Ким Кардашијан откри колку милиони заработиле од семејното ријалити шоу(ВИДЕО)

Ким Кардашијан се прослави преку шоуто Keeping Up With The Kardashians, а многу фанови неодамна беа изненадени од веста дека по 14 години популарното шоу згаснува.

"Никогаш не мислевме дека ќе снимаме втора сезона , а снимавме 20. Потребна ни е само пауза, едноставно е. Потребно ни е малку време да се прегрупираме", објасни Ким во едно интервју и неодамна му призна на Дејвид Летерман дека нејзината емисија повеќе не е примарен извор на приход.

Таа по тој повод рече дека заработува повеќе со еден спонзориран пост на социјалните мрежи отколку од целата сезона на шоуто.

„Без шоу немаше да бидеме тоа што сме денес и затоа продолживме, но, реално, можеме да објавиме нешто на социјалните мрежи и да заработиме повеќе отколку од целата сезона на шоуто“, рече Ким.

Според ТМЗ, кланот Кардашијан-Џенер во 2017 година потпишал договор за дополнителни пет сезони на шоуто за 150 милиони долари.

Нивната мајка, Крис Џенер, открила дека заработката се дели подеднакво меѓу сестрите и кога ќе одземете 10 проценти од заработката што Крис ја добива како нивен менаџер, тоа значи дека секој член на семејството добива околу 4,5 милиони долари по сезона.

Ким, инаку, се наоѓа на четвртото место на најплатените инфлуенсери во светот оваа година, а на страницата „Хоупер“, која секоја година го објавува списокот, се наведува дека Ким заработува дури 858 илјади долари по спонзорирано соопштение. Судејќи според тие податоци, Ким не заработува иста сума пари со еден пост како што заработува од една сезона, но не е далеку од вистината. Нејзината сестра Кајли заработува нешто помалку од еден милион долари по објава, нејзината цена е 986.000 долари.

Летерман ја праша кој заработува повеќе: таа или нејзиниот сопруг Канје Вест.

"Веројатно тој", рече Ким, додавајќи: "Нашата заработка е слична. Двајцата сме многу среќни што навистина добро се снаоѓаме и затоа сум многу благодарна".

Претходно овој месец, списанието Форбс објави дека богатството на Ким се проценува на 780 милиони долари.

Кривична пријава за узурпација на земјиште кај цветен пазар зад поликлиниката Бит пазар

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Р. (62) од Скопје и против правно лице од Скопје за сторено кривично дело  „узурпација на недвижности“, соопшти МВР.

А.Р. како сопственик и управител на второпријавеното правно лице, подолг временски период противправно завладеал имот сопственост на државата и го ставил во владение на своето правно лице. А.Р. имотот кој се наоѓа веднаш до цветниот пазар позади поликлиниката Бит Пазар во Скопје, кој претставува градежно неизградено земјиште во општа употреба во сопственост на државата, противзаконски го оградил со наплатна рампа и куќарка за наплата на влез-излез и за секој влез- излез наплаќал соодветен паричен надомест. На тој начин го оневозможил слободното движење и користење на просторот од страна на граѓаните и институциите.

Именувани тројца судии и двајца бранители на Судот на правдата на ЕУ

Комитетот на постојани претставници на земјите членки на ЕУ (КОРЕПЕР) именуваше тројца судии и двајца бранители на Европскиот суд на правдата. 

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, станува збор за Германецот Томас фон Данвиц и Летонката Инета Зимеле, кои се реизбрани за судии, како и за Французинот Стефан Жервасони, кој првпат е именуван за судија на Судот на правдата.

Членовите на КОРЕПЕР, исто така, го реизбраа Французинот Жан Ришар де ла Тур за бранител во Судот, а на ова должност во прв мандат е именуван и Луксембуржанецот Дин Шпилман.

Именувањата се извршени во рамки на процесот на делумна обнова на составот на Судот на правдата на ЕУ. Мандатите на петмината именувани ќе траат од 7 октомври 2024 година до 6 октомври 2030 година.

Судиите и бранителите на Судот на правдата на ЕУ се назначуваат со согласност на владите на земјите членки на Унијата, по консултации со посебен панел одговорен за давање мислење за соодветноста на потенцијалните кандидати за извршување на должностите. Тие се избираат од редовите на истакнати правници, кои претходно извршувале високи функции во правосудните системи на своите матични земји.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

притисни ентер