ЗабаваКим Кардашијан позира под туш, фановите воодушевени (ФОТО)Ријалити ѕвездата и милијардерка, атрактивната Ким Кардашијан објави серија одлични фотографии во костим за капење кои секако ќе ја загреат Јужна Калифорнија, во која моментално владее невообичаено студено и дождливо време.„Барајќи душа“ – напишала 42-годишната Кардашијан заедно со шест фотографии на кои позира во едвај забележлив црн дводелен костим за капење и стилски додатоци. За ова секси фотографирање, основачот на Skims користи бикини од Seven Swim, кои ги спои со златен и дијамантски синџир за стомак и соодветни алки. Позирајќи заводливо под млазот на голем, луксузен туш на отворено, Кардашијан ја наведна главата за да ја доведе својата позната фигура во фокус. Две од горенаведените шест фотографии ја прикажуваат ѕвездата на реалното шоу „Кардашијан“ внатре во куќата, каде што е фотографирана како е потпрена на обичен бел ѕид. Таа го заокружи овој впечатлив сет на фотографии со фотографија на која оди кон вратата додека носи проѕирно парео од нејзиниот бренд. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочина првоборецот Илија Дуновски, член на Првата македонска ударна бригадаДенеска во Охрид почина македонскиот првоборец Илија Дуновски, учесник во Народноослободителната и антифашистичка борба од 1941 година. Дуновски, кој е роден во 1924 година во Охрид, е носител на Партизанска споменица 1941 и еден од основачите и членови на Првата македонска ударна бригада - формирана за ослободување на Македонија. Дел е и од 15-от Македонски корпус како учесник на Сремскиот фронт за конечно ослободување од фашистичкиот окупатор. На тој начин силно се втемелува во изградбата на современата македонска држава. Токму за својата храброст за време на Втората светска војна е добитник на бројни воени и општествени одликувања и признанија, меѓу кои и Орденот за храброст од поранешна СФРЈ. По повод државниот празник Илинден, пак, на 2 август 2022 година, Дуновски беше одликуван и со највисокото државно признание - Медал за храброст од страна на тогашниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски. Признанието му беше доделено за неговата пожртвуваност и животна посветеност на високите цели на заедницата, како и за неговиот целокупен влог во слободата на македонскиот народ. Ќе остане запаметен по неговата секогаш препознатлива девиза: „Војната, како и сите животни битки, не се добиваат со оружје, туку со срце“. Погребот на Илија Дуновски ќе биде утре (9 септември) од 13 часот на Градските гробишта во неговиот роден Охрид, соопштува семејството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: 35 години независност – доволно беше барање виновници, време е за одговорностНа 8 септември пред 35 години избравме сами да бидеме господари на сопствената судбина. Денес, три и пол децении подоцна, време е барем на Денот на независноста да престанеме да се лажеме дека за сè што не функционира секогаш е виновен некој друг. Имам 35 години. Родена сум во независна Македонија. Не паметам друг државен систем, но паметам држава која целиот мој живот е во некаква „реформа“ што никако да заврши. Во политиката влегов затоа што верував, и сè уште верувам, дека работите можат да се менуваат. Предолго го гледаме сценариото: едните доаѓаат затоа што другите биле лоши, а кога ќе седнат во нивните фотелји, не ги укинуваат лошите практики – ги усовршуваат. Она што вчера беше „партизација“, денес станува „кадровска политика“. Она што вчера беше „лош закон“, денес станува „реформа“. Она што вчера беше „преголема администрација“, денес добива уште министри, заменици, директори, заменици, управни и надзорни одбори и нови функции. Се менуваат партиите на власт, а системот останува. Само денес станува и поскап, погломазен и понеодговорен. И тука мора да престане приказната дека „сите се исти“. ЛДП била дел од политичкиот систем и не бега од својата одговорност. Но низ годините сме покажувале дека можело и може поинаку. Уште во годините на транзицијата, Петар Гошев предупредуваше на последиците од моделот на приватизација и се залагаше за поинаков и поправичен концепт, наместо процес што создаде длабоки економски и социјални неправди чии последици ги чувствуваме и денес. Кога Ристо Пенов го водеше Скопје, се градеше и модернизираше главниот град. Кога Јован Манасиевски ја водеше одбраната, се спроведуваа сериозни реформи, трансформација и професионализација на Армијата и се градеа капацитетите за евроатлантската иднина на државата. Како нови генерации на ЛДП продолживме со истата идеја – не само да критикуваме, туку да нудиме решенија. Го инициравме и го преточивме во закон субвенционираниот студентски оброк, мерка која ја користат денес илјадници студенти. Предлагаме укинување на голем дел од банкарските провизии и зауздување на банките– затоа што сметаме дека граѓаните не треба да плаќаат сè поскапи провизии за пристап до сопствените пари. Предлагаме кратење на бројот на министерства, на купиштата директори, заменици директори, управни и надзорни одбори, непотребни функции и институции и мал, професионален и ефикасен државен апарат, наместо држава што постојано создава нови фотелји. Предлагавме и поинаков Кривичен законик – систем во кој времето нема да биде сојузник на функционерите што ја злоупотребиле власта и во кој застарувањето нема да биде најдобриот адвокат на политичарите. Не секогаш сме успевале нашите предлози да станат реалност. Најчесто биле препишувани од поголемите без да имаат капацитет соодветно да фи спроведат, но се почесто и биле загушувани без дебата и аргументи. Но тоа е суштинската разлика: дали влегуваш во политиката за да го браниш системот затоа што во моментот ти одговара или за да се обидеш да го промениш. Затоа денес одбивам да прифатам дека единствениот избор на Македонија е бесконечно менување на доминантно две партии, додека секоја наредна власт ги презема, а денешната и ги усоврши грешките на претходната. Особено е поразително што денес сведочиме на хипокризија на власта. Односно власт која го практикува токму она што до вчера најгласно го критикуваше. Не ја добивте власта за да ни објаснувате што правеле претходните. Ја добивте затоа што ветувавте дека вие нема да го правите истото. Ако законите повторно се кројат според кадровски потреби, ако за да биде директор не треба да исполниш критериум туку ти менуваат закон по твоја мерка, ако институциите повторно се полнат според партиски потреби, ако функциите повторно се множат, а за грешките и злоупотребите повторно никој не одговара, дури и е награден со нова функција – тогаш тоа не е промена. Тоа е само полоша промена на корисниците на истиот систем. 35 години подоцна, уште го „реформираме“ судството, ја „департизираме“ администрацијата, ја „градиме“ правната држава и чекаме функционално здравство, образование и инфраструктура. Ако по 35 години сè уште сме во фаза на темели, тогаш некој сериозно крадел од цементот. И конечно мора да има име, презиме и одговорност. Доста е од „тие пред нас“. Доста е од реформи што никогаш не завршуваат. Од закони што важат за граѓаните, а се растегнуваат за функционерите. Од политичка одговорност што завршува со прес-конференција и институционална одговорност што завршува со застарување. 35 години се доволни за алиби На Македонија не ѝ треба само смена на чуварите на истиот систем. На Македонија ѝ треба промена на системот. Одговорност со име и презиме. Институции што нема да менуваат партиска боја по секои избори. Професионална администрација. Помал и поефикасен државен апарат. Закони што важат еднакво за сите. И функционери кои знаат дека функцијата не е сопственост, туку привремена одговорност пред граѓаните. Тоа за мене е смислата на независноста. Не само сами да одлучуваме, туку конечно да научиме одговорно да управуваме со она што самите сме го избрале. Затоа на 35-годишнината од независноста мојата порака не е само честитка. Таа е и повик: Државата пред партијата. Институциите пред функциите. Одговорноста пред изговорите. Граѓаните пред популизмот и ПР-от за рејтинзи. Зашто, ако уште 35 години продолжи смената само во фотелјите, младите нема да чекаат да ја смениме државата – независно од нас ќе си ја бараат иднината во други држави. Македонија не е ничија партиска сопственост. Таа е нашиот заеднички дом. А резервна татковина немаме. Нека ни е честит Денот на независноста! Либерално-демократска партијаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаДемократски Сојуз: Тежок пат до независностРаспадот на Југославија претставуваше историска можност за остварување на вековните стремежи на македонскиот народ – Македонија да прогласи самостојност и да се етаблира како независна и суверена држава.Процесот на осамостојување се одвиваше во исклучително сложени геополитички и балкански околности, оптоварени со историски наследства, идеи за големи држави, но и со силни притисоци и обиди Македонија да не успее да се конституира како самостојна држава. Едни од соседите го оспоруваа името, други народот, трети Македонската православна црква, со заедничка цел – да се спречи преиспитувањето на последиците од Букурешкиот договор од 1913 година, по кој Македонија беше поделена. Стравувањата на соседите дека со создавањето независна македонска држава ќе започне процес на обединување на Македонија беа засновани на анахрони и нереални претпоставки, кои немаат допир со современата политичка реалност. Македонското државно раководство, и покрај предупредувањата и укажувањата на Соединетите Американски Држави, во 1993 година прифати Македонија да биде примена во Обединетите нации под привремената референца „Поранешна Југословенска Република Македонија“. Тој чин создаде, а дел од неговите последици и денес создаваат, сериозни политички и државни проблеми. Од 1991 година, па сè до денес – на Денот на независноста – Република Македонија се соочува со бројни предизвици и блокади на својот европски пат и во стремежот за полноправно членство во Европската Унија. Добро е што денес, без разлика на политичките и другите разлики, сите сме горди, обединети и го славиме Денот на независноста. Тој ден е симбол на вековната борба за слобода и државност и претставува продолжение на идеалите на илинденците, партизаните и сите современици кои придонеле за зачувување и афирмација на македонската самобитност, државност и достоинство. Демократски сојуз им го честита Денот на независноста на сите граѓани на Република Македонија и упатува повик за единство. Да се обединиме околу најважните државни и национални интереси и заеднички да ја градиме Македонија како модерна, демократска и европска држава – држава на сите нејзини граѓани. Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter