Ким Кардашијан сведочи на суд за грабеж во Париз: Мислев дека ќе ме силуваат и убијат - Канал 5

Ким Кардашијан сведочи на суд за грабеж во Париз: Мислев дека ќе ме силуваат и убијат

Ким Кардашијан сведочеше пред суд во Париз за грабеж во 2016 година, кога вооружени мажи ја нападнаа во луксузен стан, ја врзаа и украдоа накит во вредност од милиони долари.

Ким Кардашијан сведочи на суд за грабеж во Париз: Мислев дека ќе ме силуваат и убијат

Таа тогаш имаше 35 години. Сега вели дека сè се променило по тој ден.

„Бев убедена дека ќе бидам силувана и застрелана. Се молев и само се надевав дека Кортни нема да дојде во станот и да го види сето ова. Навистина мислев дека ќе умрам“, рече Ким Кардашијан низ солзи.

„Ја повикав сестра ми, но никој не се јави. Потоа две лица влегоа во мојата соба. Го доведоа и човекот од рецепцијата. Не знаев дали и тој е дел од сето тоа. Сепак, сега разбирам дека и тој бил жртва. Бев во шок, не знаев дека бараат накит. Помислив да избегам, но сфатив дека е подобро да останам и да слушам сè што сакаат“, додаде таа.

Очај и страв

Таа раскажа како еден од крадците ја влечел преку креветот, го открил нејзиното голо тело под хотелската наметка и ја врзал. Таа го опиша како „понизок и покрупен“ од другиот, кој имаше пиштол. На почетокот ѝ се чинеше „татковски“, како да сакаше да ја смири сè додека таа беше тивка.

Но, откако разбојниците почнале да се расправаат на француски, истиот тој човек, вели Ким, одеднаш го променил своето однесување и станал груб - почнал да ја допира по нејзиното голо тело.

Кога судијата ја прашал дали некој ја удрил, таа одговорила: „Не, не бев удрена. Ме кренаа, ме влечеа и ме фрлија на тврдиот под, но не ме удрија.“ Подоцна објаснила дека рацете и глуждовите ѝ биле врзани и дека пиштол ѝ бил вперен во вратот додека ја влечеле по подот.

„Потоа ме однесоа во бањата. Најпрво се двоумеа дали да ме стават во кадата, а потоа одеднаш ме пуштија и си заминаа. Како итно да мораа да си одат. Чекав неколку минути и се обидов да се ослободам. Некако стигнав до собата на Симоне“, заклучи Ким. Крадците украле накит во вредност од околу 9 милиони долари. Меѓу украдените предмети бил и веренички прстен вреден 4 милиони долари што Канје Вест ѝ го дал во тоа време. Поголемиот дел од накитот никогаш не е пронајден.

Сведоштво на стилист: „Никогаш не сум ја слушнал да вреска така“

Симон Харуш е долгогодишната стилистка на Ким, која исто така сведочеше. Таа раскажа како сето тоа се случило додека спиела на катот под Ким. „Ме разбуди звук што никогаш порано не сум го слушнала. Ја познавам цел живот, но ова… Беше чист ужас“, рече Симоне.

Таа додаде дека ја слушнала Ким како вика: „Имам деца и морам да преживеам!“ Тогаш сфати дека се случува нешто сериозно. Се обидела да го најде мобилниот телефон, во паника ја заклучила вратата од бањата и се скрила во тушот. Оттаму, таа се јавила на Кортни и му пратила порака на телохранителот: „Нешто не е во ред… Ким е горе со мажи и ѝ треба помош.“

Неколку минути подоцна, Ким се качила во нејзината соба во паника, со нозете залепени со селотејп и облечена во тенка наметка. „Беше преплашена. Само помислата дека можеби ја силувале ми беше одвратна“, рече Симоне. Таа ѝ помогна да ја отстрани лентата од нозете, а Ким потоа се испаничи: „Мора да излеземе! Што ако се вратат? Мора да скокнеме низ прозорецот!“

Кога адвокатот ја прашал зошто не излегла од бањата, Симон рекла: „Јас сум личност која се крие, а Ким е личност која се грижи за другите“.

„Накитот не значи дека си цел“

Кога ја прашале дали смета дека носењето и покажувањето луксузен накит е ризик, Симон одговорила: „Само затоа што жената носи накит не значи дека е цел. Тоа е како да се каже дека жена што носи кратка здолниште заслужува да биде силувана.“

Таа исто така рече дека по тој настан, Ким се променила засекогаш - повеќе не оди никаде сама, а самата дала отказ од работата како стилистка бидејќи искуството целосно ја исплашило.

Извинувањето на крадецот

На крајот од сведочењето, судијата се обиде да пушти видео порака од една од обвинетите, Јунис Абас, кој призна дека учествувал во грабежот. Во 2021 година, тој дури ја објави книгата „Ја киднапирав Ким Кардашијан“, но судот му забрани да заработува од неа.

Поради технички проблеми, видеото не можеше да се репродуцира, па судијата ја прочита неговата порака во која бара „прошка“ за неговите постапки. Кога го прашале дали има некаква реакција на извинувањето, Симоне отсечно одговорила: „Не“.

Деветте мажи и една жена на кои им се суди моментално не се во притвор. Ова е најголемата кражба врз приватно лице во Франција во последните 20 години, а единствениот пронајден предмет бил дијамантски ѓердан кој паднал на улицата додека крадците бегале. Истражителите веруваат дека украденото злато во Париз било стопено и дека голем дел од украдениот плен бил продаден во Белгија. Судењето треба да трае до 23 мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции, а сега со Алта банка нема да се дозволи граѓаните да бидат оштетени.

ВМРО-ДПМНЕ: СДС молчеше при влез на пари во Еуростандард од Венецуела која беше под меѓународни санкции

СДС и Венко Филипче продолжуваат со ширење манипулации во врска со случајот за Алта банка. Дека немаат познавања од банкарскиот сектор, се гледа по тоа што не прават разлика меѓу Еуростандард и Алта банка, затоа што се два случаи во кои правната основа не е иста.

Во 2019 година дозволиле од Венецуела, која тогаш беше под меѓународни санцкии да се слеат 110 милиони евра во фирми блиски до Заеви. Парите биле префрлани преку нерезидентни сметки на фиктивно отворени фирми во Скопје, а сопствениците биле латиноамерикански државјани, а дел од тие пари оделе и преку руски банки.

Фирмите блиски до Заеви оствариле добивка од скоро 13 милиони евра оти не плаќале кредити, на штета на сите други штедачи во банката.

Една од тие фирми била фирмата Сара инженеринг ДОО Струмица, тогаш на Вице Заев, а на која сега директор е Стојан Коциров. Коциров е член на ЦО на СДС, директно назначен од Филипче. Фирмата е должник на УЈП за нецелосно исплатени даноци.

За Алта банка надлежните беа транспарентни во врска со целиот случај и кажаа дека работат на решавање на проблемот. Но се чини дека на СДС не им е јасно. Гувернерот јасно посочи дека банката е ликвидна, па оттука, согласно Законот за банки, Народна банка има законска можност да назначи привремени управители кои ќе вршат контрола врз работењето на банката, вклучително и врз продажбата на акции и имотот, како и врз одливите на средства во странство. Целта на овие мерки е да се заштити имотот на банката додека не се најдат купувачи за акциите, а со тоа и да се заштитат интересите на граѓаните.

Филипче и талогот од СДС со своите постапки во врска со Алта банка треба да одговараат согласно член 315 од Казнениот законик. Ама очигледно не им е познат членот, затоа ќе им го објасниме. Член 315 од Кривичниот законик предвидува затворска казна за лица кои со намера ја загрозуваат безбедноста или уставниот поредок и предизвикуваат значителна штета.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Објавен е повикот за „24 часа стрип цртање 2026 “

На 28 и 29 ноември 2026 година ќе се одржи меѓународниот маратон во 24-часовно цртање стрип. 

Објавен е повикот  за „24  часа стрип цртање 2026 “

Станува збор за традиционален предизвик во кој автори, аматери и професионалци имаат задача да создадат оригинален стрип во рок од 24 последователни часа на зададена тема. Настанот паралелно се организира во повеќе градови низ Македонија, Хрватска, Словенија, Србија и Црна Гора, со цел поврзување и промоција на регионалната стрип-сцена.

Техниката и должината на стрипот се по сопствен избор на авторите. Иако традиционалниот концепт предвидува 24 страници, постигнувањето на оваа бројка не е задолжително – примарната цел на акцијата е масовното учество, стручната размена и поддршката на креативниот процес.

Освен две локации за цртање во живо во Скопје , овозможено е и отворено онлајн учество, со кое заинтересираните можат да творат од дома и да ги испратат своите дела електронски.

Томе Трајков, стрип-работник од Велес. Трајков изрази големо задоволство што регионалните партнери позитивно одговориле на неговиот предлог од пред неколку години , овозможувајќи им на домашните автори простор за рамноправна соработка и афирмација.

Инаку клучни информации и пријавување има на наменскиот сајт ttps://www.24satnocrtanjestripa.com/

Време на одржување: Од 28 ноември (сабота) во 12:00 ч. до 29 ноември (недела) во 12:00 ч.

Темата е тајна и ќе биде соопштена на почетокот на настанот (28.11.2026 во 12:00 ч.).

За истакнување е податокот дека Годинешното графичко решение е на уметницата Гаја Смилевска од Скопје

Пријавување е најдоцна до 25 ноември) кога треба е да се испратат основните податоци на учесниците. По завршување на маратонот, готовите страници се препраќаат на истата адреса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер