Ким Кардашијан од четврти пат го положи приемниот испит, сака да биде адвокат - Канал 5

Ким Кардашијан од четврти пат го положи приемниот испит, сака да биде адвокат

Ријалити ѕвездата, Ким Кардашијан е решена да заврши студии по право.

Ким Кардашијан од четврти пат го положи приемниот испит, сака да биде адвокат

Таа неодамна го положи „Baby Bar“ во Калифорнија, испит за право во прва година за студенти по право што е потребен за идните адвокати во Калифорнија кои не посетуваат акредитирани високообразовни институции, а нејзината крајна цел е да се фокусира на реформите во кривичното право.

„ОМФГГГГ го поминав бејби барот !!!!“ твитнала Кардашијан, воодушевувајќи ги нејзините 70,7 милиони следбеници, а објави и фотографии на кои позира во сина комбинација.

Ким првпат на јавноста и` ја открила својата желба да дипломира во 2019 година во интервју за Вог, велејќи дека започнала четиригодишна пракса во адвокатска канцеларија во Сан Франциско. Тогаш изјавила дека се надева дека наскоро ќе го помине „бејби барот“.

Калифорнија е една од ретките американски држави што има ваква студиска програма и е единствената со пристап до таканаречениот „бејби бар“.

Иако еднаш го посетувала колеџот Пирс во Лос Анџелес, таа никогаш не дипломирала. Но, Калифорнија им нуди на студентите можност да полагаат „бејби бар“, испит за право во прва година, без да мора да стажираат кај адвокат или судија.

Целодневниот тест се полага онлајн во јуни или октомври и е задолжителен за секој што сака да студира право на неакредитирана високообразовна институција која нема акредитација за образование.

Откако ќе го положи тестот, Кардашијан ќе може да ги продолжи студиите по право и конечно да го полага редовниот правосуден испит.

Информациите за полагањето на испитот што Кардашијан го полагала на 26 октомври се уште не се официјално достапни, но познато е дека само 21 отсто од оние кои полагале го положиле испитот во јуни.

Адвокатската комора на Калифорнија вчера извести дека резултатите од „бејби барот“ се доверливи и дека не можат да ги потврдат информациите дали Кардашијан го поминала.

Ким правела четиригодишна пракса под надзор на адвокатите Ерин Хени и Џесика Џексон, на кои им се заблагодарила на Твитер.

Кардашијан признала дека го положила испитот од четврти пат и дека ова и била последна шанса да го стори тоа, бидејќи државата Калифорнија обично им дозволува на кандидатите само три пати пристап до испитот за прва година.

Исклучок бил направен оваа година поради пандемијата на Ковид-19. Сите што паднале на јунскиот испит добиле уште една шанса во октомври.

„Многу сум среќен со нејзиниот успех“, рече Стив Каландрило, професор по право на Универзитетот во Вашингтон, кој предавал и ја подготвувал за испитот преку Zoom. „Таа две години работи напорно и испитот не е лесен.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Бројките и фактите ги рушат лагите на СДС економијата се мери со резултати, не со партиски пароли.

ВМРО-ДПМНЕ: Доста е со лажната загриженост на СДС

Фактите се најдобар одговор на политичките конструкции на Филипче и СДС. Граѓаните ги видоа резултатите од ''економските експерти'' од СДС кои ги оставија со празни џебови додека Филипче и кланот Заеви се богатеа.

Кога СДС и Филипче се повикуваат на ММФ, тогаш треба да ги прочитаат и целосните извештаи, а не да извлекуваат само податоци што ним им одговараат.

Колку тоа и да не и се допаѓа на СДС, Македонија бележи највисок економски раст во регионот, меѓународните извештаи ги потврдуваат позитивните економски движења. Македонија е една од земјите со најниските стапки на инфлација во Европа каде достигна 4,0 % на годишно ниво во октомри 2026 година.

Во време на СДС и ДУИ инфлацијата беше двоцофрена а Филипче и Заев се грижеа само за раст на сопствените бизниси и инвестиции во авиокомпании, плантажи и висококатници во Дубаи додека народот го осиромашија и го оставија на раб на егзистенција.

Денес владата предводена од ВМРО ДПМНЕ од длабок минус во наследство од владеењето на СДС и ДУИ ја стабилизира економијата и ја води кон раст.

Денес индустрискиот промет во Македонија бележи раст од над 5,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, што е охрабрувачки показател за економската активност.

Имаме над 1,1 милион туристи и речиси три милиони ноќевања заклучно со септември.

Кај туризмот во третиот квартал годинава, во споредба со истиот период минатата година, се регистрирани 35.000 туристи и 110.000 ноќевања повеќе, што претставува раст од над шест проценти кај двата показатели.

Се градат автопати кои со децении тапкаа во место, се воведуваат нови авионски линии, Македонија се поврзува со регионот и светот, со цел да се олесни транспортот, да се привлечат странски инвестиции, да се развива туризмот и да се отворат нови економски можности.

Се инвестира во инфраструктура, се работи на подобрување на условите за бизнис и се создаваат предуслови за економски развој.

Никој не тврди дека економските проблеми се решени преку ноќ. Напротив, потребна е сериозна работа, инвестиции, продуктивност и подобар животен стандард што е приоритетна цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Акциски контроли на подрачјето на Центар во Скопје, констатирани повеќе прекршошци

На 14/15.11.2026 во периодот од 22:00 до 07:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола, при што се констатирани 18 прекршоци по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, 12 лица се лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно лице е лишено за безобѕирно управување моторно возило, три лица се лишени по член 204 од Кривичниот законик, а пет лица се приведени по член 4 и член 6 од ЗППЈРМ. Исто така, за време на активноста бе аизвршени контроли во неколку угостителски објект, при што во еден од нив беа затекнати седум малолетници кои консумираат алкохол. Додека, пак, забележано е дека тобако продава алкохол на малолетници, по што заедно со ДПИ се преземени мерки за санкционирање.

Во истиот период, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје спроведоа контрола на настна техно журка, одржана во подземен паркинг Кресненско востание, при што 65 лица се легитимирани, а извршен е преглед на 13 возила, а е едно лице е лишено по член 215 од Кривичниот законик.

За сите констатирани прекршоци ќе следуваат соодветни санкции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Вселенскиот брод „Starship“ на „SpaceX“ се врати на Земјата во саботата, а џиновските механички раце го фатија во воздух над истата локација во Тексас од која полета 22 часа претходно.

Историски успех: „SpaceX“ за прв пат го фати „Starship“ (ВИДЕО)

Тоа беше прв пат ваков маневар за заробување да биде успешно извршен, откако претходниот обид не успеа, пишува „France24“.

Успех во сенка на неуспехот

Иако заробувањето на самиот „Starship“ беше целта на која се надеваа Елон Маск и неговиот тим, компанијата не успеа да го спроведе планираното двојно заробување. Погонската фаза, позната како бустер, експлодираше кратко по лансирањето во петокот.

Додека вселенскиот брод од не'рѓосувачки челик се спушташе вертикално кон лансирната рампа, остатоците од бустерот беа обезбедени во Мексиканскиот Залив. И покрај проблемот со бустерот, самото заробување на вселенскиот брод беше импресивно. „Можете ли да верувате?“, коментираше Ден Хуот, преносот во живо на „SpaceX“.

„SpaceX“ вели дека успехот од саботата ја докажува целосната повторна употреба на „Starship“, што е клучен предуслов за идните мисии на Месечината и Марс. Иако петочниот бустер не успеа да се врати, компанијата успешно го сними три пати претходно, потврдувајќи ја функционалноста на методот.

НАСА, исто така, одговори позитивно. Вселенската агенција го финансира развојот на „Starship“ со милијарди долари за да слетаат астронаути од мислијата „ Artemis “ на Месечината и да помогнат во изградбата на постојана база на Месечината до крајот на оваа деценија. Маск има поамбициозни планови, вклучително и лансирање на цела флота од вселенски бродови за изградба на град на Марс.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер