Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
1Јанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврска
Шоу бизКим Кардашијан отворено зборува за здравствените проблеми: „Мислев дека моето тело се распаѓа“Ким Кардашијан отворено зборуваше за болка со која се борела со години, а која се појавила додека се опоравувала од повреда на рамото.„Многу сум возбудена што ќе го споделам моето искуство со матичните клетки. Пред две години, го повредив рамото додека кревав тегови, што ме остави во неподнослива болка“, напиша Ким на Инстаграм. Таа рече дека пробала сè за да ја ублажи болката сè додека не ја открила терапијата со матични клетки. Откако го започнала третманот - кој вклучува користење на матични клетки за поправка или замена на оштетеното ткиво и органи - Ким забележала моментални резултати, а нејзиниот целосен опсег на движење се вратил. „Моето рамо е сосема нормално оттогаш“, додава таа, заблагодарувајќи му се на докторот кој ѝ помогнал. Неодамна се вратила кај истиот доктор поради хронична болка во грбот што ја доживувала со години. „Третманот со матични клетки промени сè. Почувствував моментално олеснување и неподносливата болка конечно исчезна. Ако имате болки во грбот, не можам доволно да го препорачам овој третман - ми го промени животот кога мислев дека моето тело се распаѓа“, рече таа. Во објавата, таа забележа дека знае дека третманот можеби не е достапен за секого и ги предупреди своите следбеници темелно да го истражат третманот и да разговараат со своите лекари доколку одлучат да го применат. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Продолжува со тренирање и покрај повредата Ким претрпе повреда на рамото во 2023 година, но тоа не ја спречи да продолжи со редовните тренинзи во теретана. Таа се врати на вежбање само неколку недели по повредата. Ким често ги споделува своите моменти од теретана на социјалните мрежи, но претходно беше критикувана за нејзините интензивни рутини - особено откако ослабе околу 8 килограми за три недели. Кардашијан ослабе за да може да го носи иконскиот фустан на Мерлин Монро на Мет Гала во 2022 година. Нејзиниот личен тренер рече дека Ким ослабела на здрав начин: „Навистина се трудеше. Бев тука за неа во текот на целиот процес. Не се изгладнуваше. Следеше балансирана исхрана, понекогаш не јадеше многу, но редовно тренираше и даваше сè од себе“, рече тој. Извор: Б92Тагови: болка Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанев на Меморијалниот турнир „Загинати бранители 2001–2015“: Македонија ги памети своите херои, нивната жртва е наша трајна обврскаДиректорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска се обрати на Централниот меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители 2001–2015, кој се одржува во спортскиот центар „Борис Трајковски“. На настанот се обрати и министерот за одбрана Владо Мисајловски, кој го отвори Меморијалниот турнир. Пред членовите на семејствата на загинатите бранители, претставниците на Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, колегите и натпреварувачите, директорот Јанев истакна дека турнирот веќе 24 години ја чува жива меморијата за оние кои ги положија своите животи за Македонија, нејзиниот мир и безбедноста на граѓаните. „Денес не сме тука само поради традицијата. Тука сме затоа што имаме обврска да паметиме. Да ги паметиме нашите колеги, пријатели, браќа, сопрузи, татковци и синови кои ја носеа униформата со чест и кои, извршувајќи ја својата должност, ја дадоа најголемата жртва што човек може да ја даде. Нивните имиња не се само дел од историјата на нашите безбедносни сили. Тие се дел од историјата на Македонија“, истакна Јанев. Тој нагласи дека обврска на денешните генерации е споменот за загинатите бранители да се пренесува и на генерациите што доаѓаат, потсетувајќи дека слободата, мирот и безбедноста не треба да се земаат здраво за готово. Посебна почит им оддаде на семејствата на загинатите, нагласувајќи дека институциите имаат обврска да покажат дека жртвата на нивните најблиски никогаш нема да биде заборавена. Министерот за одбрана Владо Мисајловски истакна дека мора да се чува споменот за оние кои го дале својот живот за татковината и да се пренесе на следните генерации. „Она што треба да го направиме е да се сплотиме и да покажеме дека хероите не се забораваат. Се заблагодарувам на секој еден припадник на Армијата, сите што ја носат униформата кои секојдневно работат за нашата држава. Министерството за одбрана ќе биде секогаш тука да помогне и достојно да покаже почит кон хероите“, истакна министерот Мисајловски. На крајот, директорот Јанев изрази благодарност до Здружението „Херои на Македонија 2001–2015“, Министерството за внатрешни работи и сите кои веќе 24 години ја одржуваат оваа традиција, порачувајќи дека хероите живеат сè додека ги паметиме и дека им должиме да ги паметиме со гордост, достоинство и благодарност.Тагови: Александар Јанев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВЛЕН: Брисел позитивно ги оцени реформите, земјата доби 140 милиони евра од Планот за растВЛЕН ја поздравува позитивната оценка на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за напредокот во спроведувањето на Планот за раст. За време на посетата во Скопје, таа го оцени постигнатиот напредок како импресивен и најави нови исплати во наредните недели. Северна Македонија досега доби 140 милиони евра од овој план. Овие средства се резултат на сериозната работа и посветеноста на институциите во исполнувањето на преземените обврски. Министерството за европски прашања, предводено од првиот вицепремиер Беким Сали, го координира спроведувањето на Реформската агенда и го следи исполнувањето на обврските на институции. За нас, оваа оценка е дополнителен поттик да продолжиме со работата и навреме да ги исполниме следните обврски. Ги поздравуваме заложбите на Брисел за деблокирање на европскиот пат на земјата и очекуваме да се надминат пречките за земјата да напредува во преговорите со Европската Унија. ВЛЕНТагови: ВЛЕН Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаБројни шкотски навивачи низ улиците на Скопје пред вечерашниот фудбалски дуелШкотските навивачи веќе ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска?Килтови, знамиња, песна и навивачка еуфорија веќе е присутна во главниот град, пооради натпреварот вечерва ќе има и посебен сообраќаен режим, на арената Тодор Проески се очекува да присуствуваат околу 4000 шкотски навивачи, познати како Тартар арми. За нив е резервирана источната трибина на националната арена „Тодор Проески“. Еве дел од атмосферата во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook