Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
2Хасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитници
3Силвестер Сталоне за децениската кавга со Арнолд Шварценегер, со кого сега се побратими: Јас сум идиот
Шоу бизКиану Ривс го прашаа што би им порачал на младите актери, не очекувале безобразен одговор Киану Ривс, ѕвездата на „Џон Вик“, по повеќе од 30 години во Холивуд, каде што се здоби со слава во раните дваесетти години, има многу корисни совети за секој што се надева дека ќе успее во актерскиот свет.Во едно неодамнешно интервју, тој го сподели своето искрено мислење за тоа што е најважно за младите актери. Ривс зборуваше за тоа за време на промоцијата на неговиот нов филм „Отход“, заедно со неговите колеги Камерон Дијаз и Мет Бомер. Неочекуван одговор „Обидете се да не бидете е*ан кретен“, му рече тој отворено на Кин. „Работете ја вашата работа и почитувајте ги луѓето со кои работите, сè додека не докажат дека не ја заслужуваат вашата почит“. Неговата колешка Камерон Дијаз се согласи, додавајќи дека тоа е совет што важи и надвор од филмската индустрија. „Да. Тоа е животот“, забележа таа духовито. Осврнувајќи се на сопственото искуство во Холивуд, актерката позната по улогата во „Чарлиевите ангели“ нагласи дека не постои прирачник за тоа како да се стане познат. „Мора да поминеш низ тоа сам, не знаеш што те чека“, објасни таа. „Исто така е важно да им се обратиш на луѓето што ги почитуваш, да видиш како се справуваат со тоа и да побараш совет од нив.“ Мет Бомер продолжи со совети за важноста на градењето заедница во конкурентна индустрија. „Би рекол, ако имаш среќа, опкружи се со пријатели и ако можеш, задржи ги оние што те познавале претходно. Тие навистина можат да те приземјат и ќе бидат тука за тебе во добро и лошо, низ сите подеми и падови“, рече Бомер. Соединување по 30 години Нивниот заеднички филм „Отход“, во режија на Џона Хил, го следи актерот Риф Хок (Ривс), кој е принуден да ги исправи грешките од минатото поради уцена. Филмот, кој пристигнува на Apple TV+ на 10 април, е исто така соединување на Киану и Камерон, кои играа вљубен пар во филмот од 1996 година „Чувствувајќи ја Минесота“. Ѕвездата од „Сите се луди за Мери“ објасни како овој пат се чувствувала многу побезбедно на снимањето со Кијану. „Ова не беше само мој четврти филм, па се чувствував поспособна и поискусна отколку тогаш. Чест ми е што повторно работам со Киану, како што работев пред 30 години. Навистина сум благодарна за можноста“, рече таа. „Тој е исто толку дарежлив, присутен и добар човек, ништо не се променило“, додаде таа. Од друга страна, Киану рече дека повторното обединување со Камерон му изгледало исто како во деведесеттите. „Беше како: „Ајде да работиме, да си играме, да дадеме се од себе“. Чувствував дека е целосно посветена, без разлика дали станува збор за ваш четврти филм или не“, рече Киану.Тагови: Киану Ривс актерите Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамПретставен е првиот сериски автомобил што официјално ја проби границата од 500км/час (ВИДЕО)Додека култните брендови Ferrari и Lamborghini објавија дека повеќе немаат намера да се натпреваруваат во максимална брзина, кинеските производители не покажуваат знаци на забавување. Електричниот хиперавтомобил Yangwang U9 Xtreme достигна брзина од 503,17 км/ч и со тоа постави нов светски рекорд за сериски автомобили. Овој резултат е важен не само затоа што U9X сега е најбрзиот автомобил во светот. Јангванг сè уште го држеше рекордот, кој го постави во 2025 година со брзина од 496,22 км/ч. Потоа го надмина Bugatti Chiron Super Sport 300+, чија максимална брзина беше 490,48 км/ч. Новиот потфат е особено значаен затоа што U9X е првиот сериски автомобил во историјата што официјално ја сруши границата од 500 км/ч. Достигнувањето е уште поголемо затоа што е постигнато на јавен пат. Рекордно возењето беше извршено на затворен дел од автопатот E11 во Абу Даби, со германскиот тркачки возач Марк Басенг зад воланот. BYD обезбеди ексклузивен пристап до делница од патот долга 10 километри за таа пригода. Од нив, седум километри беа погодни за обидот за рекорд, а работниците темелно го проверуваа секој сантиметар од асфалтот за да ги отстранат сите остатоци и пустинскиот песок. Yangwang е луксузен бренд на компанијата BYD, а моделот U9 Xtreme ја црпи својата енергија од четири електрични мотори кои заедно развиваат 3019 КС. Верзијата Xtreme користи електричен систем од 1200 волти, за разлика од стандардниот модел U9 кој работи на 800 волти. Исто така е опремена со прилагодена верзија на батеријата Blade на BYD. Подготовки за рекордот и уништениот прототип Тимот на Yangwang не успеа веднаш да достигне 503 км/ч. Денот претходно, тие направија две возења во кои U9 достигна брзина од 490 км/ч. Инженерите потоа работеа цела ноќ за да ја доведат батеријата и моторите до оптимална температура и да го фино подесат аголот на задниот спојлер. Тие исто така го прилагодија амортизирањето на суспензијата за подобро справување со нерамнините на патот и го прилагодија притисокот во гумите за максимална стабилност. Модификациите се исплатија следниот ден. U9X стана првиот сериски автомобил кој доби сертификат за брзина од над 500 км/ч, подвиг кој беше потврден и од судија на Гинисовата книга на рекорди. Тоа беше и првпат да се постави рекорд за брзина на јавен пат од 2017 година, кога Koenigsegg Agera RS достигна 446,97 км/ч на дел од државниот автопат во Невада. Јангванг освои уште три рекорди: за најбрз електричен сериски автомобил, најбрза гума за електрично возило и најбрза гума за пат. U9X користи специјални „полу-слик“ гуми развиени од компанијата Giti Tire со седиште во Сингапур. Сепак, во периодот помеѓу постигнувањето на рекордот и официјалното објавување, од Кина протекоа снимки од друг модел на U9 Xtreme. Автомобилот целосно се распадна додека се обидуваше да достигне максимална брзина на тест патека во Кина. BYD не кажа колку брзо се движело возилото кога ја изгубило контролата или што точно ја предизвикало несреќата. Силата на ударот во заштитната ограда го уништи хиперавтомобилот, оставајќи го недопрен само централниот монокок од јаглеродни влакна во кој се наоѓаше возачот. Возачот не беше сериозно повреден во несреќата.Тагови: автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПоповиќ: Мицкоски е во паника, клопчето за Алта банка се одмотува, следува одговорностМицкоски е уплашен и во паника затоа што вистината за Алта банка излегува на виделина. Клопчето се одмотува, а тој се плаши од одговорноста.Затоа се заканува на СДСМ. Затоа од владина говорница му нарачува на Обвинителството кого да гони и за кое дело. Тоа е начинот на кој функционира организираната криминална група ВМРО. Ја обвинува СДСМ за ширење паника. Како шириме паника кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Шириме паника и во Европа, во Црна Гора и во Србија каде се постапува против оваа банка и се спречува? Или всушност во паника е Мицкоски затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија. Кога веќе се повикува на Кривичниот законик, го потсетуваме Мицкоски на членот 368-а, кој се однесува на „попречување на правдата“. Ставот 5 предвидува затвор од една до десет години за влијание со сила, сериозна закана или корист врз обвинител, судија или друго наведено лице, за постапување спротивно на неговите должности и овластувања, или за спречување во вршењето на тие дејствија. Тоа го прави Мицкоски со наредбите на обивнителство и заканите кон опозицијата. Ја попречува правдата. Исто како неговиот ментор - Вучуиќ. Се е копи-пасте. Видовме во Србија како се руши сега како кула од карти, како се апси, се поднесуваат кривични пријави. Од вистината нема бегање. Во последниот Извештај на Европската комисија јасно е нотиран политичкиот притисок врз правосудството. Извештајот на ЕК има директна врска со Савески. За почеток, ако сака да го поправи, мора да престане да му крева на Мицкоски на телефон, да престане да прима нарачки од Собранието и од телевизиските настапи и да почне да си ја работи работата за која положи заклетва оред народот, а не пред ВМРО. Не одредува Мицкоски каде смее, а каде не смее да истражува обвинителството во врска со Алта банка. Има закон, има обвинителство и суд. Тие мора да одлучуваат, да делуваат, да обезбедат правда. За Алта банка мора да има независна истрага и одговорност за сите за кои ќе се утврди дека го прекршиле законот. Почнувајќи од Мицкоски, Славевски и Кочовска па потоа сите по ред. Дадовте заклетва пред граѓаните!, рече Наташа Поповиќ, членка на Извршен одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
МакедонијаХасан: Бетон Герасимовски го допре дното, ја преименува ,,Феникс“ и не додели награди на лица кои комисијата ги избра за добитнициИако СДС е познат по лаги и местенки, овој пат го допре дното.Бетон Герасимовски, исклучително поради лични интереси и себепромоција, во целост ја засрами Општина Центар и доделувањето на јубилејните награди „Феникс“. Веројатно со намера да доделува престижни награди, онака како што самиот проценил дека треба, Бетон Герасимовски им доделува награди на луѓе кои не ја добиле довербата од комисијата, која пак, е формирана токму со таа цел - да избере кој ќе добие награда. Герасимовски и СДС одлучуваат „од ракав“ , и тоа на начин познат само за нив, правејќи го тоа на штета на имиџот на сите инволвирани, но и на грбот на двајца млади луѓе. На Ана Петковска Николовска, избрана поради достигнувања во воспитувањето и образованието, како и на Марин Поповски, избран за достигнувањата во спортот, градоначалникот Герасимовски не им додели награди, иако комисијата ги избрала за добитници. Ама затоа му додели награда на Тодор Тасевски, кој со 4 гласа од комисијата, за жал, не го достигнал прагот од најмалку 5 гласа. Дека се ова е вистина ќе ви ја покажам сликата која истото го докажува, од гласањето на комисијата за доделување на наградата Феникс. Бетон Герасимовски, во обид да се испере од некомпетентните и неуспешните обиди за себепромоција, потона уште подлабоко. Па така, наместо јубилејна награда „Феникс“, на социјалните мрежи се предомисли и го преименуваше наградите во „50 години Општина Центар“, иако евидентно доделуваше статуетки во форма на феникс. Почитувани, Бетон Герасимовски не само што се посрамоти себеси и Општина Центар, туку и ги посрамоти и кандидатите, но и добитниците на оваа награда. Го посрамоти секој еден што учествуваше на церемонијата за доделување на наградите, затоа што одлуката воопшто не е одобрена од Советот. Поради некомпетентност, брзоплетост и очаен обид за себепромоција, им го наруши угледот на угледни луѓе од Општината. Прашање е како сега Герасимовски ќе му објасни на Тодор Тасевски зошто му доделил статуетка кога неговото име воопшто не е наведено во предлог-одлуката, која пак допрва треба да се најде пред Советот на Општина Центар. Секој има право да биде избран за оваа престижна награда, но на начин кој му доликува на Центар, легален и достоинствен, рече Сузан Хасан, член на ОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter