Киднапирањето кај Смилковското Езеро оди на повторно судење

Апелацискиот суд ја укина пресудата со која четворица скопјани обвинети за киднапирање не 47-годишна жена беа осудени на казна затвор од по пет и шест години. Судот лоцирал суштествени повреди во првостепената пресуда.

Повторно ќе им се суди на четворицата скопјани меѓу кои и полицаец обвинети дека киднапирале и малтретирале 47-годишна жителка на Ченто.

Апелациониот суд ја укинал пресудата со која во јули им беа изречени затворски казни од по 6 и од 5 години. Според информации од судот, апелационите судии лоцирале суштествени повреди во првостепената пресуда која ја карактеризирале како неразбирлива, нејасна и противречна.

Адвокатот на оштетената се уште не ја добил одлуката на апелација.

Скопјанката побара и оштета од обвинетите од три милиони денари но, за ова Кривичниот суд ќе одлучува откако пресудата ќе стане правосилна.

Обвинетите беа уапсени на 13-ти април годинава. МВР соопшти дека ја киднапирале од домот и ја однеле во близина на Смилковското Езеро за да ја принудат да потпише нотарска изјава дека ќе им го врати долгот. За време на судскиот процес тие негираа дека ја грабнале. Се бранеа дека не ја допреле со прст и дека сама се согласила да дојде со нив и да потпише на нотар дека ќе го врати 10-те илјади евра што му го должела на еден од обвинетите за неплатени сметки и други долгови додека живеела во неговиот стан под кирија.

Трендот на земање едно гласачко ливче присутен и на дел од избирачките места во Скопје

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав .

Македонија избира Шеф на дражвата, претседател на Владата и нов пратенички состав – граѓаните излегоа да го остварат своето право на глас – но не секој од нив се одлучи да земе од двете избирачки ливчиња.

Екипи на Канал 5 од рано утринава беа во обиколка на неколку избирачки места, во општина Центар, Чaир....

Oд она што го забележавме на терен, иако имаше граѓани кои гласаа за двата вида на избори, имаше и граѓани кои го остварија своето право на глас, но одбраа да гласаат само за парламантарните избори.

„Само едни, да ти кажам право само парламентарни, а за претседател тешко да има сега..“

„Да за давата...и за парламентарни и за претседателски...“

„И едно и друго, само да даде господ нешто малце да се смени...“

Велат надеж за подборо утре имаат, но не очекуваат некој поголеми промени.

„Дај бог да има нешто да биде подобро....“

„Сигурно ќе биде нешто подобро мора да имаме некоја вера. “

„Па вајда некој промени нешто подобро....“

„Би сакала луѓето да бидат слободни и да ги остварат своите права....“

Согласно новите насоки од Државната изборна комисија на денешните двојни избори од страна на членовите на Избирачкиот одбор на граѓаните им се поставува прашањето „Дали сакаат да гласаат за двата вида избори, или само за парламентарни или претседателски“.

-Ќе гласате и за парламентарни и за претседателски избори – ДА.

А дека имало реакции од граѓани посочија и дел од претседателите на некој од избирачките места, велат добиле поплаки дека прашањето го чувствувале како притисок.

„Имаше неколку прашуваа го чувствуваа тоа како притисок, но бидејќи е тоа насока од ДИК им објаснувавме и се поминува во ред потоа.“-изјави Лазар Јованов – Претседател на Избирачко место 2683.

Сите 3 480 избирчаки места во земајва беа отворени навреме.

За вториот круг од претседателските избори да биде успешен, односно да се избере претседател, потребно е на гласање да излезат најмалку 40% од вкупниот број на запишани избирачи.

Паника во британско село: Среде бара се појави голем крокодил

Приказните како оваа обично не доаѓаат од Велика Британија, особено не од руралните места како Челсбери во Бакингемшир.

По поплавите, мештаните ја алармирале полицијата и пријавиле неверојатна работа - крокодил демне во езерцето!

На местото на настанот веднаш пристигнале патроли и затекнале необична глетка, пренесува Метро.

Главата на опасен предатор ѕиркала од водата, но тоа била пластична играчка! Навистина, изгледала крајно реално, па не е чудно што владеела паника кај локалното население.

Детската играчка (во природна големина) била отстранета од езерцето, а останува мистерија кој и зошто ја оставил таму. Може да е нечија шега...

Надлежните го објавија необичниот случај.

„Не секој ден добиваме пријава за крокодил во поплавениот Челсбери. Не грижете се, Кроко е со нас во полициската станица“.

ДИК: Да се почитува правото на глас, да се прашаат гласачите за кои избори ќе гласаат

На прес конференција , потпретседателката на Државната комисија, Дитмире Шеху,  ги замоли членовите на изборните органи да се придржуваат кон сите правила и членови од Изборниот законик.

Од ДИК ги опоменуваат членовите на гласачките одбори задолжително да ги прашуваат гласачите дали ќе гласаат за претседателски или за парламентарни избори и тоа да го прават кон секој избирач.

Во спротивно се соочуваат со три години затвор.

притисни ентер