Други спортовиКик боксерот Ѓорѓиев освои златен медал на СП во ТурцијаМакедонската кик бокс репрезентација од Светското првенство во Анталија, Турција се враќа со еден златен медал. Димитар Ѓорѓиев е победник во категоријата на 74 кг. во кик лајт дисциплината, а со тоа златното момче од Светското првенство во Скопје 2011 година го повтори успехот. До златниот медал Ѓорѓиев дојде победувајќи ги натпреварувачите од Латвија, Молдавија и Турција. Во финалната борба Полскиот натпреварувач беше немоќен пред прецизните удари на Димитар и доминацијата низ сите три рунди. Златниот медал беше освоен со 3:0. Овој успех можеше да биде уште поголем, но спортската среќа не им беше наклонета на останатите членови на македонската репрезентација. Ненад Манојловски победи во борбите со натпреварувачи од Алжир и Бразил и стигна до борбата за бронзен медал, но за само еден поен остана без медал. Милан Кубин, Далибор Огнанов, Кристина Стојчевска и Стевка Јанковска победија во квалификациите, а понатаму само нијанси ги одалечија од медалите. Сите се пласирани меѓу првите осум во светот, а за точните позиции ќе се знае по објавување на официјалните резултати. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евраАвтопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години.За изградбата на автопатот, денеска во Владата договор потпишаа ЈП Државни Патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни Европски коридори - 8 и 10, што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираат од Владата. -Наскоро на целата територија на државата ќе се развиваат шест автопатски делници. Покрај оваа којашто треба да го поврзе главниот град со границата со Косово, односно Блаце, тука се и делницата којашто треба да ги поврзе и Тетово и Гостивар, Гостивар со местото Букојчани, го завршуваме делот од автопатот Кичево-Охрид, потоа Прилеп-Битола, и наскоро очекувам да биде завршена и процедурата којашто треба да го поврзе Букојчани со Кичево. Заедно со оваа автопатска делница, очекувам овие 6 автопатски делници во еден момент да се реализираат. Тоа ќе биде голема додадена вредност за македонската економија.- Христијан Мицкоски, претседател на Влада -Изградба на автопатско решение кое што треба да оди по Трансевропската рута 6 која ќе ги поврзе Скопје и Приштина и да продолжи понатака на Запад до Тирана и Драч и исто така северозападно да продолжи со поврзување со Бар преку што за Скопје се отвара уште едно пристаниште, уште една можност за трговија, бизнис и развој на туризмот.- Александар Николовски, министер за транспорт и врски Автопатот ќе го гради градежната компанија Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од Инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР, информираа од ЈПДП. -Парите за грантот се од рамката за инвестиции на ЕУ за Западен Балкан, грантот е 30,8 милиони евра а кредитот т.е заемот е 167,6 милиони евра (од ЕБОР). - Коце Трајановски, директор на ЈП Државни патишта -Горди сме што имаме 41 милион евра во грантови што вклучува 37 милиони евра за изградба и надзор и заедно со заемот од ЕБОР и националниот придонес, оваа инвестиција од повеќе од 235 милиони евра е еден од најважните проекти за транспорт на земјата.- Михалис Рокас, амбасадор на ЕУ во Македонија Со целосната изградба на овој автопат значително ќе се намали и времето на патување од Скопје до Црна Гора, но и целокупно значително ќе ја подобри и регионалната поврзаност на Западен Балкан, посочи евроамбасадорот во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаЛишен од слобода велешанец поради предизвикување пожар во Долно ОризариНа 05.07.2026 во 15:20 часот во село Долно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода А.О.(61) од Велес. Тој се сомничи дека околу 14:25 часот на место викано „Свилара“ во атар на село Долно Оризари, запалил сува трева во својот овоштарник и предизвикал пожар кој зафатил нива, помошна просторија, бандера и инвентар од викенд куќа, сопственост на 42-годишната М.Т од Велес. При обид да го изгасне пожарот, А.О се здобил со повреди. Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. А.О. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: Долно Оризари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМВР: Го пуштивме во употреба „Безбеден град“ – проект што спасува животи и гради побезбедна иднина„Безбеден град“ е проект за кој долго се зборуваше, а ние го реализиравме. Денес тој претставува еден од најважните механизми за модернизација на полициското работење и заштита на животите на граѓаните.Резултатите веќе го потврдуваат тоа. Во периодот од февруари до јуни оваа година, бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди е намален за 40% – од 55 жртви во истиот период минатата година, на 34 оваа година. Од почетокот на примената на системот се евидентирани над 130.000 сообраќајни прекршоци, а повеќе од 95% од нив се однесуваат на пречекорување на дозволената брзина. Тоа јасно покажува дека најголемата опасност на нашите патишта не се камерите – туку неодговорното возење. Продолжуваме со неговата имплементација низ целата држава, затоа што нашата цел не е да изрекуваме повеќе казни, туку да имаме помалку сообраќајни несреќи, помалку изгубени животи и побезбедни патишта за сите. „Безбеден град“ е технологија што спасува животи. Безбедноста нема алтернатива.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПотпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07