Киану Ривс падна на колена во знак на почит кон своите фанови (ВИДЕО) - Канал 5

Киану Ривс падна на колена во знак на почит кон своите фанови (ВИДЕО)

Добро познат факт е дека Кијану Ривс е еден од најљубезните холивудски актери.

Киану Ривс падна на колена во знак на почит кон своите фанови (ВИДЕО)

Освен што знае да позира со обожавателите, тој е познат и по своето големо срце и понизност, што уште еднаш го докажа.

Актерот неодамна се појави на панелот Comic Con Experience (CCE) каде го промовираше новото продолжение на Џон Вик, а неговото доаѓање предизвика бурни овации кај публиката. Кијану беше видно трогнат од реакцијата на фановите и клекна да ѝ се поклони на публиката, а видеото стана вирално на социјалните мрежи.

Во еден момент се слуша како една обожавателка му вика на актерот дека го сака, а Киану подоцна во интервју за Estadão изјави дека реакцијата на публиката е неверојатна и „многу посебна“.

YouTube video

„Луѓето овде се многу љубезни и дарежливи. Навистина е кул што го сакаат Џон Вик. Навистина го ценам тоа. CCE е неверојатен, беше подобро отколку што можев да замислам“.

Покрај тоа што повторно ги воодушеви фановите, актерот за време на гостувањето откри кој филм му бил најтежок за снимање. Новото продолжение на Џон Вик ќе пристигне во март следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Најмалку 490 илјади руски војници загинале од почетокот на војната во Украина пред речиси пет години.

„BBC“ открива протечени руски податоци: Околу половина милион руски војници загинале во Украина

Протечените податоци од руската агенција за статистика РОССТАТ откриваат како целосната инвазија фундаментално ги променила моделите на смртност во Русија и ја покажуваат високата човечка цена на војната за која Путин претпоставуваше дека ќе трае само неколку дена, објавува Би-Би-Си.

Медиумот имал пристап до 11,7 милиони записи за смртни случаи, наводно откриени по хакерски напад од белоруска и украинска група.

Податоците покажуваат дека околу 116.000 загинале само во областа Покровск, каде што се водеше една од најкрвави битки во војната.

Записите на „РОССТАТ“ анализирани од „Гардијан“ покажуваат дека војната постојано станувала сè посмртоносна, достигнувајќи драматичен врв во пролетта лани, кога руската армија губела по 700 луѓе дневно..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Две финансиски друштва добија забрана во времетраење од 30 дена да одобруваат т.н. Брзи кредити, откако Министерството за финансии утврдило неправилности при вонреден надзор над нивното работење.

Две финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредити

Покрај привремената забрана, на друштвата им се изречени и парични казни согласно законските прописи. Од министерството информираат дека контролите биле спроведени во изминатите три месеци, постапувајќи по пријави и претставки од граѓани.

Надлежните најавуваат дека контролите ќе продолжат, со посебен фокус на заштитата на граѓаните кои користат финансиски услуги, особено кредитите што ги нудат финансиските друштва.

Од јули 2024 година досега, министерството за финансии изрекло повеќе мерки во рамки на надзорот над финансиските друштва. На четири друштва им биле одземени дозволите за работа, три биле привремено затворени, а 18 финансиски друштва добиле парични казни во вкупен износ од околу 49.400 евра. Дополнително, биле издадени и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

До Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.

ОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повреда

Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата.

По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер