Киев со експересен одговор по посетата на Путин на Курск

Началникот на Генералштабот на украинската армија Олександар Сирски денеска изјави дека продолжуваат борбите во предградијата на градот Сузда во областа Курск во Русија и дека руските војници се обидуваат да ги потиснат украинските.

Сирски

Тој нагласи дека намерата на руската војска е да ги премести борбите во границите на Украина и нагласи дека украинската армија ќе се бори во руската област Курск „колку што е потребно“, пренесе Ројтерс.

Претходно рускиот заменик-министер за одбрана Валериј Герасимов изјави дека Русија ослободила повеќе од 1.100 квадратни километри во областа Курск и нагласи дека „плановите на Киев во таа област пропаднале“.

„Украинските сили се опколени во областа Курск“, рече Герасимов, додавајќи дека украинската армија претрпела големи загуби.

На состанокот одржан на едно од командните пунктови на руската армија одговорна за регионот Курск, рускиот претседател Владимир Путин предложи формирање безбедносна зона долж државната граница.

Тој рече дека руските војници треба да го „победат непријателот“ во областа Курск и целосно да го ослободат регионот, додавајќи дека војниците заробени во Курск ќе бидат третирани како терористи.

Трамп: Мислам дека Русија сака крај на војната, но можно е да одолговлекува

Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор – вели американскиот претседател Доналд Трамп прашан за тридневната шатл дипломатија во Саудиска Арабија и договорот за примирје во Црното Море меѓу САД, Русија и Украина. 

Трамп: Мислам дека Русија сака крај на војната, но можно е да одолговлекува

Постигнатиот договор предвидува сигурна пловидба на трговски бродови кои не смеат да се користат за воени цели, како и воздржување од употреба на сила. Белата Куќа исто така објави и дека по преговорите САД ќе помогне да се врати рускиот пристап до светскиот пазар за земјоделски производи и ѓубрива. Сепак, и покрај умерениот скептицизам, Трамп изрази надеж дека и Русија и Украина би сакале да стават крај на војната.

-Mислам дека Русија сака да го види крајот (на војната) но, можно е да одолговлекува. Сум го правел и јас тоа низ годините, не сум сакал да потпишам договор, знаете сакам да останам во играта, но можеби не сакам да го направам тоа, не сум сигурен. Но, мислам дека Русија би сакал да се стави крај (на војната) и мислам дека Зеленски би сакал да заврши во овој момент. - Доналд Трамп – Претседател на САД

Сепак, Русија останува скептична, а министерот за надворешни работи Сергеј Лавров инсистира дека само директна наредба од Вашингтон може да гарантира усогласеност на Киев. Во меѓувреме, украинскиот претседател Зеленски ја потврди посветеноста на Киев, но предупреди дека ако има нови воени активности во Црното море, тогаш неговата земја ќе преземе дополнителни мерки.

-Како Русија ќе се однесува во наредните денови ќе открие многу, ако не и сè. Ако повторно има предупредувања за воздушен напад, ако има обновени воени активности во Црното Море, ако продолжат руските манипулации и закани - тогаш ќе треба да се преземат нови мерки, особено против Москва.- Володимир Зеленски – Претседател на Украина

-Ќе ни бидат потребни јасни гаранции, и можеби ќе има гаранции, земајќи ги предвид тажните искуства од договорите со Киев. Гаранциите би можеле да се остварат само со директна наредба од Вашингтон кон Зеленски и неговиот тим да го направат тоа и тоа и никако поинаку. И мислам дека нашите американски партнери го примија тој наш сигнал. - Сергеј Лавров – Министер за надворешни работи

Во меѓувреме, Зеленски вечерва ќе се сретне со неговиот француски колега Макрон во Париз, во пресрет на самитот посветен за Украина.

МАНУ со едноминутно молчење за настраданите во Кочани го почна годишното собрание

Во МАНУ академиците никогаш не се прашувале за нивната етничка припадност, вели Попов.

МАНУ со едноминутно молчење за настраданите во Кочани го почна годишното собрание

„Партизацијата во институциите и децениското невладеење на правото и коруптивноста на системот доведоа до девастирана држава со нефункционални институции“, изјави претседателот на МАНУ Живко Попов на денешното годишно собрание, кое почна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите во несреќата во Кочани

Во овие моменти на длабока тага, сепак, има и нешто светло, а тоа е навремената и компетентна реакција на здравствениот систем и државните институции, пред се МВР и јавното обвинителство, кои покажаа дека во тешки, кризни моменти сепак имаат капацитет да реагираат соодветно, истакна Попов. Првиот човек на МАНУ најави повеќе приоритетни проекти во повеќе сфери а најави и конкурс за нови членови на академијата, според универзално признати критериуми. Тој ги повика заинтересираните кандидати од сите етнички заедници да се пријават.

Врие во Филхармонија поради изборот на новиот директор, Љутков тврди дека е согаласно закон

Поставувањето на Мустафа Имери за нов директор на македонска Филхармонија ги револтираше вработените во оваа културна установа.

Врие во Филхармонија поради изборот на новиот директор, Љутков тврди дека е согаласно закон

Од Синдикатот на Филхармонија се гневни затоа што како што велат, Имери е политички договор на власта. Најавуваат и кривична одговорноста против министерот за култура Љутков.

-Непочитувањето на системот и законите и носењето погрешни одлуки во минатото веќе не чинеа прескапо. Вработените во Македонска филхармонија нема да дозволат најстарата институција во културата и бастион на класичната музика во нашата земја да биде уште една жртва на трулиот државен систем без вредности кој не почитува закони и промовира непрофесионалност. - Синдикат на Филхармонија

Во следниот период вработените велат дека ќе преземат поригорозни чекори.

-После концертот „Без зборови“ кој има хуманитарен карактер за настраданите од Кочани и е закажан за во четврток, вработените во Филхармонија заминуваат на бојкот. Веќе од наредниот период планираат и протести

Министерот Љутков пак за Канал 5 тврди дека конкурсот бил транспарентен, додавајќи дека Имери е компетентен за директорската функција.

Во изминатиот период, вработените во Филхармонија неколкупати протестираа пред Министерството за култура, револтирани против промените во нивната институција.

притисни ентер