Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот
2Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот
СветКим Џонг-Ун забрани импланти! Секој кој ќе стави ќе биде казнетСевернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун покрена нова кампања – овој пат против естетските зафати. Зголемувањето на градите го прогласи за „антисоцијалистички“ чин, а Министерството за јавна безбедност во Пјонгјанг издаде наредба против она што го нарекуваат „гнили капиталистички импланти“. Казните за прекршителите се исклучително строги и вклучуваат дури и затворање во злогласните работни логори. Агенти во цивил бараат жени со импланти и лекари Во текот на летото на улиците биле распоредени специјални „ударни единици“, вклучително и во главниот град Пјонгјанг. Агенти во цивил добиле задача да ги пронаоѓаат лекарите кои на црно извршуваат операции, како и жените за кои постои сомнеж дека се подложиле на естетски зафати. Според извори на Daily NK, жените кај кои има сомнеж можат да бидат присилени на физички прегледи што ги спроведуваат државни службеници. „Жени или приватни лекари фатени во прекршок би можеле да се соочат со кривични санкции, вклучително и испраќање во работни логори, под обвинение за антисоцијализам,“ изјавил анонимен извор за медиумите. Јавно судење поради силикони Владата тврди дека растечката популарност на естетските зафати – од зголемување на градите и операции на очните капаци до тетовирање веѓи – е последица на „буржоаска идеологија“ која, како што велат, се шири меѓу жените во дваесеттите и триесеттите години. За да испратат јасна порака, властите во септември организирале јавно судење. На обвинителна клупа завршиле еден приватен лекар и две млади жени кои се подложиле на операции. Со часови стоеле со наведнати глави додека обвинителот јавно ги критикувал, тврдејќи дека се „покварени од буржоаски навики и извршиле гнили капиталистички дела“, пренесува Metro. На судењето било потврдено дека двете девојки биле присилени на физички преглед, а како доказ биле прикажани запленети силикони, медицински алати и готовина. Пренесува: ИндексТагови: естетски зафати жени Ким Џонг Ун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТуск: „Нема да прифатиме таков договор“Европските нации нема да дозволат САД и Русија да преговараат за нови безбедносни правила за европскиот континент без нивно учество, изјави полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка заедница во Даблин.„Во никој случај нема да дозволиме некој да воспоставува нови безбедносни правила во овој дел од светот зад наш грб – зад грбот на Полска и Европа“, им рече Туск на новинарите, како што пренесува „TVP World“. Тој нагласи дека новата безбедносна архитектура за Европа не може да се воспостави еднострано, врз основа на барањата на Москва или Вашингтон. „Нема да градиме нова безбедносна архитектура само затоа што рускиот претседател, или, на пример, некој во САД, го сака тоа. Тоа воопшто не доаѓа предвид“, изјави полскиот премиер. Неговата изјава доаѓа по извештајот на медиумот „Аксиос“, кој – повикувајќи се на два извори запознаени со разговорите – откри дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп побарала од Москва да изнесе предлози за иден безбедносен договор што се однесува на Европа. Според американскиот медиум, американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф побарале од руските претставници да ги изнесат своите безбедносни барања и да предложат мерки за деескалација на тензиите со европските земји, за време на преговорите за Украина што се одржаа во Абу Даби претходно оваа недела. Овие разговори, водени со американско посредување, завршија без конкретен договор. Русија бара ограничување на присуството на НАТО Веќе некое време, Русија се залага за ограничување на проширувањето на НАТО и намалување на западното воено присуство во Источна Европа – барања што Вашингтон претходно ги отфрли. Туск предупреди дека секој потенцијален договор за нова безбедносна архитектура би бил од особено значење за Полска, која граничи со Украина и со руската Калининградска област. Варшава е во состојба на висока готовност уште од почетокот на руската инвазија врз Украина во 2022 година и постојано ја обвинува Москва за саботажи и други непријателски активности. Путин се согласува на европско учество Во меѓувреме, американскиот пратеник Стив Виткоф во четвртокот изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил да дозволи учество на европски претставници во следната рунда преговори за Украина. „Европјаните ќе се приклучат на следниот состанок, што го сметаме за многу важен момент, бидејќи тие се наши партнери и за нас е важно да учествуваат“, изјави Виткоф за руската државна телевизија по средбата со Путин во Москва. Доколку дојде до ова, тоа ќе биде првпат европски претставници директно да учествуваат во преговорите предводени од САД, откако Трамп, по враќањето во Белата куќа, покрена дипломатска иницијатива за ставање крај на војната во Украина. Туск истакна дека гледа единствен став меѓу земјите-членки на Европската унија во однос на потребата од европско вклучување во преговорите и зачувување на безбедноста на истокот од континентот. Според него, секој мировен договор мора да гарантира зачувување на суверенитетот на Украина, како и на постојната безбедносна архитектура во Источна Европа. „Можам со прилично голема сигурност да кажам дека не гледам никакви внатрешни поделби или пукнатини меѓу земјите од Европската унија“, рече Туск. Сепак, тој призна дека дипломатските цели на Вашингтон може, до одреден степен, да се разликуваат од очекувањата на европските држави. „Целите на американската дипломатија може донекаде да се разликуваат од она што го очекува Европа“, заклучи полскиот премиер. Извор: Б92Тагови: Доналд Туск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЃорѓиевски: Скопје ја памети цената на својата слобода - И никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот животГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска, по повод 13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје, оствари средба со претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна наНа денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада му ја донесоа слободата на Скопје. Со огромна храброст и саможртва го отворија патот кон иднината на нашиот град. - Нивниот подвиг живее во секое слободно утро на Скопје. Во секоја генерација што расте со право да сонува, да создава и гордо да му припаѓа на својот град. Тие се изборија за слободата. Наша должност е да бидеме достојни за неа. Како градоначалник, таа одговорност ја носам со длабока почит и со цврста решителност да градиме Скопје во кое достоинството, солидарноста и заедништвото ќе бидат дел од секојдневниот живот. Град што ќе им го оставиме на идните генерации со гордост, свесни дека сме го дале најдоброто од себе. Нека ни биде вечен заветот на ослободителите. Да го чуваме Скопје, да го градиме и да го сакаме со дела. Вечна слава на хероите кои го донесоа 13 Ноември. Слава на борците за слободно Скопје – истакна Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски им се заблагодари на претставниците на Градскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија за посветеноста со која го чуваат споменот на ослободителите и го пренесуваат нивниот завет на новите генерации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАмерика депортирала 483.200 луѓеАмериканската служба за имиграција и царина (ICE) депортирала 483.200 луѓе во текот на последната фискална година – што е најголем број во нејзината 23-годишна историја – соопшти денеска Министерството за внатрешна безбедност.Бројот на депортации во фискалната година што заврши на 30 септември е за девет отсто поголем од претходниот рекорд од 442.640, поставен една година претходно, и за 78 отсто поголем отколку во 2024 година – последната година од мандатот на поранешниот американски претседател Џо Бајден – пренесе агенцијата АП. Администрацијата на Доналд Трамп обезбеди дополнителни средства за персонал, центри за притвор и летови за депортација. Сепак, не беше обелоденето колку од депортираните имале криминално досие, ниту пак беше даден детален преглед на статистичките податоци. Редовното објавување на податоците за апсењата и депортациите беше прекинато на почетокот на вториот мандат на Трамп. Марк Р. Розенблум, соработник во Институтот за политика на миграција и поранешен функционер во Министерството за внатрешна безбедност, потврди дека „ICE“ бележи рекорден број апсења, но истакна дека недостигот на детални податоци оневозможува целосно разбирање на активностите на агенцијата. Според податоците на „Проектот за истражување на депортациите“ (Deportation Research Project), само околу една четвртина од депортираните во јули имале правосилни пресуди за кривични дела, додека повеќе од половината немале ниту покренато обвиненија – и покрај ветувањето на Трамп дека неговата политика ќе биде насочена кон мигрантите кои извршиле кривични дела. Имиграциската политика на Трамп предизвика протести, особено откако претходно оваа година повеќе од 2.000 федерални агенти беа распоредени во Минеаполис. Двајца американски државјани – Рене Гуд и Алекс Прити, двајцата на 37-годишна возраст – починаа за време на судири со агентите, што ја натера администрацијата да се откаже од операциите што привлекуваа големо внимание во јавноста. Бројот на депортации останува под целта на Белата куќа од еден милион годишно. Најголемиот број депортации во историјата на САД е забележан во 1954 година, за време на кампањата на претседателот Двајт Ајзенхауер против илегалните имигранти од Мексико, кога 1,1 милион луѓе беа отстранети од земјата. Извор: Б92Тагови: Америка мигранти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook