Ким Џонг Ун отворен за разговори со САД, но без цел за разоружување - Канал 5

Ким Џонг Ун отворен за разговори со САД, но без цел за разоружување

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун сигнализираше дека, во принцип, е подготвен да одржи разговори со владата на САД, но само ако Вашингтон престане да бара нуклеарно разоружување на Пјонгјанг, јавија денеска државните медиуми.

Ким Џонг Ун отворен за разговори со САД, но без цел за разоружување

- Ако САД се откажат од апсурдната опсесија да нè денуклеаризираат … и сакаат вистинска мирољубива коегзистенција, нема причина да не седнеме со САД, рече Ким во говор во парламентот, пренесе ДПА.

Ким нагласи дека има „убави спомени“ од американскиот претседател Доналд Трамп, пренесе државната новинска агенција KCNA.

Севернокорејскиот лидер истакна дека неговата земја никогаш нема да се откаже од своето нуклеарно оружје и дека нема да биде под притисок од санкции.

- Светот веќе добро знае што прават САД откако ќе принудат една земја да се откаже од своето нуклеарно оружје и да се разоружа, рече тој.

За време на неговиот прв мандат, Трамп водеше неконвенционална политика кон Северна Кореја и се сретна со Ким неколку пати, со цел да обезбеди нуклеарно разоружување на Пјонгјанг.

Во август, Трамп ја истакна својата „многу добра“ врска со Ким, изразувајќи интерес за уште една средба со него.

Засега, американската влада се држи до својата цел за целосно нуклеарно разоружување на Северна Кореја.

Пјонгјанг продолжува да спроведува редовни ракетни тестирања и да ја унапредува својата нуклеарна програма, заложба што Ким Џонг Ун ја одржува и покрај тековните меѓународни санкции против земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис е во официјална посета на Софија.

Мицотакис во Софија на средба со Радев

Билатералните односи, како и теми од заемен интерес и од европската агенда, се очекува да бидат во фокусот на разговорите на Радев и Мицотакис во Софија, според официјалното соопштение од бугарската влада.

Посетата на Мицотакис на Софија е на покана на Радев, планирана е тет-а-тет средба на двајцата премиери, а потоа и состанок на делегациите на двете земји.

Како што информираа од кабинетот на грчкиот премиер, Мицотакис по средбата и заедничката прес-конференција, од Софија ќе замине за Тиват каде што ќе присуствува на вечера организирана од претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ за лидерите од ЕУ и земјите од Западен Балкан по повод националниот празник на земјата, а во пресрет на самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи утре.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Градежништвото останува еден од најсилните двигатели на домашната економија, што јасно го потврдуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика за првиот квартал од 2026 година.

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

Според државната статистика, градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година.

Овие бројки претставуваат силен показател за континуираната градежна активност низ целата држава, како и за успешната реализација на капиталните инвестиции кои се од клучно значење за економскиот развој.

Особено охрабрувачки е фактот што во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени. Овој сегмент ги опфаќа инвестициите во изградба на автопати, експресни патишта, регионални и локални патишта, како и железницата, кои Владата преку Министерството за транспорт ги реализира со високо ниво на посветеност и одговорност.

Растот во нискоградбата е директен резултат на засилените активности на терен и силната динамика со која се реализираат капиталните проекти.

Автопатиштата на Коридор 8 и 10 д, се градат со силна динамика, а паралелно со тоа се инвестира и во железничката инфраструктура, што претставуваат клучен сегмент за долгорочниот економски развој, регионалното поврзување и зголемувањето на конкурентноста на економијата.

Дополнително, Државниот завод за статистика објави дека стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2026 година изнесува 3,1 процент.

Овој резултат претставува јасен показател дека економијата расте, дека инвестициите даваат резултати и дека развојните политики на Владата создаваат реални ефекти во стопанството.

Резултатите што ги објави ДЗС, се потврда дека државата се движи во вистинска насока, градежништвото останува мотор на економскиот развој, а инфраструктурните проекти силно го поддржуваат растот, развојот и креираат подобра иднината на државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници

Предлог Извештајот на известувачот Вајц за Македонија помина во Комисијата за надворешни работи на ЕП, и кон крајот на јуни ке се најде и на пленарна седница на Европскиот парламент.

Во Комисијата за надворешни работи на ЕП изгласани 11 компромисни и два амандмани на бугарските европратеници

Изгласани се 11 компромисни амандани и два на бугарски европратеници, едниот од нив се однесува на историската комисија.

Усвоените амандмани европарламентот официјално ќе ги објави, по што ќе се знае дали мегу нив е и амандманоит на Вајц за вториот протокол со Бугарија.

Од Европскиот парламент соопштија дека ја реафирмираат поддршката за македонските евроинтеграции, но дека напредокот во преговорите зависи од трајни и длабоки реформи, не само за усвојување на потребните уставни амандмани.

Вајц во пишано соопштение информираше дека е задоволен од исходот, а нагласува и дека земјава направила важни реформски чекори и дека од клучна важност е да се продолжи со напорите и да остане силно посветена на евроинтегративниот пат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер