Ким Кардашијан е прогласена за „Маж на годината“ (ФОТО) - Канал 5

Ким Кардашијан е прогласена за „Маж на годината“ (ФОТО)

Ким Кардашијан е на насловната страница на 28-то издание на „маж на годината“ на списанието GQ.

Ким Кардашијан е прогласена за „Маж на годината“ (ФОТО)

Во опширното интервју за магазинот, риалити ѕвездата се отвора за нејзиниот развод со Канје Вест, особено забележувајќи како гледањето на разводот на нејзините родители влијаело на тоа како таа се приближувала кон својот.

„Размислував како моите родители се однесуваа со нас. Само се сеќавам дека беа отворени... На крајот од денот, она што е важно е децата да се чувствуваат сакано. Во ред е да се покаже ранливата страна“, опишала таа. Таа откри и дека е религиозна и се моли со своите деца пред спиење.

Таа вели дека Роберт Кардашијан го правел тоа со неа и нејзините сестри. „Така се справувам со животот. На сè гледам како на лекција. Работите се случуваат токму онака како што треба и те водат токму онаму каде што треба да бидеш. Дури и да нема смисла во тоа време, тоа те води на вистинската патека“, додаде таа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Иран и Соединетите Американски Држави разменија жестоки напади, што е најголемата воена ескалација меѓу двете земји по повеќе од еден месец релативен мир.

САД го нападнаа Иран, Техеран возврати со напади на американски бази

Американската војска прво нападна два ирански лансери за ракети на островот ларак во Ормутскиот Теснец. Потоа Иран возврати со ракетен напад и беспилотни летала врз американските воени бази во Јордан, пишува CNN.

Централната команда на САД соопшти дека извршила „ограничена, прецизна акција против силите за поставување мини во Ормускиот Теснец“. Неколку часа по нападот, Доналд Трамп објави видеа со вештачка интелигенција, на кои се гледа како експлодира нафтена инфраструктура. Едно од нив имаше наслов „островот Харг е разнесен на парчиња“, алудирајќи на голем нафтен терминал покрај брегот на Иран, што Трамп се закани дека ќе го заземе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Од утре почнува да сообраќа градскиот воз меѓу Зелениково и железничката станица Скопје. 

Утре тргнува градскиот воз Зелениково – Скопје

Линијата ќе има по осум поаѓања дневно во двата правца, а патувањето, зависно од терминот, ќе трае приближно од 24 до 28 минути.

Првиот воз од Зелениково ќе тргнува во 6:20 часот, а следните поаѓања се предвидени во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. На патот кон централната железничка станица возот ќе минува преку Зелениково, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче. Во обратниот правец, првиот воз од железничката станица Скопје ќе поаѓа во 5:32 часот. Потоа следуваат термините во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Картата ќе чини 40 денари, а повратен билет ќе биде 70 денари. Со пуштањето на оваа железничка врска во должина од 24,5 километри во која се инвестираа 5,7 милиони евра, се реализира првата фаза од најавениот проект „Градски воз“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, уверува дека градот навремено ги презел сите активности против комарците.

Ѓорѓиевски: Против комарци се прска со истите средства како и претходно, ги одобриле и сзо и Венко Филипче како министер

Одговарајќи на советничко прашање, кажа дека и годинава прскањата биле извршени со истите средства како и претходните години, одобрени од СЗО и домашните институции.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер