ЖивотКибер просторот стана водечка арена за влијание, мешање и шпионажаСпоред француската парламентарна Комисија за разузнавање Кибер просторот стана водечка арена за влијание, мешање и шпионажа.Русија во моментов ја предводи листата на земји директно инволвирани во разузнавачки активности и странско мешање во Европа, по која следуваат Кина, Турција и Иран, но водечката позиција на Москва во блиска иднина би можела да биде преземена од страна на Пекинг кој на терен има околу 250.000 агенти, се наведува во извештај на Комисијата за разузнавање на францускиот Парламент. - Постои високо ниво на закани од странско мешање во овој тензичен меѓународен контекст, се наведува во извештајот на Комисијата, која е одговорна за надзор на работата на разузнавачките служби. Според Комисијата, ваквото „високо ниво на закана од странско мешање“ се должи на „радикалната промена во геополитичкиот контекст“ во светски рамки, но и на „дигиталниот и технолошки напредок“, која овозможи кибер просторот да стане „водечка арена за конфронтација“ меѓу државите и за ширење на влијание, мешање и шпионажа. Во извештајот се посочува дека Русија е единствената држава која „манипулирањето со информации го воспоставила како своја официјална доктрина со цел да го ослабне Западот“, особено поврзано со мешање и обиди за влијание врз изборните процеси. - Руската закана во моментов е значително најголема, но на среден рок, за околу десет години, несомнено најголема ќе стане кинеската закана, која е глобална и системска, се додава во извештајот. Во документот се посочува дека разузнавачката служба на Кина располага со 250.000 агенти, а дополнителен проблем е тоа што според кинеското законодавство „секој кинески државјанин е потенцијален шпион, бидејќи за попречување на разузнавачки активности им се предвидени санкции“. Значајна улога во стратегијата за мешање на Кина има и кинеската дијаспора инструментализирана преку мрежата на институции под директна контрола од Кинеската комунистичка партија, позната како „Обединет фронт“, која ги контролира најголемиот број медиуми на кинески јазик во странство. Според Комисијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, специфичноста на разузнавачките активности на Кина лежи во поврзувањето на економското и научно-образовното влијание и шпионажата, што се манифестира преку инвестирање во стратешки сектори, како енергијата и транспортот, но и финансиска поддршка на високообразовни институции низ Европа. Во извештајот се нагласува дека главна причина за „ранливоста“ на Европа на странско влијание е „наивноста“ на избраните претставници и високи државни службеници, но и на бизнис и академските кругови, кои „не се доволно свесни за опасноста“. - Овие странски сили ја користат наивност и занемарувањето што одамна преовладуваат во Европа... но, враќањето на војната на нашиот континент доведе до колективно сфаќање за потребата да го заштитиме нашиот суверенитет, се наведува во документот. Комисијата предлага иницирање на систематски кампањи за подигање на свеста на националните и локалните избрани претставници, бизнисмените и академската заедница за опасноста од странското влијание. - Неопходно е да се браниме од такво мешање и да развиеме контраразузнавачки алатки кои се компатибилни со почитување на нашите демократски вредности, се додава во документот, во која како едно од можните решенија се предлага усвојување на европско законодавство за регистрација на странски агенти, по примерот на законот во САД. Натаму се предлага „воведување на обврзувачки правни инструменти придружени со систем на санкции за да се стави крај на неказнивоста“ на кампањите за дестабилизација и ширење дезинформации што потекнуваат од странство, при што како добар пример се посочува Кодексот на ЕУ за справување со дезинформациите на интернет. Во документот се повикува и на зајакнување на „европскиот механизам за кибер безбедност, со човечки и финансиски ресурси согласно предизвиците“, како и да се обезбеди гаранција дека „сигурноста на стратешките инфраструктури не зависи од странски технологии“. Дополнително се предлага ЕУ да иницира постигнување „меѓународен договор за кибер безбедност“, но и да се обезбеди ефикасна координација меѓу сојузниците во „дефинирањето на стратешко партнерство помеѓу различните актери и структурите на ЕУ и земјите членки“. - Затоа, повеќе од кога било, потребна ни е јавна дебата за демократски одговор на странското мешање, се заклучува во извештајот, во која се повикува француската Влада додека чека заеднички европски одговор, самата да преземе мерки за справување со овој феномен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаЧилиманов: Себеси може да се лажете, народот не! Собраниската архива сведочи!Почитувани дами и господа од власта, себеси може да се лажете, но народот не можете! На 1 април 2025 година ЛДП првпат го поднесе Предлог-законот за воведување електронски нараквици за следење на сторителите на семејно насилство. Предлогот беше одбиен! А потоа следуваа трагедии. Зад секој датум стои човечки живот, вели Илија Чилиманов, истакнат правник и член на ИО на ЛДП. - 3 МАЈ 2025 – РАМАЈАНА АСАН. Само 32 дена по првото одбивање на предлогот на ЛДП. - 15 СЕПТЕМВРИ 2025 – РОСИЦА КОЦЕВА. 167 дена, односно 5 месеци и 14 дена по одбивањето. - 2 МАРТ 2026 – ИВАНА И КАТЈА. 335 дена по првото одбивање. - НОЕМВРИ 2026 – БИЛЈАНА КИРИЌ. 581 ден по првото одбивање, сметано до 3 ноември. Ова не се само имиња и бројки, додава Чилиманов, ова се човечки животи! „Ова се трагедии што отвораат страшни прашања за пропустите на системот и за тоа колку жени можеле да добијат дополнителна заштита доколку институциите реагирале навреме“, посочува Чилиманов. На 5 март 2026 година ЛДП повторно го поднесе Предлог-законот, а на 18 март тој повторно беше одбиен во Собранието! Во меѓувреме, во собраниската документација се појавува предлог поднесен од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ на 26 август 2026 година. Но, предлог поднесен од пратеници не е исто што и предлог поднесен од МВР! „Согласно член 72 од Деловникот на Собранието, материјалите доставени во првите пет работни дена се разгледуваат во тековниот месец. Предлогот од 26 август бил доставен по тој рок, што го отвора прашањето зошто не бил ставен на разгледување во септември. Билјана беше убиена во ноември. ШТО ЧЕКАВТЕ?! И сега се обидувате да ја убедите јавноста дека вие први сте го предложиле решението? Собраниската архива има датуми, документи и предлагачи. Со политички изјави не можете да ја избришете хронологијата“, вели Чилиманов во својата изјава. Решението што го предлага ЛДП е јасно, конкретно и применливо - предлагаме 24-ЧАСОВЕН ЕЛЕКТРОНСКИ МОНИТОРИНГ НА НАСИЛНИЦИТЕ, со следење на нивното движење, автоматски аларм при прекршување на забраната за приближување од 100 метри до жртвата и известување на надлежните институции, вклучително и МВР, кои треба веднаш да постапат. „Во случаи со висок ризик, електронската нараквица треба да биде задолжителна. Жртвата, доколку сака, ќе добие посебен уред за предупредување. Системот ќе алармира и при обид за отстранување на нараквицата или губење на сигналот. Значи, не предлагаме само нараквица! Предлагаме систем за непрекинато следење, предупредување и институционална реакција, со една единствена цел – ДА СЕ ЗАШТИТИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТ“, нагласува Чилиманов. Ниту една мерка не може да гарантира стопроцентна заштита, но тоа не е оправдување државата да не ги воведе механизмите што можат да спречат насилство. Росица, Рамајана, Ивана, Катја и Билјана не смеат да бидат заборавени! „Совеста не се пере со прес-конференции, ниту институционалните пропусти се бришат со политички оправдувања. Јавноста заслужува вистина. Жртвите заслужуваат правда. Одговорните за докажаните пропусти мора да понесат одговорност! БАРАМЕ ОДГОВОРИ, ОДГОВОРНОСТ и итно усвојување на законот“, заклучува Илија Чилиманов во своето обраќање. Тагови: Чилиманов Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалДимитриевски: Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуацијаСтоле Димитриевски за ВАР одлуката за пенал.“Ја собрав топката, не можам да исчезнам во таква ситуација. Ние никогаш не би добиле таков пенал”, изјави македонскиот голман Столе Димитриевски по поразот од Шкотска (1-2) во Глазгов во рамки на Лигата на нациите. Тагови: Столе Димитриевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКако настанала „коњската сила“?Иако моќноста на моторот кај современите автомобили официјално се изразува во киловати (kW), коњските сили (hp) сè уште се користат во секојдневната употреба. Но, зошто?Кон крајот на 18 век, шкотскиот пронаоѓач Џејмс Ват создал нова, поефикасна парна машина. За да ги стави своите подобрувања во контекст што е попријателски кон луѓето, Ват сметал дека споредувањето на неговиот мотор со моќта на коњ ќе им помогне на клиентите да ја разберат вредноста на неговиот нов изум, пишува Ревијахак. Ват работел со коњи во рудник за јаглен. Тој проценил дека просечното животно може да помести 100 килограми јаглен на растојание од 30 метри за една минута. Од друга страна, тој пресметал дека неговата парна машина може да ја изврши истата работа како десет коњи, и затоа тврдел дека има десет коњски сили. Ова значело дека неговиот мотор во суштина може да помести 1.000 килограми, низ рударско окно, 30 метри секоја минута. Ова добро резонирало кај клиентите, а тврдењата на Ват за перформансите на моторот формираа основа за споредба со машините на конкурентските инженери. Наскоро сите почнуваат да ја користат единицата коњски сили, како груба проценка дефинирана на начин што би бил разбирлив за обичните луѓе. И токму благодарение на Џејмс Ват денес ја имаме мерната единица дефинирана во Меѓународниот систем на единици (SI) - „ват“. За да се конвертира 1 kW (киловат) во коњски сили, потребно е да се помножи со 1,35962. Извор: Б92Тагови: коњски сили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter