САД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработка
1САД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработка
Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
2Дали „Tesla“ конечно ќе го претстави „Roadster“? Пристигнува нов датум придружен со мистериозна порака
КултураКичево од денес е град на културатаДенес го означуваме почетокот на културната мисија на Кичево како Град на културата за 2026 година. Ова не е само титула, туку е признание за културната зрелост, истрајноста и творечката енергија што овој град ги носи со децении, рече министерот за култура и туризам Зоран Љутков на свеченоста која се одржи во салата на советот на општина Кичево по повод отворањето на манифестацијата „Кичево – град на културата за 2026. До крајот на годината во Кичево ќе се организираат над 150 настани, концерти, претстави изложби на локални и реномирани уметници. Во обраќањето пред претставници на културни институции и невладини организации, министерот Љутков посочи дека реализација на програмските активности, Министерството за култура и туризам обезбеди четири милиони денари за да се истакне и поддржи квалитетна и разновидна програма која во целост ќе го истакне културниот потенцијал на градот. - Во текот на 2026 година, Кичево ќе прерасне во целогодишна културна сцена, која достоинствено ќе ги открие богатото културно и историско наследство, мултикултурната традиција и живата современа творечка енергија. Градот ќе ја отвори својата душа преку разновидна програма, исполнета со фестивали на традиционална и модерна музика, театарски изведби и гостувања, изложби и мултимедијални проекти, книжевни настани и поетски читања, филмски вечери и едукативни работилници, рече Љутков. Градоначалникот на општина Кичево, Александар Јованоски посочи дека одлуката на Министерството е признание за богато културно наследство, за традицијата што со векови се пренесува и признание за современата креативна енергија што денес пулсира во Кичево. - Кичево отсекогаш било раскрсница на култури, јазици и традиции. Град во кој различностите не разделуваат, туку збогатуваат. Град во кој песната, играта, театарот, литературата и уметноста се дел од секојдневието. Денес, со гордост можеме да кажеме дека Кичево е чувар на минатото, и создавач на иднината, рече градоначалникот Јованоски. За манифестацијата „Кичево – град на културата за 2026 година“ превидени се околу десет милиони денари од кои четири милиони се поддршка на Министерството, а останатиот дел се од буџетот на општината. Од првата недела на март кога ќе гостува ансамблот на Драмски театар па до крајот на годината Кичево ќе биде сцена на бројни фестивали, изложби, концерти, театарски претстави, литературни вечери и културни настани кои ќе ги обединат локалните творци со уметници од целата држава и од странство. На свеченоста на младиот пијанист Лука Лазарески му беше врачена плакета за неговиот придонес во културата и промоцијата на Кичево. Мистерот Љутков посетата на Кичево ја искористи за средби со преставници на институциите од културата во градот и поразговара за нивните потреби и активностите кои се спроведуваат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МакедонијаСАД најавуваат нов пристап кон Балканот: Крај за „градењето“ држави, приоритет на економската соработкаПод администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон.Под администрацијата на Трамп, САД веќе нема да се ангажираат за „градење“ држави на Балканот, туку ќе се посветат на стабилноста и безбедноста, одржување позитивни односи и економска соработка, порача Даниел Лотон, заменик помошник државен секретар во чија надлежност е Балканот, кој сведочеше пред Комитетот за надворешни работи на американскиот Претставнички Дом при што официјално ја претстави стратегијата на администрацијата на Трамп за Западен Балкан. „Ерата на надворешно наметнато градење држави е завршена“, изјави Лотон во своето обраќање пред конгресмените. Зборувајќи за секоја држава посебно и Македонија доби конкретно место во новата американска слика за регионот. Се очекува Македонија да биде клучна држава за изградбата на транс-балкански гасовод за транспорт на американски гас од Грција. -Македонија реално е на пат да го постигне договореното ниво на инвестиции во одбраната како НАТО членка и да ја подобри нашата одбранбена соработка. Стратешкиот дијалог меѓу САД и Македонија се одржа во април и притоа беше реафирмирана подготвеноста на двете земји да работат заедно на унапредување на овие стратегиски линии, пишува во подготвената изјава на заменик помошник секретарот Лотон доставена до комитетот на Конгресот. Фокусот на расправата во Конгресот најмногу беше за случувањата и односите на САД со Србија, Босна и Херцеговина и Косово. Повеќе конгресмени се фокусираа и за претстојните избори во Србија закажани за во октомври и нејзините односи со САД, Русија и ЕУ, како и, како што беше посочено, кинеското влијание таму. Лотон ги посочи Русија и Кина како ривали што претставуваат закана за американските интереси на Балканот, но посочи дека САД немаат намера да му го препуштат регионот на геополитичкото влијание на Москва и Пекинг. -Тесно соработуваме со нашите НАТО сојузници, Албанија, Црна Гора и С. Македонија за нашите заеднички безбедносни цели како да се справиме со транснационалните криминални организации. Можам да ви кажам дека ние секако имаме геополитички ривали особено Кина и Русија кои претставуваат ризик за стабилноста на Западен Балкан. Затоа сакаме позитивни односи во целиот регион со сите земји во Западен Балкан да се поттикне стабилноста која е во интерес на сите нас. Во однос на Европската Унија, ние не заземаме став за членство, тоа е одлука што самите земји од Западен Балкан треба да ја донесат во соработка со Унијата, изјави Лотон. Лотон ги повика Приштина и Белград да избегнуваат провокации и да се вратат на директен дијалог, поздравувајќи го напредокот постигнат преку Стратешкиот дијалог со Србија, како и инфраструктурните и енергетските партнерства со Македонија и Црна Гора.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБура реакции во Косово и Албанија по изречените пресуди во Хаг, реагираше и Ахмети Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството Солзи, свирежи, жестоки скандирања против Хаг и пцовки на „сметка“ на Србија – градскиот плоштад во Приштина одекна од незадоволството од неколкуте стотици насобрани кои дојдоа заеднички да ги слушнат пресудите на ХАГ за четворицата лидери на УЧК кои добија вкупно 81 година затвор. „Срби, Срби – да ви го е.. племето.“ Според насобраните, ваквата пресуда е неправедна, наведувајќи дека борбата против Србија била ослободителна. Откако ги слушнаа пресудите се упатија по градските улици, а скандирањата продолжија пред просториите на цивилната мисија во Косово - ЕУЛЕКС, кои се под силно полициско обезбедување. Набргу по пресудата се огласија и косовските власти. Министерот за надворешни работи на Косово – Коњуфца од Хаг порача дека епилогот е ужасен за државата и нејзиниот народ. Казните ги оцени како драконски, велејќи дека и Србија во отсуство им пресудила помалку на четворицата. Екс – в.д. премиерот пак Хоцај смета дека е најцрн ден за Косово од, како што вели, ослободувањето. -Ужасна пресуда, за Косово, за нашиот народ, за нашата ослободителни војна. Луѓето на Косово тоа го искусија самите. Знаете каква беше војната на ОВК, и ние знаеме дека тука немаше никаков криминален механизам со кој се наштети на населението. Не може да се пронајде ниту еден програм, не може да се пронајде ниту намера кај ОВК која судот ја тврди. -- Гљаук Коњуфца – Министер за надворешни на Косово. -Денов ќе остане секогаш запаметен во историјата на албанците, во срцата на граѓаните на Косово, и тоа што се случи денеска е најцрниот ден кој го имале албанските граѓани од ослободувањето,- -Енвер Хоџај – потпреседател на косовскиот парламент. Пораки за поддршка и осуда на пресудата пристигна и од албанскиот премиер Еди Рама, кој со една фотографија на социјалните мрежи ја нарече срамна. Реагираше и лидерот на ДУИ – Али Ахмети, исходот го нарече разочарувачки и најави борба во понатамошната судска постапка. -Денешната одлука против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими ја сметам за неправедна и длабоко разочарувачка. Во овие тешки моменти повикувам на зрелост и единство. Не смееме да паднеме во замката на оние кои се обидуваат да создадат тензии, поделби или да фрлат дамка врз ослободителната војна на народот на Косово,- Али Ахмети – ДУИ. Косовската полиција вели дека била максимално подготвена, без разлика дали исходот ќе доведел до славје или револт. Оперативен план, уверуваат, е спроведен на територијата на целата држава, а не само во Приштина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
БалканСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затворПоранешниот косовски претседател и еден од екс командантите на ОВК, Хашим Тачи, е прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на единствена казна од 25 години затвор. Специјализираниот Суд во Хаг донесе идентична казна од 25 години за Јакуп Красниќи, додека Кадри Весели е осуден на 18, а Реџеп Селими на 13 години затвор, сите поранешни лидери на ОВК. Со ова, Судот во Хаг ја изрече првостепената пресуда во најголемиот судски процеси поврзани со војната во Косово. Судот ги прогласи за виновни за воени злосторства, но ги ослободи од шесте точки од обвинението за злосторства против човештвото, оценувајќи дека обвинителството не докажало постоење на широко распространет или систематски напад врз цивилното население. Тачи беше прогласен за виновен за четири точки за воени злосторства, односно незаконско и произволно апсење и притворање, сурово постапување, тортура и убиство. „Господине Тачи, ве молам станете. Во име на народот на Косово, по разгледувањето на сите докази и врз основа на членовите 43 и 44 од Законот, Судскиот совет ве прогласува за виновен по точка 3 за противправно лишување од слобода на најмалку 385 лица, по точка 5 за сурово постапување како воено злосторство врз најмалку 49 лица, по точка 7 за мачење како воено злосторство врз најмалку 303 лица и за убиство како воено злосторство на 96 лица“, изјави– Судијата Чарлс Смит. Според пресудите одговорноста на четворицата осудени е индивидуална, но тие дејствувале заедно за да постигнат заедничка криминална цел. Судскиот совет утврди и дека злосторствата биле сериозни и географски распространети низ цело Косово и северна Албанија а меѓу жртвите имало Албанци, Срби и Роми. При одредувањето на казните, Судот како отежнителна околност ја ценел злоупотребата на положбата и авторитетот на обвинетите. Кај Весели, кој е осуден на 18 години затвор, пак како олеснителни околности биле земени предвид неговото примерно однесување во текот на постапката и доброволното предавање. За Селими, кој доби 13 години затвор, Судот ги зел предвид неговата соработка со Специјализираното обвинителство и доброволното предавање. Кај Јакуп Красниќи, кој е осуден на 25 години затвор, Судот како олеснителни околности ги ценел неговата поодмината возраст и примерното однесување во текот на постапката. Додека судијата ги соопштуваше затворските казни, пред зградата на Судот во Хаг владееше хаос и тензична атмосфера. Приврзаници на ОВК кои од вчера пристигнуваа од повеќе европски земји, пред Судот почнаа да се спротиставуваат со полицијата и каде неколку од демонстрантите беа лишени од слобода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСпецијализираниот суд Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00Мицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00