МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница
2МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница
ЖивотKијосаки предупредува: „Вештачката интелигенција ќе ги отпушти и најпаметните“Вештачката интелигенција многу брзо го зазеде своето место во светот на бизнисот, а сосема е сигурно дека ќе донесе и нови промени!Познатиот автор на книгата „Богат татко, сиромашен татко“, Роберт Киосаки, предупреди дека светот влегува во нова ера на несигурност, каде што вештачката интелигенција ќе ги замени дури и најпаметните работници, особено оние кои се потпираат исклучиво на формалното образование. – Вештачката интелигенција ќе отпушти многу паметни студенти. Освен тоа, многумина од нив сè уште имаат студентски долгови. Тоа е темпирана бомба – напиша Киосаки на социјалните мрежи, упатувајќи апел до луѓето да се разбудат и да не станат жртви на моментот во кој живееме. Како и многу пати досега, потсети на својата животна филозофија – дека е важно да се размислува поинаку и да се инвестира во знаење кое не се учи во училиштата. – Го игнорирав советот на мојот „сиромашен татко“ да одам на училиште, да завршам факултет и да најдам стабилна работа. Наместо тоа, го послушав мојот „богат татко“ – станав претприемач, вложував во недвижности, го користев долгот како алатка и штедев не лажни, туку вистински пари – злато, сребро и денес Биткоин – напиша Киосаки. Инвестирајте во себе додека сè уште имате време За сите кои се чувствуваат несигурно пред брзите промени кои ги носи технологијата, Киосаки има едноставен и директен совет: – Инвестирајте во себе, размислувајте со своја глава. Ова не се обични времиња – пренесува Блиц Бизнис. Со години наназад, Киосаки истакнува дека развивањето на финансиска интелигенција е клучно за лична слобода и независност. Според него, сè помалку можеме да се потпираме на традиционалните системи – образовен, пензиски или банкарски – и токму затоа е клучно луѓето да научат како да управуваат со сопствените пари, имот и иднина. Тагови: вештачката интелигенција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија48 годишниот пејач кој беше застрелан на влезот на Арачиново е во стабилна состојба48 годишниот пејач кој беше хоспитализиран по повреда од огнено оружје е во стабилна сосотојба велат од Грдска болница за Канал 5. Во план е да се прави втора интервенција кај него велат од таму.Од министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во 01 часот и 50 минути наутро, во СВР Скопје било пријавено од здравствената установа „Свети Наум Охридски“ дека кај нив е донесено лице со иницијали А.М од Скопје.Според полицијата настанот се случил на влезот на Арачиново , откако од возило едно лице кое го познавало , а било во придружба со друго лице со огнено оружје пукало кон него . Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот .Тагови: Арачиново Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерницаПоранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, во раните утрински часови се пријавил кај македонските власти по што бил уапсен информираат од министерството за внатрешни работи. Бајрами беше во бегство од 2024 година.Од министерството за внатрешни работи информираат дека утрово во 5 часот и 35 минути ,на граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил 33 годишниот Бајрами које баран со меѓународна потерница. Тој бил лишен од слобода и спроведен во казнено поправната установа -Скопје. Бајрами е обвининет во кривичниот процес во врска со наводното незаконско работење на Државна лотарија, заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој исто така беше во бегство и исто така самиот се предаде на полицијата. МВР против Бајрами и Груби распишаа меѓународна потерница во декември 2024 година откако Кривичниот суд им определи мерка притвор од 30 дена, но тие не беа достапни за органите на прогонот. Груби се предаде во февруари годинава на граничниот премин Блаце, на македонско-косовската граница и беше во притвор, што подоцна беше заменет со куќен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЉупчо Ристовски во „Вести плус“ Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Љупчо Ристовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook