Ким Бeсинџер некогаш важеше за една од најубавите жени во светот, еве како изгледа денес - фото - Канал 5

Ким Бeсинџер некогаш важеше за една од најубавите жени во светот, еве како изгледа денес - фото

Актерката Ким Бесинџер (69) пред 40 години ја споредуваа со Мерлин Монро и Брижит Бардо. Еротскиот филм „Девет и пол недели“ во кој глумеше со Мики Рурк ја прослави и ја вивна на самиот врв најсексапилни актерки. 

Ким Бeсинџер некогаш важеше за една од најубавите жени во светот, еве како изгледа денес - фото

Како талентирана актерка таа се покажа и во филмовите „Бетмен“, додека епскиот филм „Доверливо од Л.А.“ ѝ донесе Оскар. Таа важеше за нереален, речиси недостижен идеал за убавина, талент и сексапил, и никој во тоа време не можеше ни да претпостави дека оваа позната дива наскоро ќе падне во заборав. Накратко се израдувавме кога во 2017 и 2018 година таа се појави во филмовите „Педесет нијанси сиво“, но тоа беше само кратко појавување.

Во текот на ’80-тите, актерката беше во брак со шминкерот Рон Сандер, а потоа беше во страствена врска со Ричард Гир, и токму во тоа време направи ризични деловни потези и изгуби огромна сума пари поради што прогласи банкрот. Најпознат е нејзиниот брак со актерот Алек Болдвин, кој траеше од 1993 до 2002 година, и во кој ја добија ќерката Ајрланд. Болдвин потоа се ожени со значително помлада инструкторка по фитнес со која доби седум деца.

Познатата актерка на Инстаграм ја следат 242.000 лица. Таа често објавува пејзажи и фотографии од младоста или фотографии од барем една деценија претходно. На нејзиниот профил, не може да се најде ниту една фотографија на која би можеле да видиме како изгледа Ким денес, па дури и се стекнува впечаток дека славната актерка се крие од светот.

Неодамна, познатата актерка направи исклучок и заедно со својот дечко Мич Стоун се појави на забава во еден стриптиз клуб организирана од нејзината ќерка Ајрланд по повод раѓањето на нејзиното бебе. Папараците нестрпливо чекаа пред клубот да се појави Ким Бесинџер. Славната актерка се појави облечена во темно син костум, црна кошула и црни оксфорд чевли.

Беше видливо дека Ким не одолеала на естетската хирургија, па иако е на прагот на 8-мата деценија таа нема ниту една брчка на лицето. Очите ѝ се видно смалени поради затегање на лицето, а јаболчиците премногу нагласени. Сите се согласија дека таа не е ни сенка од некогашната жена и дека спас побарала во пластичната хирургија, бидејќи уште од раната младост имаше големи психички проблеми.

Имено, актерката страда од агорафобија, или страв од отворен простор. Со текот на времето поради тоа развила панични напади и анксиозност, а згора на тоа од 2013 година таа одбива да зема лекови за нејзините нарушувања. Многумина едвај ја препознаа на тој настан и можеа да констатираат дека таа е слика и прилика на поранешниот филмски партнер Мики Рурк, кој исто така си го уништи лицето со бројните пластични операции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Stellantis“ го запира производството во француските фабрики поради недостиг на батерии

Мултинационалниот автомобилски гигант „Stellantis“ објави дека ќе го прекине производството во три француски фабрики во траење од најмалку една недела, делумно поради недостиг на батерии за електрични возила.

„Stellantis“ го запира производството во француските фабрики поради недостиг на батерии

Фабриката во Сошо, каде што се произведуваат моделите „Peugeot 3008“ и „Peugeot 5008“, ќе биде затворена од 23 до 30 октомври поради недостиг на батерии со голем досег, се наведува во соопштението на компанијата објавено во вторникот.

„Побарувачката за овие модели е многу голема, особено кај корпоративните клиенти, и постојано ги надминува капацитетите за снабдување“, соопштија од компанијата.

„Во овие услови, привремено го прилагодуваме распоредот на производство за да го усогласиме со потребите на пазарот и да избегнеме натрупување залихи на возила кои не одговараат на побарувачката на купувачите“, објаснија од „Stellantis“, додавајќи дека станува збор за еднократна мерка.

Фабриката во Рен, исто така, ќе биде затворена од 22 до 30 октомври од истата причина, при што ситуацијата делумно влијае врз производството на моделот „Citroën C5 Aircross“.

Недостиг на батерии

„Stellantis“ ги набавува батериите со голем досег од „Automotive Cells Co.“ (ACC), компанија основана во соработка со „Mercedes“ и „TotalEnergies“. „ACC“ управува со фабрика во Франција, но раководството ги откажа плановите за изградба на фабрики во Италија и Германија поради слабата побарувачка за електрични возила во последните години. Сепак, оваа година интересот на потрошувачите за електрични возила неочекувано порасна, поттикнат од високите цени на горивото по почетокот на војната. „За жал, сè уште не добиваме доволно батерии, и покрај значителниот напредок во производството на ACC“, изјави портпарол на „Stellantis“.

Само во септември, „ACC“ произведе речиси исто толку батериски модули колку што произведе во текот на целата претходна година, соопшти компанијата. „Го зголемуваме производството и процесот се одвива добро, во меѓувреме, ги исполнуваме обврските кон нашиот клиент „Stellantis“, при што нивоата на испорака на батерии се усогласени со нивните барања“, изјави портпарол на „ACC“ за Ројтерс.

„Stellantis“ објави дека производството во фабриката во Милуз, исто така, ќе биде прекинато од 15 до 30 октомври, додавајќи дека тој прекин не е поврзан со недостигот на батерии. Покрај трите фабрики во Франција, „Stellantis“ претходно веќе најави прекин на производството во траење од две недели во својата фабрика „Мирафиори“ во Торино кон крајот на октомври, при што раководството наведе дека работниците ќе бидат испратени на неплатено отсуство. Компанијата го запре производството во таа фабрика и во август и во септември, наведувајќи како причина недостиг на компоненти за мотори, иако синдикатите тогаш истакнаа дека побарувачката за моделот „Fiat 500“ – кој се произведува во „Мирафиори“ – била послаба од очекуваното.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка

Холивудската ѕвезда, актерот Антонио Бандерас предизвика внимание кога се појави на црвениот тепих со својата ќерка Стела, која ја има од врската со колешката Мелани Грифит.

Фото: Татко и ќерка заедно на црвениот тепих: Антонио Бандерас ја покажа својата наследничка

Познатиот Антонио Бандерас (66) се појави со својата ќерка Стела (30) на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, на светската премиера на филмот „Up Against It“ – нова драмска комедија во режија на Труди Стајлер. Филмот привлече бројни холивудски ѕвезди во Торонто, но токму таткото и ќерката го привлекоа целото внимание.

Стела изгледаше елегантно и софистицирано во тесен црн миди-фустан со асиметричен изрез и драпирани детали, додека позираше покрај својот татко.

„Up Against It“ го означува враќањето на Бандерас на филмот, откако во последните години беше силно ангажиран во театарот и во продукциската работа.

Појавувањето во Торонто се случи речиси една година откако Стела се омажи за Алекс Грушински на романтична церемонија во опатијата Абадија де Ретуерта во Ваљадолид, Шпанија.

„Се познаваат уште од четиригодишна возраст. На крајот на краиштата, тоа е многу долга врска, врска што трае 25 години“, изјави тогаш актерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа

Светската музичка ѕвезда, Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа: под црната тантела се гледаше апсолутно сè

Фото: Џенифер Лопез се потруди целиот Милано да се сврти по неа

Атрактивната Џенифер Лопез го воодушеви Милано во смела чипкана комбинација што го откриваше долниот веш, по ревијата на „Долче и Габана“.

Џенифер Лопез ја покажа својата смела модна страна во Милано, а со проѕирна чипкаста комбинација по модната ревија на „Долче и Габана“, таа едноставно не можеше да остане незабележана.

Актерката и пејачка Џенифер Лопез се погрижи сите погледи да бидат вперени во неа за време на нејзиниот престој во Милано.

За вечерното излегување по модната ревија на „Dolce & Gabbana“, таа избра смела комбинација. Пред фоторепортерите се појави во впечатлив комплет од црна тантела, кој поради проѕирниот материјал го откриваше нејзината долна облека.

Кројот што ја следеше линијата на нејзиното тело дополнително ја истакна силуетата на 57-годишната ѕвезда, додека длабокото деколте ѝ даде уште позаводлив шмек на целата комбинација. Преку чипката таа облече долг црн крзнен капут, со кој накратко ја покри провокативната комбинација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер