чуваме и развиваме државата што ја создадоа. Наш долг е да го продолжиме нивното дело, да ги чуваме слободата, единството и институциите и да изградиме сигурна, стабилна и просперитетна Македонија за идните генерации“, истакна министерот Тошковски.

Тој нагласи дека историските идеали на Илинден и АСНОМ и денес претставуваат силна инспирација за градење демократска, безбедна и достоинствена држава, во која владеењето на правото, единството и грижата за граѓаните остануваат врвни вредности.

По повод Денот на Републиката, министерот Тошковски упати честитка до сите граѓани, посакувајќи празникот да биде потсетник на заедништвото, истрајноста и одговорноста кон татковината.

Нека е честит и вековит 2 Август – Илинден, Денот на Републиката!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер