Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија - Канал 5

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

 Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун вчера се сретна со секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, на кого му вети безусловна поддршка за рускиот став кон Украина и други меѓународни прашања, јави денеска КЦНА.

Ким Џонг Ун се сретна со Шојгу, вети безусловна поддршка за Русија

- Ким Џонг Ун потврди дека владата на Демократска Народна Република Кореја и во иднина безусловно ќе го поддржува ставот на Русија и нејзината надворешна политика, се наведува во извештајот.

Ким, наводно, рекол дека Северна Кореја одговорно ќе ги почитува одредбите од договорот меѓу двете земји. Двајцата функционери разговарале и за зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство и меѓусебната соработка во различни области.

Договорот беше потпишан за време на минатогодишната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Пјонгјанг и неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким, а вклучува и пакт за меѓусебна одбрана кој предвидува итна воена помош доколку која било страна биде изложена на вооружена агресија.

Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопј информира дека денеска ќе има прекини во снабдувањето со струја кај дел од корисниците во општините Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, а без вода ќе бидат делови од Кисела Вода и Центар.

Без струја дел од корисниците во Бутел, Аеродром и Чучер Сандево, без вода во Кисела Вода и Центар

Без електрична енергија денеска од 08.00 до 12.30 часот ќе бидат корисниците од улица „19“, Радишани, општина Бутел, од 08.00 до 15.30 часот, корисниците од ул.„Tодор Чангов“ 51,53 ул. „Ѓорѓи Карев“, ул.„Димитар Илиевски Мурато“, општина Аеродром, од 09.00 до 13.30 часот, дел од корисниците од село Бразда во близина на ресторан Рибилмус, општина Чучер Сандево, а од 13.00 до 14.00 часот, корисниците од улица „42“, Радишани, општина Бутел.

Како што информира РЦУК Скопје, поради уличен дефектиф 300 мм на ул.„Борис Трајковки“ бр.73, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Борис Трајковски“ краците 7, 9 и 11 и дел од ул.„Борис Трајковски“ од 09:00 часот до завршување, оопштина Кисела Вода. Без вода, поради уличен дефект ф 80 мм на ул.„Луј Пастер“ бр.3, ќе бидат корисниците на дел од ул.„Луј Пастер“ и дел од Кино Култура од 09:00 часот до завршување, општина Центар.

САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп ја продолжи испораката на одредени видови оружје за Украина, само една седмица по наредбата на Пентагон за привремено запирање на дел од испораките.

САД повторно испраќа оружје во Украина по еднонеделна пауза

Според двајца неименувани функционери од Белата куќа, новата испорака вклучува 155-милиметарски муниции и прецизно наведувани ракети. Тие не прецизираа колку оружје е испратено ниту дали веќе е пристигнато на целта. Не е јасно дали оваа пратка претставува долгорочна промена на американската политика.

Прекинот на испораките, наредена од секретарот за одбрана Пит Хегсет, се должи на загриженоста за намалени резерви во американските армиски магацини. Мешутоа, според извештај на Ци-Ен-Ен за тоа не знаел ни Трамп.

Прекинот на испораките се однесуваше и на ракетите „Патриот“, чија судбина сè уште не е разјаснета. Се работи за муниција вредна околу четири милиони долари, која неодамна имаше клучна улога во одбраната на американската база во Катар за време на нападот од Иран, како одмазда за американски напад врз ирански нуклеарни објекти.

Трамп во понеделникот изјави дека САД ќе продолжат со испораката на одбранбено оружје за Украина. Тој избегна да одговори на прашањето кој наредил пауза, но рече: „Ќе знам ако се донесе одлука. Најверојатно, јас би ја дал таа наредба, но сè уште не сум го направил тоа“.

Трамп, наводно, лично изразил незадоволство за тоа што прекинот бил лошо координиран со Белата куќа. Пентагон, пак, негира дека Хегсет делувал без претходна консултација со претседателот.

Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, САД ѝ испратија на Украина воена помош вредна повеќе од 67 милијарди долари.

Дебекл на Реал М: во полуфиналето на клупскиот Мундијал, ПСЖ противник на Челзи во финалето

Европскиот шампион ПСЖ и англискиот гигант Челзи  ќе одлучуваат за освојувачот на историската прва титула од Светското клупско фудбалско првенство. првенство

Дебекл на Реал М: во полуфиналето на клупскиот Мундијал, ПСЖ противник на Челзи во финалето

Актуелниот европски првак ПСЖ ќе му биде противник на Челзи во финалето на Светското клупско првенство, кое се одржува во Соединетите Американски Држави.

Францускиот тим синоќа во второто полуфинале го декласираше големиот Реал Мадрид со 4-0 (3-0), во натпревар на кој хрватскиот ветеран Лука Модриќ последен пат настапи за Кралскиот клуб.

Двоен стрелец во триумфот на ПСЖ беше Фабијан Руиз (6 и 24 минута), а по еден постигнаа Дембеле (9) и Рамос (88).

Ден претходно, Челзи го победи бразилски Флуминенсе со 2-0, со головите на Жоао Педро.

Финалето на Светското клупско првенство ќе се игра в недела со почеток во 21 часот по средноевропско време.

притисни ентер