1Д-р: Даниловски: Вирусот западен нил активно циркулира, се наоѓаме во период на засилена трансмисија
Шоу бизКиану Ривс на премиерата на новиот филм позираше со партнерката Александра (ФОТО)Актерската ѕвезда Киану Ривс (60) се појави на премиерата на Sonic the Hedgehog 3 во театарот TCL во Лос Анџелес.Киану ја има една од главните улоги во филмот, заедно со Џим Кери. На премиерата ја однел својата девојка Александра Грант (51). Заљубената двојка позирале на црвениот тепих и не ги симнувале погледите еден од друг. Александра носеше црн фустан до подот со детали со светки, додека Киану костум. Претходно актерот присуствуваше на премиерата на филмот во Лондон без својата девојка. Грант и Ривс ретко се појавуваат заедно на јавни настани, но кога се појавуваат, со задоволство позираат на црвениот тепих. Тие позираа заедно за прв пат во 2019 година. Двајцата се блиски по возраст и соработуваа на книгата Ода на среќата од 2011 година, напишана од Ривс и илустрирана од Грант. Со текот на годините нивното пријателство се претвори во романса, но не сакаат јавно да зборуваат за својата љубов. Еднаш Грант беше прашана како е да се биде во врска со некој толку познат како Киану и дали е потешко да се оди на црвениот тепих со или без него. "Добрата работа во заљубувањето како возрасен е тоа што градиш своја кариера пред да започне врската. Така ми беше. Се чувствувам многу самоуверено во мојата врска, се чувствувам самоуверено на црвениот тепих и во пар и сама“, изјави таа за списанието People. Вели дека се голема мотивација еден за друг. Александра е уметник и филантроп од Лос Анџелес која изложувала низ целиот свет. Родена во Охајо, таа е уметник откако дипломирала на колеџот Свартмор во 1994 година. Таа е позната по тоа што користи говор и јазик во својата работа и соработува со писатели во создавањето на скулптури, фотографии, цртежи и видео дела. Така се запознала со Киану, кој освен што снима филмови, се интересира и за поезија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКапитенот на Тотенхем заминува во МадридКапитенот на Тотенхем го најавува заминувањето, оди кај Симеоне во Мадрид за 40 милиони евра .Кристијан Ромеро синоќа потврди дека го напушта англискиот премиерлигаш Тотенхем по пет сезони поминати во лондонскиот клуб. Аргентинскиот централен дефанзивец го објави своето заминување преку проштална порака, а неговиот трансфер во Атлетико Мадрид сега чека само официјална потврда. Тотенхем и Атлетико постигнаа договор вреден приближно 40 милиони евра, при што англискиот клуб ќе добие и 15 проценти од евентуална идна продажба. Ромеро имаше договор со Тотенхем до 2029 година, но гласините за неговото заминување кружеа во текот на целото лето, а Атлетико беше неговата посакувана дестинација. Аргентинскиот интернационалец одигра 124 натпревари и постигна 12 гола за Тотенхем во текот на пет сезони. Минатата сезона ја носеше капитенската лента, а сега заминува за да соработува со својот сонародник, Диего Симеоне. Интерес за него покажаа и Интер и Арсенал, но Атлетико беше клубот што на крајот го реализираше трансферот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет Маж извлечен од урнатите четири дена по земјотресот во КолумбијаВо Колумбија маж е извлечен од урнатите четири дена по силниот земјотрес. Мажот бил пронајден под урнатините на хотел во градот Переј-Ра, што претставува редок зрак надеж по потресот од 7,4 степени кој ја погоди земјата и однесе најмалку 280 животи.. Околу 400 луѓе и натаму се водат како исчезнати. Земјотресот што ја погоди колумбија во понеделникот наутро, со епицентар во Сан Хозе Дел Палмар во покраината Чоко, урна повеќе станбени блокови и оштети куќи, училишта и болници низ западот на земјата..Тагови: земјотрес Колумбија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНајголемиот пожар во историјата регистриран во Белгија, ЕУ испраќа помошЗемјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата.Земјите-членки на ЕУ испратија три хеликоптери и два авиона за гаснење пожари за да ѝ помогнат на Белгија во справувањето со пожар во источниот дел на земјата, изјави европскиот комесар за управување со кризи, откако белгиските власти побараа итни засилувања за да го стават под контрола најголемиот пожар што ја погодил земјата во последните неколку децении. Огнот го зафати „От Фан“ (Hautes Fagnes), најголемиот белгиски природен резерват, каде што пожарот беснее уште од петокот. Локалните пожарникари, земјоделците и ангажираните воени сили се обидуваат да го спречат ширењето на пожарот. Според извештаите на локалните медиуми, кои се повикуваат на податоци од гувернерот на провинцијата Лиеж, до денес попладне изгореле околу 1.600 хектари. Ова е најголемиот пожар регистриран во Белгија досега – кој го надминува дури и пожарот од 2011 година, кога изгореа речиси 1.400 хектари – според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21