Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници
Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик
1Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници
2Српската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризик
СветКим ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регионСевернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги поздрави командантите и војниците распоредени за да помогнат во руските напори за враќање на делови од западниот Курски регион.Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ги поздрави командантите и војниците распоредени за да помогнат во руските напори за враќање на делови од западниот Курски регион, што беа заземени од украинските војници, објави денеска државната агенција КЦНА,, пренесена од ДПА. Државната агенција соопшти дека Ким вчера се сретнал со командантите на единицата за прекуокеански операции на севернокорејската армија, веднаш по нивното враќање дома. Ким, пренесува КЦНА, ги пофалил командантите и војниците за нивната работа во Курск. „Нашата армија сега го прави тоа што го прави и тоа што треба да се направи, а тоа ќе го стори и во иднина“, беше цитиран Ким, фалејќи ги „уникатните квалитети“ на севернокорејската армија, пренесува ДПА. Притоа Ким додаде дека резултатот од работата на војската во Курск „го зацврсти нејзиниот назив и репутација на најмоќна армија во светот, давајќи им на сите јасно да го разберат тоа“, додаде Ким. Москва и Пјонгјанг во 2024 година потпишаа стратешко партнерство, за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Северна Кореја. Договорот вклучува воена помош доколку една од двете земји биде нападната. Северна Кореја ја поддржа руската војна против Украина, снабдувајќи ја Москва со оружје и со испраќање војници во Курск за повторно освојување на делови од пограничниот регион што ги зазедоа украинските трупи. Според проценките на украинската разузнавачка служба, околу 14.000 војници од Северна Кореја се бореа на овој дел од фронтот, потсетува ДПА.Тагови: Ким Џонг Ун Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратенициПредлог Извештајот на известувачот Вајц за Македонија помина во Комисијата за надворешни работи на ЕП, и кон крајот на јуни ке се најде и на пленарна седница на Европскиот парламент.Изгласани се 11 компромисни амандани и два на бугарски европратеници, едниот од нив се однесува на историската комисија. Усвоените амандмани европарламентот официјално ќе ги објави, по што ќе се знае дали мегу нив е и амандманоит на Вајц за вториот протокол со Бугарија. Од Европскиот парламент соопштија дека ја реафирмираат поддршката за македонските евроинтеграции, но дека напредокот во преговорите зависи од трајни и длабоки реформи, не само за усвојување на потребните уставни амандмани. Вајц во пишано соопштение информираше дека е задоволен од исходот, а нагласува и дека земјава направила важни реформски чекори и дека од клучна важност е да се продолжи со напорите и да остане силно посветена на евроинтегративниот пат.Тагови: ЕП Томас Вајц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСрпската Безбедносно-информативна агенција: Го советувавме Вучиќ да не патува во Тиват поради безбедносен ризикСрпската Безбедносно-информативна агенција (БИА) му препорача на српскиот претседател Александар Вучиќ да не патува во Црна Гора на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват поради утврден висок безбедносен ризик.Во соопштението објавено на веб-страницата на БИА се наведува дека според оперативните сознанија на агенцијата, водачот на Кавачкиот клан, Радоје Звицер, се наоѓа во Црна Гора. Се додава дека безбедносната проценка што постојано беше барана од службата домаќин на собирот во Црна Гора не беше доставена до БИА, спротивно на сите правила на професијата и одговорен став. „Од причини од најголема важност за задачите што ѝ се доверени на Агенцијата за безбедност и информации, соопштуваме дека е потребно да објавиме дека поради непријателските дејствија на странски служби и криминални кланови во Црна Гора, Агенцијата за безбедност и информации официјално го советуваше претседателот на Република Србија да не патува во Црна Гора бидејќи е утврдено дека постои висок безбедносен ризик“, се вели во соопштението. Вучиќ треба да присуствува на самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват на 4 и 5 јуни. Црногорските медиуми објавија дека повеќе од 1 500 полицајци ќе го обезбедуваат самитот на 4 и 5 јуни во Тиват, на кој треба да се соберат учесници на највисоко политичко ниво. Меѓу нив се претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, шпанскиот премиер Педро Санчез, италијанскиот премиер Џорџа Мелони и бројни други европски и регионални лидери.Тагови: Александар Вучиќ Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на војната под два условаИзраел и Либан постигнаа договор за прекин на огнот со цел прекин на непријателствата, објави администрацијата на Трамп. Со тоа, САД се стремат да отстранат една од најголемите пречки во постигнувањето поширок договор за прекин на војната со Иран. Во заедничка изјава објавена од американскиот Стејт департмент по преговорите во Вашингтон, се наведува дека прекинот на огнот меѓу Израел и Либан е условен од целосен прекин на огнот од страна на Хезболах, милиција поврзана со Иран, и евакуација на сите нејзини оперативци од југот на земјата. Двете страни, кои немаат формални дипломатски односи, се согласија и за создавање „пилотски зони“ во кои либанските вооружени сили ќе „преземат ексклузивна контрола врз територијата, исклучувајќи ги сите недржавни актери“. Израел и Либан објавија заедничка изјава за договорот за прекин на огнот постигнат со посредство на САД. Документот ги поставува темелите за смирување на ситуацијата на терен и продолжување на преговорите. Според соопштението, двете страни се обврзале на брзо воспоставување пилотски зони. „Двете страни, под водство на САД, се согласија дека брзо ќе започнат со воспоставување пилотски зони во кои либанските вооружени сили ќе ја преземат ексклузивната контрола врз територијата, без присуство на какви било недржавни актери“, се наведува во договорот. Беше разјаснето дека „недржавни актери“ се однесува на Хезболах, милитантна група поддржана од Иран, која со години е дестабилизирачки фактор во Либан и честа цел на израелски напади. Договорот, исто така, содржи обврска за иднината. „Израел и Либан потврдија дека немаат непријателски намери еден кон друг и се обврзаа да продолжат со директните преговори за градење доверба, решавање на сите преостанати прашања и постигнување сеопфатен договор меѓу двете земји“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook